Црква „Св. Преображение“ - Кочани

црква во Кочани

Црква Св. Преображениеправославна црква во изградба во Кочани, која припаѓа под Кочанското архијерејско намесништво, Брегалничка епархија, МПЦ - ОА.

Свето Преображение

Црквата во 2023 година

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Кочанско
Парохија Прва кочанска
Местоположба

Карта

Координати 41°54′53.02″N 22°25′32.22″E / 41.9147278° СГШ; 22.4256167° ИГД / 41.9147278; 22.4256167
Место Кочани
Општина Кочани
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Преображение Христово
Изградба мај 2006
Архитектонски опис

Местоположба уреди

Црквата е сместена во југозападниот раб на населбата Усова Чешма, во т.н. „Стопански двор“, северно од фабриката „Руен“, источниот дел на Кочани.[1] Северно од црквата е Подрачната зграда „Ѕвездички“ при Детската градинка „Павлина Велјанова“.

Особености уреди

Црковната зграда зафаќа 364 квадратни метри и во неа има приземје и галерија за црковен хор.[2]

Историја уреди

Црквата била почната со изградба во почетокот на мај 2006 година, но претрпувала пауза во градежните зафати.[2]

 
Куполата и крстот.

На 12 февруари 2020, за време на празникот Свети три светители. бил поставен и осветен крстот на куполата на црквата. Осветувањето било извршено од страна на Митрополитот Брегалнички Иларион во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија од Кочанското архијерејско намесништво.[1][3]

Согласно ноември 2021 година, било поставена топлинската изолација на фасадата и на покривната конструкција.[2]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Осветен крстот на храмот „Св. Преображение" во Кочани“. glasno.mk. 12 февруари 2020. Архивирано од изворникот 2021-01-17. Посетено на 19 септември 2023.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Осветен крстот на храмот „Св. Преображение" во Кочани“. religija.mk. 10 ноември 2021. Архивирано од изворникот 2021-12-03. Посетено на 19 септември 2023.
  3. Ѓакон Димитар Арсовски. (10 февруари 2020). ВО СРЕДА ЌЕ СЕ ОСВЕТИ И ПОСТАВИ ЧЕСНИОТ КРСТ НА ЦРКВАТА ВО ГРАДБА „СВ. ПРЕОБРАЖЕНИЕ“. Кочани: TelevizijaKocani. https://www.youtube.com/watch?v=ogeCdL3uff8&t=24s. 

Надворешни врски уреди