Центар за култура „Бели мугри“ - Кочани
Национална установа центар за култура „Бели мугри“ ― културна установа во Кочани. Центарот за култура е главен носител на културни, уметнички и просветни активности во Кочани. Установата е наречена по збирката поезија „Бели мугри“ од Кочо Рацин.
НУ Центар за култура „Бели мугри“ - Кочани | |
---|---|
Зградата на Центарот за култура во 2023 година | |
Општи податоци | |
Место | Кочани, Македонија |
Адреса | Кеј на револуција б.б. |
Почната | 1959 |
Завршена | 1961 |
Обновена | 2018-2023 |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Глигорие Савовиќ |
Историја
уредиИзградбата на зградата била започната во 1959 година и била завршена во 1961 година.[1][2]
Првично отворените галерии биле покриени со покрив во 1980-тите години.[1]
Во 2016 година се работело на изработка проектот на обновување на зградата, кој бил одобрен од Министерството за култура во март 2017 година.[3] Во август 2018 година, започнало обновувањето на фасадата. Изведувач на работите во оваа фаза било претпријатието „Дрвопром“ од Мородвис, а надзор било „ЗИМ“ АД Скопје.[4] Тој период, обновен бил и покривот. Во 2020 година, првата (надворешна) фаза била завршена.[5] Во 2021 година, започнала преизградбата на гледалиштето во внатрешноста на градбата.[6] Во април 2022 година, била завршена внатрешноста и салата, односно градежните активности биле завршени. На 29 април таа година, киносалата била свечено пуштена со филмот „Преекспонирано“ од режисерот Елеонора Венинова.[5][7][8]
Директори на установата
уредиАрхитектура
уредиТрите главни обликовни единици се издолжениот кубус, големата сала во средишниот дел на градбата и отворените летни галерии заштитени со клаустра на фасадата во страничниот дел на комплексот.[1]
Во предниот дел на градбата е сместен главниот влез и изложбената повеќефункционална галерија на првиот кат. Големата сала ја завзема средишната двовисинска положба во градбата, положба која е нагласена во обликот со контролната кула на сценскиот простор и располага со сместивост од 360 седишта во партер и 78 седишта на балкон. Администрацијата и помошните простории се наоѓаат на страничничните делови од градбата. Како уникатен дел биле отворените (денес покриени) летни покриени галерии на првиот кат кои преку клаустрата по целата должина на градбата се заштитени од директниот поглед, и истовремено се вентилирани.[1]
Главниот влез на установата ја содржи издадената стаклената фасада која е пред носечката конструкција и со тоа се покажани осумте носечки столбови на истата и потенцирањето на нивната обработка. Покривната конструкција е створена од челични решетки и покрив со мал нагиб над средишниот дел.[1]
Терацото надвладејува како најкористен материјал за скоро сите простори. Влезната партија е потенцирана каде се користени големи парчиња мермер со терацо. Изложбениот простор на првиот кат има мермерни подови и дрвена касетирана обработка на плафонот. На столбовите е употребена рафело техниката на имитација на црвен мермер која е од особен квалитет. Подот на големата сала е линолеум додека ѕидовите се обработени со дрвени панели за добивање на удобна акустична просторија.[1]
Галерија
уреди-
Зградата во 2011 година
-
Зградата во 2012 година
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Мартин Ефремовски (24 мај 2017). „Дом на култура "Бели мугри" – Кочани“. marh.mk. Архивирано од изворникот 2017-05-27. Посетено на 19 септември 2023.
- ↑ Александра (10 октомври 2012). „Центарот за култура "Бели мугри" во изградба - 1961 година“. oldkocani.do.am. Архивирано од изворникот 25 јули 2022. Посетено на 21 септември 2023.
- ↑ 3,0 3,1 „Ќе се реконструира Центарот за култура „Бели мугри" во Кочани“. Министерство за култура. 20 март 2017. Архивирано од изворникот 2023-09-19. Посетено на 19 септември 2023.
- ↑ „ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА „БЕЛИ МУГРИ"“. Општина Кочани. 6 август 2018. Архивирано од изворникот 2019-11-16. Посетено на 19 септември 2023.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Рамазан (29 април 2023). „Свечено отворена реновираната сала на ЦК „Бели Мугри" во Кочани“. vocentar.com. Архивирано од изворникот 2023-05-01. Посетено на 19 септември 2023.
- ↑ „Центарот за култура „Бели мугри" во Кочани добива целосно нов изглед, инвестирани над 26 милиони денари“. Општина Кочани. 4 ноември 2022. Архивирано од изворникот 2022-11-27. Посетено на 19 септември 2023.
- ↑ „Кочани доби подновен Центар за култура“. nezavisen.mk. 2 мај 2023. Архивирано од изворникот 2023-05-13. Посетено на 19 септември 2023.
- ↑ „Комплетно реновиран Центарот за култура „Бели мугри" во Кочани“. Министерство за култура. 3 мај 2023. Архивирано од изворникот 2023-06-02. Посетено на 19 септември 2023.
- ↑ „Назначени директори на 22 национални установи: Мартин Вучиќ е новиот директор на „Танец"“. emagazin.mk. 3 септември 2018. Посетено на 16 октомври 2024.
Надворешни врски
уреди- НУЦК „Бели мугри“ на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до инфомациите од јавен карактер
- Домот на културата во 1965 година на Oldkocani.do.am