Соколански дом (Куманово)

сала во Куманово

Соколански дом, познат и како Соколана или Соколски домзграда и поранешно спортско здание во Куманово. Градбата била изградена во 1931, чиј архитект е Момир Коруновиќ. Таа била седиште на кумановското Соколанско друштво.

Соколански дом
Соколански дом
Карта
Соколана
Општи податоци
МестоКуманово, Македонија
АдресаУл. „Народна Револуција“ б.б.
Почната26 јуни 1923
Завршена1931
Пуштена во употреба6 септември 1931
Проектирање и изградба
АрхитектМомир Коруновиќ (главен проект)
Владимир Антонов (покривна конструкција)

Историја

уреди

Изградбата почнала на 26 јуни 1923 и архитект на градбата бил Момир Коруновиќ.[1] Домот е граден со средства од доброволни прилози од населението и од тогашната кумановска еснафска јавност.[2] Во изградбата учествувале и војниците на 22. пешадиски полк сместен во Куманово.[1] Во 1925 година, Соколскиот дом бил покриен, но изградбата повторно застанала. Во 1926 година следел упад од непознати лица и уништување на дел од опремата на Домот, а во меѓувреме поради незавршените работи покривната конструкција попуштила и градбата почнала да се уништува. Поради ова општинскиот инженер, рускиот архитект Владимир Антонов проектирал нова покривна конструкција која заедно со внатрешноста била завршена во 1928 година.[1] Соколанскиот дом бил завршен во 1931 година и му бил свечено предаден во употреба на Соколанското друштво на 6 септември 1931 година.[3]

Салата на Соколанскиот дом во минатото била користена како домашен терен на КК Куманово.

Во октомври 2019 година, Соколанскиот дом и неколку други спортски зданија биле дадени под владение на Општина Куманово откако Јавното претпријатие за стопанисување на спортски објекти им ги одзело дозволите на тогашните тековни приватни стопанисувачи.[4]

Архитектура

уреди

Градбата во своите почетоци содржела затворена спортска сала, најголема во градот од овој вид во време на изведбата, сала за вежбање во зимските периоди, тераса, канцеларии како и попратни содржини. Зградата била изградена во српскиот-источноримски стил, правец кој е карактеристичен за творештвото на Коруновиќ.[1]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Љубен Трајаноски (12 јануари 2022). „Соколски дом во Куманово / Коруновиќ“. marh.mk. Архивирано од изворникот на 6 октомври 2022. Посетено на 19 мај 2024.
  2. „Почна реконструкцијата на спортскиот комплекс „Соколана" во Куманово“. a1on.mk. 3 февруари 2021. Архивирано од изворникот 2022-12-21. Посетено на 21 декември 2022.
  3. „Соколански дом“. visitkumanovomk.wordpress.com. Архивирано од изворникот 2021-11-16. Посетено на 15 декември 2022.
  4. „Спортските објекти вратени на Општина Куманово во „хорор" издание“. kumanovskimuabeti.mk. 24 октомври 2019. Архивирано од изворникот на 2022-12-06. Посетено на 15 декември 2022.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)