Основен суд Куманово
Основен суд Куманово — суд со основна надлежност сместен во градот Куманово и го опфаќа подрачјето на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.[1] Воедно, овој суд има и проширена надлежност за подрачјето на судовите во: Куманово, Кратово и Крива Паланка.[2]
Основен суд Куманово | |
---|---|
Поглед на судот | |
Основан | 1965 |
Надлежност | Општина Куманово, Општина Липково и Општина Старо Нагоричане |
Местоположба | ул. “11 Октомври” б.б. Куманово, Македонија |
Координати | 42°08′14″N 21°42′59″E / 42.137278° СГШ; 21.716425° ИГД |
Composition method | Основен суд |
Мрежно место | http://sud.mk/wps/portal/oskumanovo |
Судот во Куманово ја извршува судската власт во прв степен во рамките на гореспоменатите општини. Основниот суд во Куманово одлучува за сите дела во прв степен по кривични дела и прекршоци извршени на подрачјето на општините.[2]
Историја
уредиСудови претходници на Основниот суд Куманово
уредиСуд во Куманово, како и останатите судови во Македонија, бил основан со Повелбата на Президиумот на АСНОМ за устројство на првите судови во Македонија на 31 март 1945 година. Преку таа повелба, во јуни 1945 година во Куманово бил создаден Околиски народен суд со двајца судии, именувани од Владата на Федерална Македонија, од кои еден претседател на судот. За прв судија бил именуван Петар Липковски, а потоа и Трајко Димитриевски. За прв Претседател на тогашниот Околиски народен суд Куманово бил именуван Вангел Ацев. Судот потпаѓал под Окружниот суд во Скопје. Во периодот 1956-1965 во Куманово работел и второстепен Окружен суд за Кумановската околија.[2]
Основање
уредиВо 1965 година бил донесен Закон за нова територијална поделба на Македонија со кој биле укинати околиите (вклучувачки ја Кумановската Околија) и со тоа биле укинати и Околискиот и Окружниот суд Куманово и бил создаден Општинскиот суд во Куманово. Со новиот Закон за судовите донесен во 1996 година, Општинскиот суд Куманово бил преименуван во Основен суд Куманово во чиј состав влегол и поранешен Општински суд за прекршоци.[2]
Претседатели на кумановските судови
уредиПретседатели на сите судови во Куманово, почнувајќи во 1945 година, биле следниве:
- Вангел Ацев
- Гого Петровски
- Тодор Анастасов
- Ристо Андоновски
- Светозар Максимовски
- Џемаил Шабан Османи
- Радомир С. Каревски
- Миле Поповски
- Радомир С. Каревски
- Владимир Николовски
- Благоја Цветковски
- Миле Поповски
- Звонко Јосевски
- Стојман Димковски
- Селвер Исмани
- Ленка Бабановска
- Јованка Никодиновска
- Сефер Мехмети
- Муса Сулејмани
- Беџет Елези.
Внатрешна организација
уредиОсновниот суд во Куманово е поделен на пет одделенија: приемно, граѓанско, прекршочно, кривично и извршно одделение.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Закон за судовите“ (PDF). Министерство за правда на Македонија. Службен весник на Република Македонија. Посетено на 11 октомври 2016.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Општи податоци (надлежности и историјат)“. sud.mk. Архивирано од изворникот 2022-12-12. Посетено на 12 декември 2022.