ОУ „Раде Кратовче“ - Кочани
Основно училиште „Раде Кратовче“ (официјално: Основно општинско училиште „Раде Кратовче“ - Кочани; скратено: ООУ „Раде Кратовче“) — централно основно училиште во градот Кочани.[1]
Раде Кратовче | |
---|---|
Зградата во 2023 година
| |
Место | |
Општина: | Општина Кочани |
Наречено по: | Раде Кратовче |
Нас. место: | Кочани |
Адреса: | ул. „Борис Трајковски“, бр. 42 |
Местоположба | |
Основни информации | |
Основано: | 1985 |
Директор: | Виолета Апостолова |
Број на ученици: | 410 (2023/24) |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Мреж. место | www.radekratovce.edu.mk/ |
Е-пошта | radekratovce@gmail.com |
Телефон | 033/274-037 |
Факс | 033/274-037 |
Училиштето го носи своето име по учесникот во Народноослободителната борба, Раде Кратовче. Во состав на училиштето работи едно подрачно училиште во Нивичани.
Историја
уредиОУ „Раде Кратовче“ е најстарото постоечко училиште во Кочани. Неговата зграда била изградена во 1936 година. Првото име на училиштето било „Доситеј Обрадовиќ“, според српскиот писател Доситеј Обрадовиќ, а по ослободувањето, го добило името според македонскиот партизан Раде Кратовче. Првично, зградата на училиштето имало само 1 кат. Иако зградата на училиштето била изградена во 1936 година во него не биле држени часови до 1939 година. Од 18 декември 1944 година, училиштето работело како прогимназија, а од учебната 1945/46 година веќе работи како гимназија. Гимназиската настава во зградата била изведувана сè до полугодието на учебната 1954/55 година од каде што се преселила во новоизградена училишна зграда на сегашното основно училиште „Никола Карев“.[2] Вториот кат бил изграден во 1963 година.[3]
ОУ „Раде Кратовче“ во 2007, 2009, 2011 и 2014 година, добило „Зелено знаме“ за еко-училиште од Светската организација ОХО.[4]
Досегашни директори
уредиНастава
уредиВо училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.
Подрачни училишта
уредиВо составот на училиштето влегува следново подрачно училиште:
- ПУ „Раде Кратовче“ - Нивичани, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Галерија
уреди-
Поглед од северозапад
-
Поглед од запад
-
Поглед од запад
Наводи
уреди- ↑ „Регистар на основни училишта“. data.gov.mk. Посетено на 30.01.2021. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ Александра (27 декември 2015). „Гимназијалци - 1955-56 г.“. oldkocani.do.am. Архивирано од изворникот 2023-09-29. Посетено на 29 септември 2023.
- ↑ „Историјат“. ОУ „Раде Кратовче“. Архивирано од изворникот 2020-09-28. Посетено на 29 септември 2023.
- ↑ „ОСНОВНИ УЧИЛИШТА“. Општина Кочани. Архивирано од изворникот 2018-11-07. Посетено на 29 септември 2023.
- ↑ Александра (5 ноември 2017). „Учители - Кочани“. oldkocani.do.am. Архивирано од изворникот 2023-09-29. Посетено на 29 септември 2023.
- ↑ „Директор“. ОУ „Раде Кратовче“. Архивирано од изворникот 2020-09-28. Посетено на 29 септември 2023.
- ↑ „Директор“. ОУ „Раде Кратовче“. Архивирано од изворникот 2023-01-23. Посетено на 29 септември 2023.
Надворешни врски
уреди- ОУ „Раде Кратовче“ - Кочани на Ризницата ?
- Матична страница
41°55′24.41″N 22°24′39.57″E / 41.9234472° СГШ; 22.4109917° ИГД