Соколански дом (Кочани)
Соколански дом, познат и како Соколана ― поранешно спортско здание во Кочани. Градбата била изградена во 1930 година. Таа била седиште на кочанското Соколанско друштво.
Соколански дом | |
---|---|
Соколанскиот дом во 2023 година | |
Соколана | |
Општи податоци | |
Место | Кочани, Македонија |
Адреса | Ул. „Раде Кратовче“ |
Почната | 1928 |
Завршена | 1929 |
Пуштена во употреба | 1930 |
Нарачател | Друштво за гимнастика „Сокол“ - Кочани[1] |
Технички податоци | |
Катови | 2 |
Подна површина | 432 м2 |
Историја
уредиГимнастичарското друштво „Сокол“ е причината за постоењето на Соколанскиот дом. Во неговата историја, друштвото било предводено од илинденецот Петар Иванов - Петраки,[2] и Франц Телбан кој бил наставник по фискултура.[3][4]
Во есента 1924 година, управата на друштвото „Сокол“ ја донела одлуката и направила барање до Општина Кочани, за да добие плац каде би можело да го изгради Соколанскиот дом. Следната година, плацот им бил доделен. Потоа била створена комисија за собирање на пари од разни лица и пригоди, во периодот од 1925 до 1927 година. Тогаш биле собрани 250 илјади динари.[5] Во зимите 1925/26 и 1926/27 било работено на ридестиот плац кога бил рамнет со вадење на земјата и камењата. Следната зима почнало да се работи на темелите. Службено, изградбата започнала во 1928 година, а градбата била целосно изградена и опремена до почетокот на зимата 1929 година. Во 1930 година, по новогодишните и божиќните празници, друштвото се вселило и го користел Домот.[6]
За време на Втората светска војна, градбата немала оштетувања.[7]
Во 1948 година, во градбата била поставена мрежа за електрична струја, а околу 20 години подоцна Домот бил поврзан со довод и одвод.[7]
Во 2002 година, преку пари од УСАИД ИОМ, Соколанскиот дом бил обновен.[7] Преку истиот проект, во април 2003 година, покривот бил сменет.[8]
Архитектура
уредиДомот е со градбена површина од 432 м2 и дворна површина од 762 м2. Домот има спортска сала и бина. На запад, над спортската сала има балкон. На север и на југ има и по една канцеларија. На исток има соблекувални, понекогаш користени како шминкерници од страна на кочанските театарски групи и културно-уметнички друштва. Соблекувалните имале пристап од бината и од дворот. Домот има и два споредни влезови од дворот кон спортската сала, еден од југ и еден од север. Пред поврзувањето со одвод, на јужната страна имало санитарии со бетонска септичка јама.[7]
Галерија
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Ѓорѓи Тодосиев; Илинка Атанасова (2017). Гимнастиката во Кочани 1910-2016. Општина Кочани. стр. 16. ISBN 9786086572792. Архивирано од изворникот 2023-09-21. Посетено на 21 септември 2023.
- ↑ Ѓорѓи Тодосиев; Илинка Атанасова (2017). Гимнастиката во Кочани 1910-2016. Општина Кочани. стр. 10. ISBN 9786086572792. Архивирано од изворникот 2023-09-21. Посетено на 21 септември 2023.
- ↑ Ѓорѓи Тодосиев; Илинка Атанасова (2017). Гимнастиката во Кочани 1910-2016. Општина Кочани. стр. 11. ISBN 9786086572792. Архивирано од изворникот 2023-09-21. Посетено на 21 септември 2023.
- ↑ Александра (12 ноември 2010). „Соколана 1930 год“. oldkocani.do.am. Архивирано од изворникот на 25 јули 2022. Посетено на 21 септември 2023.
- ↑ Ѓорѓи Тодосиев; Илинка Атанасова (2017). Гимнастиката во Кочани 1910-2016. Општина Кочани. стр. 18. ISBN 9786086572792. Архивирано од изворникот 2023-09-21. Посетено на 21 септември 2023.
- ↑ Ѓорѓи Тодосиев; Илинка Атанасова (2017). Гимнастиката во Кочани 1910-2016. Општина Кочани. стр. 19-20. ISBN 9786086572792. Архивирано од изворникот 2023-09-21. Посетено на 21 септември 2023.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 Ѓорѓи Тодосиев; Илинка Атанасова (2017). Гимнастиката во Кочани 1910-2016. Општина Кочани. стр. 20. ISBN 9786086572792. Архивирано од изворникот 2023-09-21. Посетено на 21 септември 2023.
- ↑ Александра (22 април 2011). „Реновирање на објектот на некогашната Соколана (април 2003 г.)“. oldkocani.do.am. Архивирано од изворникот на 15 август 2020. Посетено на 21 септември 2023.
Надворешни врски
уреди- Соколански дом (Кочани) на Ризницата ?
- Зградата на Соколаната - 50-ти години на Oldkocani.do.am