ОУ „Крсте Петков Мисирков“ - Оризари
„Крсте Петков Мисирков“ — основно училиште во селото Оризари, Општина Кочани.[1] Наречено е по македонскиот филолог, кодификатор, славист, историчар, етнограф - Крсте Петков Мисирков, име кое претставува синоним на долготрајната борба на македонскиот народ на национална и културна афирмација.
Крсте Петков Мисирков | |
---|---|
Училиштето во 2023 година
| |
Место | |
Општина: | Кочани |
Наречено по: | Крсте Петков Мисирков |
Нас. место: | Оризари |
Адреса: | ул. „Маршал Тито“ бр. 20 |
Местоположба | |
Основни информации | |
Основано: | 1912 |
Контактни информации | |
Мреж. место | https://krstepetkovmisirkov.mk/ |
Е-пошта | orizari_kpmisirkov@yahoo.com |
Телефон | (033) 294 597 |
Во состав на училиштето работи едно подрачно училиште во Прибачево, каде се одвива настава во една комбинирана паралелка.[2]
Историја
уредиУчилиштето прв пат почнало со работа во далечната 1912 година, во склоп на егзархиската гимназија во Кочани и до 1944 година наставата наизменично се менувала на бугарски (1912-1913, 1915-1918, 1941-1944) и српски јазик (1913-1915, 1918-1941). Низ историјата училиштето неколку пати го менувало името и тоа „Даме Груев“, „Св.Климент Охридски“ и од 1945 година го носело името „Маршал Тито“ се до 1993 година кога по иницијатива на Министерството за образование, училиштето го добило името „Крсте П. Мисирков“.[2]
Во 2015 година била изградена училишната спортска сала. Салата била дел од проектот „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали“ на Министерството за образование и наука, финансиран од Владата на Република Македонија.[3]
Досегашни директори
уреди- Соња Иванова (13 јуни 2018-)[4]
Особености
уредиВо училиштето во Оризари има 11 универзални училници, 1 кабинет по техничко образование, 1 кабинет по информатика, 1 кабинет по музичко образование, 2 специјализирани училници за I одд, библиотека како и простор за наставни средства и помагала.[2] Спортската сала е од површина од 1,250 м2.[5] Има кабинети, гардероби и 500 седишта во публиката.[6]
Галерија
уреди-
Влезот на училиштето
-
Источното крило
-
Источното крило и салата
-
Источното крило и дворот
-
Спортската сала
Наводи
уреди- ↑ „Регистар на основни училишта“. data.gov.mk. Посетено на 30.01.2021. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ 2,0 2,1 2,2 „Самоевалуација на училиштето 2020-2022“ (PDF). ОУ „Крсте Петков Мисирков“. август 2020. стр. 3. Архивирано (PDF) од изворникот 2023-03-25. Посетено на 29 септември 2023.
- ↑ „УЧИЛИШНА СПОРТСКА САЛА ВО ОУ „КРСТЕ МИСИРКОВ" – ОРИЗАРИ“. Општина Кочани. 26 март 2018. Архивирано од изворникот 2020-09-21. Посетено на 29 септември 2023.
- ↑ „Вработени“. ОУ „Крсте Петков Мисирков“. Архивирано од изворникот 2023-09-29. Посетено на 29 септември 2023.
- ↑ „Самоевалуација на училиштето 2020-2022“ (PDF). ОУ „Крсте Петков Мисирков“. август 2020. стр. 4. Архивирано (PDF) од изворникот 2023-03-25. Посетено на 29 септември 2023.
- ↑ „УЧИЛИШНА СПОРТСКА САЛА ВО ОУ „КРСТЕ МИСИРКОВ" – ОРИЗАРИ“. Општина Кочани. 26 март 2018. Архивирано од изворникот 2020-09-21. Посетено на 29 септември 2023.
Надворешни врски
уреди- ОУ „Крсте Петков Мисирков“ - Оризари на Ризницата ?
- Матична страница
Оваа статија училиште во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |