Центар за култура „Иљо Антески - Смок“ - Тетово

дом на култура во Тетово

Национална установа Центар за култура „Иљо Антески - Смок“културна установа во Тетово. Центарот за култура е главен носител на културни, уметнички и политички активности во Тетово. Наречена е по македонскиот комунист и партизан Илија Антевски - Смок.

Центар за култура „Иљо Антески - Смок“ - Тетово
Зградата на Центарот за култура во 2022 година
Карта
Општи податоци
АдресаТетово
Завршена1973
Пуштена во употреба1975; пред 49 години (1975)

Историја

уреди

Градбата на установата, тогаш позната под името Дом на култура „Иљо Антески Смок“, била изградена во 1973 година, додека администрацијата званично започнала со работа во 1975 година.[1]

Особености и спецификации

уреди

Установата располага со голема сала со вкупно 661 место за седење, како и мала сала за камерни концерти и промоции со 100 места. Исто така, сместено е и фоајето на влезот во градбата, соодветно за остварување на разни изложби. Постои и сала за вежби и премиери.[1]

Соодветно е за разни музички концерти, промоции и изложби, концерти на разни ансамбли, одржување на политички конгреси , а во исто време преку сопствена матична продукција, активно дејствува во создавањето на културните вредности. Секоја година во просториите на оваа културна установа својата активност ја вршат десетици уметници од разни професии како глумци, музичари, пејачи и играорци. Само во големата сала секоја година се организираат над 130 активности со над 50.000 посетители.[1]

Оддели на установата се: драмски оддел, книжевен сектор, ликовен оддел, музички сектор, балетски сектор, фолклорен оддел.[1]

Во зградата на Центарот за култура, освен самата матична установа, просторот го користат и установите: Тетовски Театар, Библиотека „Кочо Рацин“, Американско катче и Факултетот zа уметности при Државниот универзите во Тетово.[1]

Галерија

уреди


Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Национална институција Центар за култура“. Општина Тетово. Архивирано од изворникот 2022-07-01. Посетено на 19 септември 2022.