Википедија:Викитури

Викитури ― проект започнат во септември 2020 година од страна на здружението на граѓани Споделено знаење. Проектот има за цел да се посетуваат градови и да се организираат уредувачки настани за да се пишува месна содржина општо поврзана за посетениот град и да се фотографираат позначајни места и градби од тоа место.

Тетово

уреди

На 16 септември, редот му беше на Тетово. Работилницата ја одрживме во просториите на ИРЗ Македонија во периодот од 11 до 15 часот. Имавме учество од три учесници, имено од двајца членови на Здружението „Бранко Чајка“ и едно лице од тетовскиот Инфо центар за Шар Планина на планинарскиот клуб Љуботен. 25 фотографии од енциклопедиска вредност беа направени (центарот на Тетово, Факултетот за уметности, Библиотеката „Кочо Рацин“, споменици, Центарот за култура „Иљо Антески - Смок“, подрачната зграда на ОУ „Братство-Миѓени“, Луна паркот, Жена паркот, Автобуската станица Тетово). За нашата активност бевме и медиумски покриени од тетовските интернет и телевизиски медиуми. Дополнително на 19 и 20 септември, напоредно со направените фотографии за енциклопедиска употреба, беа создадени пет статии и подобрени две статии.

Опфатени статии на работилницата

Бр. Корисник Статија
1. Katica999
2. LEVKINSO
3. Dandarmkd

Поединечни опфатени статии на 19-20 септември

Бр. Корисник Статија
1. Dandarmkd
Галерија
Галерија од енциклопедиска употреба
Галерија од уредувачкиот настан

Свети Николе

уреди

На 7 октомври во седиштето на Општина Свети Николе ја одржавме втората „Викитура Свети Николе“. Таа работилница вклучуваше пишување статии општо поврзани со градот Свети Николе. Заедно со пишувањето, беа направени и енциклопедиски фотографии од активистите на Споделено знаење. Беа создадени седум статии, а две беа подобрени. Пет слики од енциклопедиска употреба беа поставени на Ризницата.

Опфатени статии на работилницата

Бр. Корисник Статија
1. Viktorija Velkova
2. Киноверзум
3. Sofija0812
4. Nikoletka19
5. Unikatunikat
6. Panajotova996
7. Anabela Nik 2002
8. Slagana Madzova

Поединечни опфатени статии на 13-14 октомври

Бр. Корисник Статија
1. Dandarmkd
Галерија од енциклопедиска употреба
Галерија од уредувачкиот настан

Куманово

уреди
 
Тројцата од четири учесници во средиштето на Куманово.
 
Уредувачката сесија на 6 декември.
 
Објавена статија за време на сесијата на 6 декември.

На 25 ноември четири лица (Dandarmkd, Професор 18+, Dragana Niseva, Damjana112) од Скопје се упатија кон градот Куманово. Целта беше да се фотографираат различни значајни места и згради на Куманово како што се улици, административни установи, училишта, спортски зданија, храмови, споменици, земјишни облици итн. 152 слики од енциклопедиска употреба беа закачени на Ризницата.

На 6 декември започнале уредничките зафати од двајца уредници и биле создадени две статии, подобрени две статии и една предлошка. На 9 декември еден корисник создаде седум статии, а подобри три статии. Три дена подоцна, истиот корисник создаде две и подобри осум статии. На 15 декември, две создадени статии и една подобрена статија беа покриени од две лица. На 19 декември, последниот учесник уреди 2 нови статии. На 21 и 22 декември бил сторен последниот уредувачки потфат со создавање на три и подобрување на две статии од страна на еден учесник односно уредувач.

Галерија

Поединечни опфатени статии на 6 декември

Бр. Корисник Статија
1. Професор 18+
2. Dandarmkd
  1. Предлошка:Куманово (П)
  2. Бедиње (П)
  3. Регионален пат 2133 (П)
  4. Библиотека „Тане Георгиевски“ (П)
  5. Голема џамија (Куманово) (Н)
  6. ЈУДГ „Ангел Шајче“ - објект „Кокиче“ (Н)
  7. ЈУДГ „Ангел Шајче“ - објект „Развигорче“ (Н)
  8. ЈУДГ „Ангел Шајче“ - објект „Синоличка“ (Н)
  9. Општина Куманово (П)
  10. Куќа на ул. „Моша Пијаде“ бр. 138 (Куманово) (Н)
  11. УОМО „Панче Пешев“ - Куманово (Н)
  12. Факултет за бизнис администрација (Куманово) (Н)
  13. Липковска Река (П)
  14. Македонка, споменик на Револуцијата (Н)
  15. Културно наследство на Македонија во Општина Куманово (П)
  16. ЈЗУ Општа болница - Куманово (Н)
  17. Основен суд Куманово (П)
  18. ДСТУ „Наце Буѓони“ - Куманово (П)
  19. ОУ „11 Октомври“ - Куманово (П)
  20. ОУ „Браќа Миладиновци“ - Куманово (П)
  21. ОУ „Крсте Петков Мисирков“ - Куманово (П)
  22. ОУ „Толи Зордумис“ - Куманово (П)
  23. Плоштад „Јосип Броз Тито“ (Куманово) (П)
  24. Центар за култура „Трајко Прокопиев“ - Куманово (Н)
  25. Спортски комплекс Соколана (Н)
  26. Стадион Башкими 1947 (Н)
  27. Гимназија „Гоце Делчев“ - Куманово (П)
  28. Црква „Св. Петка“ - Куманово (Н)
  29. Куманово (П)
3. Dragana Niseva
4. Damjana112

Кочани

уреди
 
Учесниците Софија и Драгана.
 
Драгана и координаторот Никола.

На 24 август, група од тројца успеаа да го посетат Кочани и непосредното соседно Оризари. Тогаш беа фотографирани преку 30 различни места како што се управни, здравствени и образовни установи, храмови, спортски и рекреативни зданија, историски градби, превозни станици, и останато. 162 фотографии од енциклопедиски карактер беа поставени на Ризницата.


Галерија од Кочани
Галерија од Оризари
 
Работилницата на 20 септември.
 
Работилницата на 20 септември.
 
Работилницата на 20 септември.
 
Работилницата на 20 септември.
 
Работилницата на 20 септември.

На 18 септември две статии беа подобрени. Следниот ден беа создадени три статии, а беше подобрени две статии. На 20 септември имаше мала работилница во која беа вклучени координаторот Никола, Драгана и Софија. Тогаш координаторот подобри две статии, додека останатите двајца создадоа по три статии. На 22-ри, три статии беа создадени од Никола. Три дена подоцна, четири статии беа создадени, додека четири беа подобрени. На 27ми, пет статии беа подобрени. Утредента, 1 статија беше подобрена. На 29ти, четири статии беа подобрени и три беа создадени.

Поединечни опфатени статии на 18-29 септември

Бр. Корисник Статија
1. Dandarmkd
  1. Кочани (П)
  2. Оризари (Кочанско) (П)
  3. Црква „Св. Преображение“ - Кочани (Н)
  4. Црква „Св. Благовештение“ - Кочани (Н)
  5. Црква „Св. Атанасиј“ - Оризари (П)
  6. Центар за култура „Бели мугри“ - Кочани (Н)
  7. СОУ „Ѓошо Викентиев“ - Кочани (П)
  8. СУ „Љупчо Сантов“ - Кочани (П)
  9. Стадион Никола Мантов (П)
  10. Автобуска станица Кочани (Н)
  11. Подрачна библиотека „Искра“ (Оризари) (Н)
  12. Градски пазар (Кочани) (Н)
  13. ЈУДГ „Павлина Велјанова“ - објект „Сончогледи“ (Н)
  14. ЈУДГ „Павлина Велјанова“ - објект „Кокичиња“ (Н)
  15. Драчевик (населба) (Н)
  16. Дуди Ханум џамија (П)
  17. Евангелско-методистичка црква (Кочани) (Н)
  18. ЖС „Кочани“ (П)
  19. Кочански кули (П)
  20. Саат-кула (Кочани) (П)
  21. Кочанска Река (П)
  22. ОМУ „Ристо Јуруков“ - Кочани (П)
  23. Општа болница - Кочани (П)
  24. Оризарска Река (П)
  25. Основен суд Кочани (П)
  26. ОУ „Кирил и Методиј“ - Кочани (П)
  27. ОУ „Никола Карев“ - Кочани (П)
  28. ОУ „Крсте Петков Мисирков“ - Оризари (П)
  29. ОУ „Малина Попиванова“ - Кочани (П)
  30. ОУ „Раде Кратовче“ - Кочани (П)
  31. Параклис „Св. Димитриј“ - Кочани (Н)
  32. Парк на Револуцијата (Кочани) (Н)
  33. Спомен-дом „АСНОМ“ (Кочани) (Н)
2. Dragana Niseva
33. Veniso

Дебар Маало

уреди
 
Темков и координаторот Никола.

На 23 ноември, група од двајца успеаа да го разгледаат и истражат Дебар Маало во Скопје. Тогаш беа фотографирани преку 30 различни места како што се управни и образовни установи, културни центри, историски градби, споменици, и останато. 121 фотографија од енциклопедиски карактер беше поставена на Ризницата.


Извадок од галеријата
 
Работилницата на 7 декември.
 
Работилницата на 7 декември.
 
Работилницата на 7 декември.

На 4 декември беше подобрена една статија. На 7 декември Никола и Мартин создадоа 15 статии. На 14 декември Никола подобри 1 статија.

Поединечни опфатени статии на 4 и 7 декември

Бр. Корисник Статија
1. Dandarmkd
  1. Дебар Маало (П)
  2. Зграда на бул. „Илинден“ бр. 41 (Скопје) (Н)
  3. Зграда на бул. „Илинден“ бр. 63 (Скопје) (Н)
  4. Зграда на бул. „Илинден“ бр. 68 (Скопје) (Н)
  5. Зграда на ул. „Орце Николов“ бр. 83а (Скопје) (Н)
  6. Зграда на ул. „Орце Николов“ бр. 88 (Скопје) (Н)
  7. Зграда на ул. „Орце Николов“ бр. 108 (Скопје) (Н)
  8. Зграда на ул. „Орце Николов“ бр. 109 (Скопје) (Н)
  9. Зграда на ул. „Орце Николов“ бр. 115 (Скопје) (Н)
  10. Зграда на Министерството за култура (Скопје) (Н)
  11. Зграда на ул. „Аминта Трети“ бр. 17 (Скопје) (Н)
  12. Зграда на ул. „Наум Наумовски - Борче“ бр. 82 (Скопје) (Н)
  13. Зграда на ул. „Наум Наумовски - Борче“ бр. 88 (Скопје) (Н)
  14. Зграда на ул. „Раде Кончар“ бр. 4а (Скопје) (Н)
  15. Зграда на Ташковиќ (Дебар Маало, Скопје) (Н)
  16. ОУ „Коле Неделковски“ - Центар (П)
2. Мартин