Спортски комплекс Соколана
Спортски комплекс Соколана ― спортско-рекреативно здание во Куманово. Во негови рамки припаѓа стариот Соколански дом (поради кој комплексот го носи името). Се наоѓа на југозапад од Соколанскиот парк, и на исток од OСТУ „Наце Буѓони“. Комплексот се состои од атлетски полигон со должина од 200 метри, со 4 ленти, спринт патеки, како и простор за фрлање ѓуле, копје и фрлање чекан и терен за мал фудбал. Атлетскиот полигон се наоѓа во дворот на ОСТУ „Наце Буѓони“.[1]
Атлетската патека во 2022 година | |
Адреса | ул. „Народна Револуција“ Куманово Македонија |
---|---|
Главно здание | Соколански дом, атлетски полигон |
Други спортски градби | терен за мал фудбал |
Оператор | Општина Куманово |
Моментална употреба | Рекретивна |
Изградба | |
Изграден | 2011 |
Реновиран | 2021 |
Трошоци за изградба | 7,5 милиони денари (2021) |
Градител | Владата преку Агенцијата за млади и спорт (2021) |
Историја
уредиИзградба на спортскиот комплекс Соколана започнала во 2011.[1]
Во февруари 2021 година, започна преизградбата на комплексот. За тој потфат, Владата преку Агенцијата за млади и спорт обезбедила 7,5 милиони денари.[2] Градежните зафати опфаќале проширени трибини, акрилна подлога, заштитна ограда и останато. Во јуни, свечено бил отворен и пуштен во употреба обновениот комплекс.[3]
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Спортски комплекс Соколана“. visitkumanovomk.wordpress.com. Архивирано од изворникот 2021-11-16. Посетено на 21 декември 2022.
- ↑ „Почна реконструкцијата на спортскиот комплекс „Соколана" во Куманово“. a1on.mk. 3 февруари 2021. Архивирано од изворникот 2022-12-21. Посетено на 21 декември 2022.
- ↑ Александра Максимовска. „Пуштено во употреба спортскиот комплекс Соколана Куманово“. Македонска информативна агенција. Архивирано од изворникот 2022-12-21. Посетено на 21 декември 2022. Text "date25 јуни 2021" ignored (help)