Дневникот на Доне
„Дневникот на Доне“ — Меѓусебно поврзани раскази за деца на македонската писателка Ката Мисиркова-Руменоваво издание на Наша книга, едиција сликовници, од 2002 година.
Автор | Ката Мисиркова-Руменова |
---|---|
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Жанр | раскази |
Издавач | Наша книга |
Издадена | 2002 |
Медиум | печатено издание |
ISBN | 9989-47-085-5 |
Содржина
уреди„Дневникот на Доне“ е збирка поврзани раскази за животот на малиот Доне од неговото раѓање до тригодишна возраст. Дневникот започнува на 3 октомври 1976, кога е најголемиот празник на дедото, денот кога му се родил првиот внук. Секој нареден расказ е поврзан со случки од животот на малиот Доне, преку кои најмладиот читател се запознава со животот на новороденчињата, првиот, вториот се до третиот роденден. Во меѓувреме тука е бањањето, паркот и прошетките низ него, недоразбирањата и првите зборови и смешните случки од животот на Доне.
Изданија
уредиПрвото издание е во 2002 година од издавачката куќа „Наша книга“, Скопје [1]
Осврт кон делото
уредиВо ова свое кратко книгиче, Ката Мисиркова-Руменова, на шармантен начин успева да се пробие до срцето на најмаладите претшколски читатели кои имаат безброј прашања за тоа како се раѓаат бебињата и кој пат од болницата до дома, кој е нивниот светоглед во првите три години од животот. Слично на неа години потоа Оливера Ќорвезироска ќе го напише и својот роман за деца „Кифличката Мирна“ , кој влегува во изборната лектирна програма за трето одделение, третирајќи ја истава тема.