Градски стадион Куманово

фудбалски стадион во Куманово

 

Градски стадион Куманово

Стадионот во 2022 година
Место Куманово, Македонија
Координати 42°08′23″N 21°42′51″E / 42.139833° СГШ; 21.714050° ИГД / 42.139833; 21.714050
Отворен
Сопственик Општина Куманово
Оператор Општина Куманово (2019-)[1]
Подлога Трева
Игра ФК Куманово
ФК Куманово 2012
Гледачи 2,000

Градски стадион Кумановофудбалски стадион во Куманово, Македонија Се користи за фудбалски натпревари и е домашен стадион на ФК Куманово 2012 и на поранешниот ФК Куманово. Има сместивост од 2.000 гледачи. Стадионот е во лоша состојба.[1][2]

Историја

уреди

На 25 септември 1998 година, Репрезентацијата на Македонија го одиграла својот единствен натпревар на овој стадион. Тој ден Македонија играла против Египет при што натпреварот завршил 2-2 со присутност од 5,500 гледачи. На тој натпревар избрани биле репрезентативците Гоце Седловски, Артим Шаќири, Благоја Милевски, Срѓан Захариевски, Ока Николов, Тони Мицевски, Игор Николовски, Горан Ставревски, Џевџет Шаиновски, Влатко Гошев, Гого Јовчев, Ванчо Трајчов, Кире Грозданов, Ристо Божинов, Горан Станковски, Златко Тодоровски и Влатко Новаков.[3]

Зоран Ѓорѓиевски кој бил кандидат за градоначалник на Општина Куманово, на локалните избори во март 2013 година, заедно со Лазар Поповски кој бил директор на Агенцијата за млади и спорт ветиле преизградба на стадионот доколку гласачите го изберат Ѓорѓиевски, тој не бил избран и не била извршена преизградба.[4]

Во октомври 2019 година, Градскиот стадион и неколку други спортски зданија биле дадени под владение на Општина Куманово откако Јавното претпријатие за стопанисување на спортски објекти им ги одзело дозволите на тогашните тековни приватни стопанисувачи.[1]

Меѓународни натпревари

уреди
Датум и време Натпреварување Противник Резултат Гледачи Наводи
Македонија
29 септември 1998
15:30
Пријателски   Египет 2–2 5.500 [3][1]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Спортските објекти вратени на Општина Куманово во „хорор" издание“. kumanovskimuabeti.mk. 24 октомври 2019. Архивирано од изворникот на 2022-12-06. Посетено на 6 декември 2022.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. „А на него се игра фудбал: Градскиот стадион во Куманово е ужас!!!“. sportmedia.mk. 29 ноември 2019. Архивирано од изворникот 2022-12-06. Посетено на 6 декември 2022.
  3. 3,0 3,1 „Football venue Gradski Stadion, Kumanovo“. eu-football.info. 30 март 2013. Архивирано од изворникот на 30 мај 2015. Посетено на 6 декември 2022.
  4. „ФОТО: Ѓорѓиевски најави реконструкција на стадионот во Куманово“. Kurir.mk. 30 март 2013. Архивирано од изворникот на 7 јануари 2014. Посетено на 6 декември 2022.

Надворешни врски

уреди