Планинарски дом „Љуботен“
Планинарски дом „Љуботен“ — прв и најстар планинарски дом во Македонија, изграден во 1931 година. Домот е сместен на 1.630 метри надморска височина, под истоимениот врв.[1]
Планинарски дом „Љуботен“ | |
---|---|
Надм. вис. | 1630 |
Држава | Македонија |
Положба | под истоимениот врв |
Најблиска населба | ca. 4 км до Старо Село и Рогачево |
Изградба | |
Изграден во | 1931 |
Пристапност | |
Пристапен од | од селото Старо Село |
Историја
уредиЉуботен е прв и најстар планинарски дом во Македонија, изграден во 1931 година.[1]
Планинарскиот дом во текот на 2016 година бил реновиран и била извршена реконструкција на кровот.[2]
Местоположба
уредиДомот се наоѓа на височина од 1630 м. До него се стигнува од Тетово до Старо Село по асфалтен пат, а од Старо Село до домот по макадам пат или маркирана патека која започнува од информативната табла во селото. Планинарскиот дом Љуботен е прв и најстар дом во Република Македонија изграден 1931г. Домот е поставен над букова шума и од него се отвора поглед кон полошката котлина, врвот Љуботен, Козја Стена, Ливадица и Пирибег.[3]
Пристапност
уредиДо домот се стигнува од селото Старо Село од каде води макадам пат, но и обележана патека, која започнува од информативната табла во селото.[1]
Особености
уредиДомот е отворен во текот на целата година, иако е пожелно најавување кај домарот.[1]
Капацитетот на домот е 35 легла, заедничка трпезарија и кујна. Домот има постојана електрична енергија и вода.[1]
Во домот може да се најави пијалак и храна, а по потреба и желба се подготвуваат и традиционални јадења.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Планинарски домови“. Посетено на 11 февруари 2018.
- ↑ „Планинарскиот дом Љуботен се реновира“. karas4training.com. 7 октомври 2016. Посетено на 11 февруари 2018.
- ↑ „Планинарски дом „Љуботен" – Љуботен“. sharplanina.com.mk. Посетено на 16.09.2022. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)
Надворешни врски
уреди- Планинарски дом „Љуботен“ на Ризницата ?