ОУ „Братство-Миѓени“ - Тетово

основно училиште во Тетово

„Братство-Миѓени“основно училиште во Тетово, Општина Тетово.[1]

Братство-Миѓени

Подрачната зграда во населбата Спортски Центар.
Подрачната зграда во населбата Спортски Центар.
Место
Општина: Општина Тетово
Нас. место: Тетово
Адреса: ул. „Љубе Божиновски-Пиш“ бр. 41 (централно училиште)
ул. „Борис Кидрич“ (подрачна зграда во населба Спортски центар)
Местоположба

Карта

Основни информации
Настава на: македонски и турски
Контактни информации
Мреж. место http://www.bm.edu.mk/site/index.php/mk/

Историја уреди

OУ „Братство-Миѓени” од Тетово е едно од најстарите основано во 1958 година под името „Братство-Единство”. Сместено било и сѐ уште е на улица „Љубо Божиноски – Пиш“ бр. 41. Во него во него наставата најпрво се изведувала на македонски и албански јазик од прво до осмо одделение. Подоцна започнала настава на турски јазик од прво до четврто одделение.[2]

Училиштето од тогаш до денес се развивало како централно училиште со подрачно училиште во населеното место Сараќино. Во 1993 година училиштето го сменило името во „Братство-Миѓени”.[2]

Особености и спецификации уреди

Денес во него учениците посетуваат настава на: македонски јазик од прво до осмо одделение во Тетово и Сараќино, на албански јазик од прво до осмо одделение во Тетово и до прво до четврто одделение во Сараќино. Воспитно образовната работа се одвива во 4 градби: зградата на централното училиште, градбата во населбата Спортски центар, градбата во населбата Дреновец и една подрачна градба во Сараќино.[2]

Зградата на централното училиште располага со 29 училници од кои 11 се мали и приспособени во кои потешко е да се изведува современа настава поради ограничен простор. Во него се изведува настава на албански јазик од прво до осмо одделение и на турски јазик исто така од прво до петто одделение.[2]

 
Градбата во Спортски Центар.

Во новата училишна градба сместена во населбата Спортски Центар има 8 училници на првиот кат и 2 подрумски простории приспособени за училници и една просторија за дневен престој. Бо нив учат ученици од прво до осмо одделение со настава на македонски јазик.[2]

Во подрачното училиште има 6 училници во кои настава се изведува на македонски јазик од прво до осмо одделение и албанкси јазик од прво до петто одделение.[2]

Во најновата градба во Дреновец учат ученици од прво до осмо одделение со настава на албански јазик во 18 училници. Во градбата има наставничка сала, канцеларии за помошникот директор, за педагог и психолог, библиотека, кабинет по информатика, просторија за физичко, една котларница, како и просторија за хигиеничарите. Градбата рaсполага со голем број на неискористен простор (училници и др. простории).[2]


Наводи уреди

  1. „Регистар на основни училишта“. data.gov.mk. Посетено на 30.01.2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 „О.У. Братство-Миѓени“. Општина Тетово. Архивирано од изворникот 2022-07-01. Посетено на 19 септември 2022.