Основен суд Кочани

суд во Македонија

Основен суд Кочани — суд со основна надлежност сместен во градот Кочани и го опфаќа подрачјето на општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево.[1] Воедно, овој суд има и проширена надлежност за подрачјето на судовите во: Кочани, Берово, Виница и Делчево.

Основен суд Кочани
Поглед на судот
Карта
Основан1945
НадлежностОпштина Кочани, Општина Чешиново-Облешево и Општина Зрновци
Местоположбаул. “Никола Карев“ бр. 4
Кочани, Македонија
Координати41°54′48″N 22°24′43″E / 41.913294° СГШ; 22.412° ИГД / 41.913294; 22.412
Composition methodОсновен суд
Мрежно местоhttp://sud.mk/wps/portal/oskumanovo

Судот во Кочани ја извршува судската власт во прв степен во рамките на гореспоменатите општини. Основниот суд во Кочани одлучува за сите дела во прв степен по кривични дела и прекршоци извршени на подрачјето на општините.

Историја

уреди

Основниот суд во Кочани, како и останатите судови во Македонија, бил основан со Повелбата на Президиумот на АСНОМ за устројство на првите судови во Македонија на 31 март 1945 година.

Внатрешна организација

уреди

Основниот суд во Кочани е поделен на пет одделенија: приемно, граѓанско, прекршочно, кривично и извршно одделение. Судот првично започнал да работи во зградата на ул. „Ристо Николов Ристов“ (Циганчето), која и денес постои до градскиот пазар. Во 1964 година е пуштена во употреба новата судска зграда, во која и денес се наоѓа судот.

Претседатели на судот

уреди

Од неговото основање во 1945 година, претседатели на ОС Кочани биле следниве:

  • Коце Димитров
  • Андреја Весов
  • Марко Велков
  • Божидар Магдевски
  • Симеон Двојаков
  • Јане Велинјски
  • Глигор Едровски
  • Раде Филипов
  • Зоран Трајанов
  • Никола Михаилов
  • Зоран Трајанов
  • Никола Михаилов
  • Дарко Ристов

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Закон за судовите“ (PDF). Министерство за правда на Македонија. Службен весник на Република Македонија. Посетено на 11 октомври 2016.

Надворешни врски

уреди