Црква „Св. Атанасиј“ - Оризари

црква во Оризари, Кочанско
За истоимената црква во Оризари, Скопје, погл. Црква „Св. Атанасиј“ - Ѓорче Петров.

Св. Атанасиј Великиправославна црква во кочанското село Оризари. Му припаѓа на Кочанското архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ - ОА.

Свети Атанасиј

Црквата во 2023 година

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Кочанско
Парохија Оризарска
Местоположба

Карта

Координати 41°55′19″N 22°26′48″E / 41.92194° СГШ; 22.44667° ИГД / 41.92194; 22.44667
Место Оризари
Општина Кочани
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Атанасиј Александриски
Изградба XIX век
Осветување 1848, август 2014
Архитектонски опис

Местоположба

уреди
 
Издигнатината и црквата.

Црквата се наоѓа во средиштето на Оризари, на една издигнатина, покрај левата страна на Оризарска Река.

Историја

уреди

Црквата е изградена некаде кон средината на XIX век и осветена на 24 април 1848 г. Подоцна е делумно разрушена од Османлиите и обновена во 1876 година. Иконите се изработени во 1875 година од зографот Исаија Макриев Фрчковски од Галичник и непознати автори.[1]

Во 2005 година, внатрешноста била обновена.[2][3] Храмот не бил живописан,[1] се до 2013 година кога било направено фрескосликањето на страничниот дел од внатрешноста на црквата[4] и тогаш била обновена и фасадата.[2][3] Поради внатрешните обновувања и новиот фрескоживопис, црквата била преосветена од страна на митрополитот Иларион Брегалнички.[5] Во тој период, поплочен бил дворот. Бил обновен потпорниот ѕид и хортикултурно уреден бил дворот.[4]

Особености

уреди

Иконостасот е висок, со три реда икони, изграден веројатно во 1875-76 година. Во царскиот ред се поставени десет икони (од југ кон север): Свети Ѓорѓи, Архангел Михаил, Свети Јован Крстител, Исус Христос Седржител, Богородица Елеуса, Свети Атанасиј Александриски, Свети Димитрија, Свети Харалампиј и Свети Никола. На иконите нема потпис на иконописецот, но годината 1850 е напишана на иконите на св. Харалампиј и св. Никола. Се претпоставува дека се изработени од Димитар Зограф од Самоков заради стилските особености. Горните два реда икони и царските двери се дело на Никола Михајлов од Крушево.[6] Негово дело е и големиот надиконостасен крст со распетието.[7] Автор на иконите на северната и јужната врата на иконостасот е Исаија Фрчковски, кој ги изработил во 1875-76 година, при обновувањето на црквата.[6]

Од 55-те икони колку што има во црквата, 17 се наоѓаат во Регистарот на икони кои имаат заштитен статус.[4]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Оризарска парохија“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2014-03-28. Посетено на 1 декември 2021.
  2. 2,0 2,1 Поп Тоше Манев, Бошко Цветановски. (1 август 2014). По целосното реновирање, црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари ќе биде преосветена. Кочани: TVKanal8. https://www.youtube.com/watch?app=desktop&v=sscFcclepY4&embeds_euri=http%3A%2F%2Fkanal8.mk%2F&feature=emb_imp_woyt. 
  3. 3,0 3,1 Марјан Иванов. (27 ноември 2014). Ќе се уредува и надворешноста на црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари. Кочани: TVKanal8. https://www.youtube.com/watch?v=etkYYHlI0iI. 
  4. 4,0 4,1 4,2 „Продолжува обновата на црквата „Свети Атанасиј" во населбата Оризари, кочанско“. religija.mk. 18 август 2016. Архивирано од изворникот 2021-12-08. Посетено на 19 септември 2023.
  5. „Нов фрескопис во црквата „Св.Атанасиј" во Оризари, Кочанско“. a1on.mk. 25 август 2014. Архивирано од изворникот 2023-09-19. Посетено на 19 септември 2023.
  6. 6,0 6,1 Проблеми на изкуството, томове 37–38. БАН. 2004. стр. 49.
  7. Ајтовска, Љубинка, Илинка Атанасова (2017). Црквата Свети великомаченик Георгиј – еден век постоење. Кочани: Општина Кочани. стр. 32.

Надворешни врски

уреди