ОУ „Св. Кирил и Методиј“ - Кочани

основно училиште во Кочани


Основно училиште „Свети Кирил и Методиј“ (официјално: Основно општинско училиште „Свети Кирил и Методиј“ - Кочани; скратено: ООУ „Свети Кирил и Методиј“) — централно основно училиште во градот Кочани, Општина Кочани.[1]

Свети Кирил и Методиј
Влезот на училишната зграда
Влезот на училишната зграда
Влезот на училишната зграда
Место
Општина: Општина Кочани
Наречено по: Свети Кирил и Методиј
Нас. место: Кочани
Адреса: ул. „Глигор Апостолов-Гочо“, бр. 33
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1974; пред 50 години (1974)
Директор: Даниел Кралев
Број на ученици: 969 (2020/21)
Настава на: македонски
Контактни информации
Е-пошта sv.kirilimetodijkm@yahoo.com
Телефон 033/272-711
Факс 033/272-711

Училиштето е именувано по словенските просветители Свети Кирил и Методиј.

Во склоп на матичното училиште работат и две подрачни училишта во Горни Подлог и во Бели.[2]

Историја

уреди

Училишната зграда била изградена во 1970 година, чиј архитект бил Радомир Лаловиќ.[3] Според изворите на самото училиште и Општина Кочани, зградата била изградена во 1974 година.[2][4]

Училишната зграда првично била наменета за ОУ „Моша Пијаде“.[5][6] Во 1983 година, „Моша Пијаде“ се преселило во зградата.[7]

Со препорака на Извршниот совет на Општина Кочани, тогашниот ОСИЗ за основно образование и воспитание од овој град, била донесена одлука за создавање на ново посебно училиште (ОУ „Кирил и Методиј“) од постојното „Моша Пијаде”.[7] Училиштето било основано од страна на Општина Кочани, и установата била верифицирана со Решението 13 – 6487 од 20 декември 1985 година, од страна на Секретаријат за општествени дејности на ИС на СО Кочани.[4]

Според интегралната евалуација направена во ноември 2019 година, училиштето имало 969 ученици од кои 483 биле машки, а 486 биле женски. 63 лица биле наставници.[8]

Во периодот помеѓу годините 2020 до 2022 година, училиштето имало 36 паралелки.[4]

Досегашни директори

уреди
  • Даниел Кралев[9]

Особености

уреди

Внатрешната површина на училиштето е 3.740 м2. Дворот зафаќа 3.145 м2. Спортските терени и игралишта зафаќаат 800 м2.[4]

Архитектура на училишната зграда

уреди

Обликувањето на градбата е образувано павилјонски, со така наречени гроздови со интегрирани празници – пација, кои се поврзани со линиски коридори. Средишното место во комплексот и го зазема алулата со нејзината повеќефункционална намена и кружење. Како расчленети функции, но со исто формално обликување се јавуваат училниците за 7-10 години, училниците за 11-14 години, техничките училници над аулата на кат и спортската сала.[3]

Конструкцијата и фасадната обработка е од изложен (натур) армиран бетон, со керамидна покривна покривка која му дава посмирена однос и пристап со околината. Првичната зелена дрвена браварија е заменета со бели ПВЦ прозорци.[3]

Настава

уреди

Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.

Подрачни училишта

уреди

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-09.
  2. 2,0 2,1 „Нашето училиште“. ОУ „Кирил и Методиј“. Архивирано од изворникот 2018-11-12. Посетено на 28 септември 2023.
  3. 3,0 3,1 3,2 Мартин Ефремовски (30 август 2018). „ОУ "Кирил и Методиј" Кочани / Лаловиќ“. marh.mk. Архивирано од изворникот 2018-12-03. Посетено на 28 септември 2023.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Извештај од спроведена самоевалуација во ОУ„Св.Кирил и Методиј"-Кочани за периодот 2020-2022година“ (PDF). Општина Кочани. август 2022. стр. 8. Архивирано (PDF) од изворникот 2023-09-27. Посетено на 28 септември 2023.
  5. „Радомир Лаловиќ – добитник на престижната "Андреја Дамјанов". vecer.mk. 9 октомври 2007. Архивирано од изворникот 2023-09-29. Посетено на 29 септември 2023.
  6. „Радомир Лаловиќ (1933-2014)“ (216). Порта3. јануари 2014: 55. Архивирано од изворникот 2023-09-29. Посетено на 29 септември 2023. Наводот journal бара |journal= (help)
  7. 7,0 7,1 „Историјат“. ОУ „Никола Карев“. Архивирано од изворникот 2023-09-29. Посетено на 29 септември 2023.
  8. „Интегрална евалуација: ООУ„Св. Кирил и Методиј"- Кочани“ (PDF). Штип: Државен просветен инспекторат. 13 февруари 2020. стр. 1. Архивирано (PDF) од изворникот 2021-01-26. Посетено на 28 септември 2023.
  9. „Директор“. ОУ „Кирил и Методиј“. Архивирано од изворникот 2018-11-12. Посетено на 28 септември 2023.

Надворешни врски

уреди