Серхио Рамос (роден на 30 март 1986 во Камас, Шпанија) — шпански фудбалски репрезентативец, кој моменталноно настапува за Севиља.

Серхио Рамос
Рамос со ФК Реал Мадрид во 2016 година
Лични податоци
Полно име Серхио Рамос Гарсија[1]
Роден на 30 март 1986(1986-03-30)(38 г.)
Роден во Камас, Шпанија
Висина 183 м (600 ст)
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Севиља
Број 4
Младинска кариера
1996–2003 ФК Севиља
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003–2004 ФК Севиља Б 26 (2)
2004–2005 ФК Севиља 39 (0)
2005–2021 ФК Реал Мадрид 469 (72)
2021- 2023 ФК Париз Сен Жермен 45 (4)
Репрезентација
2002 Шпанија U17 1 (0)
2004 Шпанија U19 6 (0)
2004 Шпанија U21 6 (0)
2005– Шпанија 140 (10)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 19:41, 22 февруари 2017 (UTC)
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 10 октомври 2016 (UTC)

Кариера уреди

Серхио Рамос фудбал започнал да тренира во екипата на Севиља. Ги поминал сите млади селекции а потоа играл и за Б екипата. За првиот тим дебитирал на 1 февруари 2004 година во натпреварот во Примера против Депортиво ла Коруња. Неговиот тим тогаш бил поразен со 1 : 0, а тој во игра влегол како резерва во второто полувреме. Во наредната сезона одиграл 31 натпревар во првенството во дресот на Севиља и бил стрелец на два гола, против Реал Сосиедад (2 : 1) и Реал Мадрид (2 : 2).

Во текот на летото 2005. тогаш деветнаесетгодишниот Рамос преминал во Реал Мадрид за обесштетување од 27 милиони евра. Првиот гол во дресот на Реал го постигнал 6 декември 2005 година против Олимпијакос. Неговиот тим од тогаш е поразен со 3 : 2 во натпреварот во групната фаза на Лигата на шампионите. Својот двестоти настап за Реал Мадрид го забележал на 21 февруари 2010 против Виљареал.

Репрезентација уреди

За репрезентација на Шпанија дебитирал 26 март 2005 година во пријателскиот натпревар против Кина (3 : 0) одиграна во Саламанка. На своето деби имал само 18 години и 361 ден, со што станал најмладиот играч во историјата на шпанската репрезентација. Подоцна тој негов рекорд бил соборен од Сеск Фабрегас. Првите два гола за репрезентацијата ги постигнал во натпреварот против Сан Марино (6 : 0) во рамките на квалификациите за Светското првенство фудбал 2006.

Се нашол на списокот на избрани играчи за Светското првенство 2006. На Европско првенство во фудбал 2008. Рамос ги провел во игра сите 90 минути на секој натпревар, освен одиграниот против Грција (2 : 1) во групната фаза. Шпанија го освоила првенството со победа над Германија (1 : 0) во финалето. Во текот на славењето кое било после натпреварот, Рамос ја носел маицата во чест на неговиот загинат пријател и соиграч од Севиља, Антонио Пуерта.

Со репрезентацијата го освоил и третото место на Купот на конфедерации 2009. На Светското првенство 2010 бил стартер на сите натпревари, а Шпанија го освоила ова првенство со победа над Холандија (1 : 0) во финалето.

Трофеи уреди

Реал Мадрид уреди

Репрезентација на Шпанија уреди

Наводи уреди

  1. „FIFA World Cup South Africa 2010: List of players“ (PDF). FIFA. 4 June 2010. стр. 29. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-06-16. Посетено на 13 September 2013.

Надворешни врски уреди