ЈУДГ „Павлина Велјанова“ - објект „Кокичиња“
подрачна градба на детска градинка во Оризари
ЈУДГ „Павлина Велјанова“ - објект „Кокичиња“ (позната и како Градинка „Кокичиња“ - Оризари) ― детска градинка која се наоѓа во Оризари, Општина Кочани. Таа е огранок на главната градинка „Павлина Велјанова“.
ЈУДГ „Павлина Велјанова“ - објект „Кокичиња“ | |
---|---|
Детската градинка во 2023 | |
Градинка „Кокичиња“ - Оризари | |
Општи податоци | |
Вид | детска градинка |
Место | Оризари, Македонија |
Адреса | Кеј на револуцијата, б.б. |
Сопственик | Кочани |
Поседник | Детска градинка „Павлина Велјанова“ |
Местоположба
уредиГрадинката се наоѓа во северниот дел на Оризари, веднаш на исток од ОУ „Крсте Петков Мисирков“. Зградата ја дели со Подрачната библиотека „Искра“.
Историја
уредиГрадинката била отворена во 2016 година од страна на тогашниот кочански градоначалник Ратко Димитровски и дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов. Адаптацијата на зградата во која е сместена градинката започнала во 2014 година и се правела со средства од општината и од министерството во висина од 3 милиони денари.[1]
Особености
уредиГрадинката има капацитет за 50 деца.
Галерија
уреди-
Влезот
-
Поглед на градинката
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Ваљакова, Гордана Милошевска (2016-02-09). „Oтворена нова градинка во кочанско Оризари (ФОТО) | NetPress“. Посетено на 2024-11-06.