Борислав Павловски

Борислав Павловски бил македонски есеист, критичар, книжевен историчар и теоретичар, преведувач.

Животопис уреди

Павловски е роден е во Бјеловар, Хрватска во 1950 година. Завршил Филозофски факултет на Универзитетот во Загреб. Доктор по филолошки науки. Професор на Филозофскиот факултет во Загреб а од 1981 година е раководител на Катедрата за македонски јазик и книжевност во Отсекот за словенски јазици и книжевности. Почесен член на ДПМ. Автор е на книгите: Современа македонска драма, соавторство (антологија, 1982), Македонска книжевност, соавторство (1988, 1991), Господари на лавиринтот, соавторство (антологија на македонски фантастичен расказ, 1998), Конкордација на Рациновата збирка „Бели мугри“, соавторство (1991), Во знакот на компаративното читање (студии, 2000), Простори на театарските свечености (студија, 2000).