ЖС „Кочани“

железничка станица во Кочани

ЖС „Кочани“ — железничка станица во источниот дел на Република Македонија на пругата од Велес кон Кочани, каде што претставува и последна железничка станица на оваа пруга и воедно најисточна железничка станица во Македонија. Се наоѓа во источниот дел на средишното градско подрачје на Кочани.

ЖС „Кочани“
Општи информации
Местоул. „Тодосија Паунов“, Кочани
Координати41°54′45.40″N 22°24′55.60″E / 41.9126111° СГШ; 22.4154444° ИГД / 41.9126111; 22.4154444
СопственикМакедонски железници
ЛинииВелесКочани
Перони4
Други информации
Мрежно местоmzt.mk
Историја
Отворена25 август 1926

Историја

уреди

Нејзината изградба започнала во 1925 година.[1] Во април 1926 година, градежните активности биле при крај.[2] На 25 август истата година,[3] станицата била пуштена во употреба, при што бил присутен и југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ.[4]

Согласно октомври 2020 година, еден воз дневно минувал на линијата Скопје-Кочани.[5]

Од почетокот на мај 2021 година, железничката линија на релација Кочани-Скопје Кочани престанала да се одвива, согласно изворот, до април 2022 година.[6]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Александра (24 јуни 2012). „Железничката станица во изградба - 1925 г.“. oldkocani.do.am. Архивирано од изворникот 2020-08-15. Посетено на 25 септември 2023.
  2. Александра (12 ноември 2010). „Железничка станица 1926 - Railway station 1926“. oldkocani.do.am. Архивирано од изворникот 2018-10-15. Посетено на 25 септември 2023.
  3. „Историјат“. ЈП Македонски железници инфраструктура. Посетено на 25 септември 2023.
  4. Александра (4 ноември 2012). „Железничка станица 1926 - Railway station 1926“. oldkocani.do.am. Архивирано од изворникот 2020-08-15. Посетено на 25 септември 2023.
  5. Бојан Блажевски (18 октомври 2020). „РЕПОРТАЖА: Црно ѝ се пишува на пругата Велес-Кочани по завршувањето на новите патишта на Истокот“. meta.mk. Архивирано од изворникот 2020-10-28. Посетено на 25 септември 2023.
  6. „Вака денеска изгледа железничката станица во Кочани“. denesen.mk. 28 април 2022. Архивирано од изворникот 2023-09-25. Посетено на 25 септември 2023.

Надворешни врски

уреди