ОУ „Никола Карев“ - Кочани

основно училиште во Кочани

Основно училиште „Никола Карев“ (официјално: Основно општинско училиште „Никола Карев“ - Кочани; скратено: ООУ „Никола Карев“) — централно основно училиште во градот Кочани.[1]

Никола Карев
Зградата во 2023 година
Зградата во 2023 година
Зградата во 2023 година
Место
Општина: Општина Кочани
Наречено по: Никола Карев
Нас. место: Кочани
Адреса: ул. „Никола Карев“, бр. 17
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1957 (1957)
Директор: Марија Коцев
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место https://nikolakarevsite.wordpress.com/
Е-пошта nikolakarev_1957@yahoo.com
Телефон 033/274-216
Факс 033/274-216

Училиштето е именувано по македонскиот револуционер Никола Карев.

Историја

уреди

Училиштето постои од 1957 година, кога на предлог на тогашниот Општински одбор за просвета на Кочани, Народниот одбор на Општина Кочани на посебни седници на Народниот одбор и собирот на производители донел решение на 27 септември 1957 година за основање второ основно училиште (после ОУ „Раде Кратовче“) во градот, осмолетка „Моша Пијаде”. По создавањето, кон ова училиште биле приклучени и двете подрачни училишта од селата Грдовци и Бели.[2] Училиштето во Бели сега припаѓа под ОУ „Кирил и Методиј“.[3]

За прв директор бил поставен Ристо Јорданов Данилов од Кочани, афирмиран просветен работник кој ги извршил и сите подготовки за успешно и навремено започнување на наставата. Наставата започнала на 1 септември 1957 година. Во училиштето тогаш биле запишани 618 ученици, од кои 369 ја посетувале наставата од прво до четврто и 249 ученика од петто до осмо одделение, распоредени во 21 паралелка и забавишна група со 28 ученика. На почетокот наставата во училиштето ја изведувале 25 наставника сите со завршено соодветно образование, мегу кои се наоѓале и наставници од првата генерација учители во училиштата во Пиринска Македонија.[2]

Во учебната 1972/73 година по поделбата наставата во училиштето „Моша Пијаде” ја следеле 1.271 ученик од прво до осмо одделение и 130 деца во забавишните групи со вкупен број на вработени од 56.[2]

Поранешната училишна зграда (денешната на ОУ „Кирил и Методиј“) била изградена во 1970 година, чиј архитект бил Радомир Лаловиќ.[4][5][6] Според изворите на самото училиште ОУ „Кирил и Методиј“ и Општина Кочани, зградата била изградена во 1974 година.[3][7] Во 1983 година, „Моша Пијаде“ се преселило во зградата.[2]

Со препорака на Извршниот совет на Општина Кочани, тогашниот ОСИЗ за основно образование и воспитание од овој град, била донесена одлука за создавање на ново посебно училиште (ОУ „Кирил и Методиј“) од постојното „Моша Пијаде”.[2]

Со текот на времето кон ова училиште се припоени и училиштата од селата Полаки, Небојани и Главовица.[2] Согласно 2023 година, тие училишта не функционираат.

Во учебната 1993/94 година, установата го добило името на револуционерот од илинденскиот период Никола Карев.[2]

Во март 2013 година, училиштето добило нова спортска сала.[8]

Досегашни директори

уреди
  • Ристо Јорданов Данилов (1957-)[2]
  • Марија Коцев (в.д.) (2023-)[9]

Настава

уреди

Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.

Подрачни училишта

уреди

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Регистар на основни училишта“. data.gov.mk. Посетено на 30.01.2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 „Историјат“. ОУ „Никола Карев“. Архивирано од изворникот 2023-09-29. Посетено на 29 септември 2023.
  3. 3,0 3,1 „Нашето училиште“. ОУ „Кирил и Методиј“. Архивирано од изворникот 2018-11-12. Посетено на 29 септември 2023.
  4. Мартин Ефремовски (30 август 2018). „ОУ "Кирил и Методиј" Кочани / Лаловиќ“. marh.mk. Архивирано од изворникот 2018-12-03. Посетено на 29 септември 2023.
  5. „Радомир Лаловиќ – добитник на престижната "Андреја Дамјанов". vecer.mk. 9 октомври 2007. Архивирано од изворникот 2023-09-29. Посетено на 29 септември 2023.
  6. „Радомир Лаловиќ (1933-2014)“ (216). Порта3. јануари 2014: 55. Архивирано од изворникот 2023-09-29. Посетено на 29 септември 2023. Наводот journal бара |journal= (help)
  7. „Извештај од спроведена самоевалуација во ОУ„Св.Кирил и Методиј"-Кочани за периодот 2020-2022година“ (PDF). Општина Кочани. август 2022. стр. 8. Архивирано (PDF) од изворникот 2023-09-27. Посетено на 29 септември 2023.
  8. „ОСНОВНИ УЧИЛИШТА“. Општина Кочани. Архивирано од изворникот 2018-11-07. Посетено на 29 септември 2023.
  9. Славчо Ивановски (8 февруари 2023). „МАРИЈА КОЦЕВ НОВ В.Д. ДИРЕКТОР НА ООУ „НИКОЛА КАРЕВ" – КОЧАНИ“. komarec.com.mk. Архивирано од изворникот 2023-03-29. Посетено на 29 септември 2023.

Надворешни врски

уреди

41°54′48.55″N 22°24′47.33″E / 41.9134861° СГШ; 22.4131472° ИГД / 41.9134861; 22.4131472