Авантурите на малата Ѓурѓица
Авантурите на малата Ѓурѓица — роман за деца и млади на македонската писателка Ката Мисиркова-Руменова, првобитно издаден во 1997 година.
Автор | Ката Мисиркова-Руменова |
---|---|
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Жанр | роман за деца и млади |
Издавач | Ѓурѓа |
Издадена | 1997 |
Медиум | печатено издание |
Страници | 96 |
ISBN | 9989-920-88-5 |
Содржина
уреди- Внимание: Овој дел од статијата обелоденува содржина на книгата.
Романот започнува со обраќање на авторката до читателите, кажувајќи го својот порив зошто пишува токму авантуристички роман. Затоа што тоа е желба на секое дете, да чита роман со авантури. Исто така, авторката во воведната забелешка кажува и дека е посветен токму на Ѓурѓица. А зошто, остава секој читател да ја открие сам тајната. Со јас раскажувачот, Ѓурѓица, во романот се следи животот на малото девојче кое е фасцинирано од раскажувањето на дедото Кољо, морепловец и авантурист, кој сега како стар човек работи како чувар на овоштарникот кај таткото на малата Ѓурѓица. Таа од него ја добива желбата да запише авантури и да патува во својата фантазија во најдалечните предели. Ова е топол роман за сите радости и недоумици и стравови кои ги живеат децата во текот на растењето и созревањето. [1]
Изданија
уреди- Книгата првобитно е издадена во 1997 година.
- Во 2006 книгата е издадена како второ издание на издавачката куќа Ѓурѓа. Книгата е со димензии од 20 сантиметри и има 96 страници. Книгата е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски, Скопје со ISBN број со 9989-920-88-5.[2]
Наводи
уредиПоврзано
уредиПредлошка:Ката Мисиркова-Руменова