Општа болница - Кочани

болница во Кочани

ЈЗУ Општа болница - Кочаниздравствена установа сместена во средишното подрачје на градот Кочани. Болницата ги нуди здравствените услуги на населението кое живее во општините: Кочани, Чешиново-Облешево, Зрновци, како и за населението од општините кои гравитираат кон Oпштина Кочани, како: Виница, Македонска Каменица, Берово, Пехчево и Делчево, регион во кој живеат околу 115,000-120,000 луѓе.[2]

Општа болница - Кочани
Општа болница - Кочани
Карта
Географија
МестоположбаКочани, Македонија
Координати41°55′03″N 22°24′22″E / 41.91750° СГШ; 22.40611° ИГД / 41.91750; 22.40611Координати: 41°55′03″N 22°24′22″E / 41.91750° СГШ; 22.40611° ИГД / 41.91750; 22.40611
Услуги
Постели149 (2016 година)[1]
Историја
Основана во1924
Врски
СписоциБолници во Македонија

Историја Уреди

Болницата е основана во 1924 година како противмаларична станица.[3] Во 1949 година биле изградени општата и стоматолошката амбуланта, а во 1952 година е регистрирана под името Здравствен дом Кочани. Во текот на 50-тите години на минатиот век отворени се уште неколку амбуланти и одделенија како што се интерното одделение, детското одделение, хирургија.[2]

Поради зголемените медицински услуги, се јавило потреба за просторно проширување и Медицинскиот центар - Кочани да вложи. Во 1982 година бил направен проектот од страна на архитектот Тодор Георгиевски, и неговите соработници Снежана Арсова и Мимоза Капсарова. Проектот бил награден со плакетата на град Кочани, во 1984 година. Градежните активности биле во 1983-1884 година и биле вршени од РГО „Бетон“ - Скопје и ООЗТ „Х Градилиште“ - Кочани.[4][5]

Досегашни директори Уреди

Ова е список на лицата кои биле директори на Општата болница:[6]

  • Димитар Димитров (1964-1967)
  • Љубомир Хаџивасилев-Вардарски (1967-1970)
  • Антонио Кладорабски (1970-1974)
  • Кирил Апостолов (1974-1982)
  • Мирко Анакиевски (1982-1986)
  • Душан Данев (1986-1991)
  • Владимир Коцев (1991-1995)
  • Душан Данев (1995-1999)
  • Блаже Георгиев (19.01.2000 - 13.04.2001)
  • Михаил Иванов (2001-2002)
  • Александар Серафимов (2002-2006)
  • Миле Николовски (2008-2010)
  • Марија Јорданова (2006-2011)
  • Дејан Апостоловски (2011)
  • Оливера Цимбалевиќ (17.10.2016 - 26.04.2017)
  • Дарко Иванов (26.04.2017 - 04.08.2017)
  • Борка Панова (04.08.2017)
  • Александар Серафимов (2017-)

Особености Уреди

Болницата има на располагање 7,796 м2 во делот за хоспитализација, односно соби за преглед и сместување на пациентите, како и 524 м2 за специјалистичко-советодавни услуги.

Кадар Уреди

Вкупниот број на вработени во болницата е 226 од кои 43 лекари (4 примариуси, 29 лекари специјалисти, 5 доктори на специјализација и 5 лекари од општа пракса). Меѓу другите вработени има 5 луѓе високообразовна квалификација (економист, електроинженер и биохемичар).

Одделенија Уреди

 
Детското и интерното одделение.

Согласно средината на 2010-тите, во рамките на делот за хоспитализација болницата располага со 120 легла за пациенти, распоредени на следните одделенија:[7]

  • интерно одделение;
  • САРИЛ, Гинекологија и акушерство со оддел за новородени деца;
  • детско одделение;
  • хируршко одделение;
  • невро-психијатриско одделение;
  • хемодијализа

Во болницата се нудат и специјалистичко-советодавни услуги во:[7]

  • очна амбуланта;
  • амбуланта за кожни болести;
  • стоматолошка амбуланта;
  • амбуланта за инфективни болести;
  • одделението за трансфузиологија и обезбедување на крв и крвни деривати;
  • биохемиска лабораторија;
  • одделот за радиолошка дијагностика;
  • одделот за физикална терапија и рехабилитација.

Галерија Уреди

Наводи Уреди

  1. Мрежа на болнички здравствени установи во Република Македонија во 2016 година
  2. 2,0 2,1 „ИСТОРИЈА НА ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА КОЧАНИ“. ЈЗУ Општа болница - Кочани. Архивирано од изворникот на 19 октомври 2016. Посетено на 27 септември 2023.
  3. Кочани и Кочанско од праисторијата до денес, монографија за Кочани, издавач: Општина Кочани, декември 2003, стр. 246, ISBN 9989-57-220-8
  4. Мартин Ефремовски (1 јули 2023). „Каталог: III биенале на македонската архитектура – БИМАС / 1985 година“. marh.mk. Архивирано од изворникот на 29 септември 2023. Посетено на 29 септември 2023.
  5. Александра (2 ноември 2012). „Објект на болницата во Кочани“. oldkocani.do.am. Архивирано од изворникот на 15 август 2020. Посетено на 21 септември 2023.
  6. „ИСТОРИЈА НА ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА КОЧАНИ“. ЈЗУ Општа болница - Кочани. Архивирано од изворникот на 29 јануари 2022. Посетено на 27 септември 2023.
  7. 7,0 7,1 „ИСТОРИЈА НА ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА КОЧАНИ“. ЈЗУ Општа болница - Кочани. Архивирано од изворникот на 14 јануари 2017. Посетено на 27 септември 2023.

Надворешни врски Уреди