Колдвелов каталог (анг. Caldwell Catalogue) — астрономски каталог на 109 сјајни ѕвездени јата, маглини и галаксии за набљудување во аматерската астрономија. Списокот го составил англискиот астроном Патрик-Колдвел Мур, попознат какоа Патрик Мур, кој го предвидел како дополнение на Месјеовиот каталог.

Колаж на Колдвеловите објекти

Месјеовиот каталог честопати се користи во аматерската астрономија како попис на интересни длабоконебесни тела за набљудување, но Мур забележал дека во каталогот остсуствуваат голем број мошне сјајни длабоконебесни тела како Хијадите, Двојното Јато (NGC 869 и NGC 884) и NGC 253. Покрај ова, Месје можел да ги заведе само објектите видливи од северната полутопка, па затоа во каталогот воопшто не се застапени сјајните објекти од јужната небесна полутопка како Омега Кентаур(и), Кентаур A, NGC 4755 и 47 Тукан.[1][2] Затоа Мур веднаш составил список од 109 објекти (ист број на објекти како во Месјеовиот каталог) и го објавил во списанието Sky & Telescope во декември 1995.[3]

Од неговото објавување до денес, овој каталог ужива голема популарност кај аматерите. Малите грешки при составувањето се подоцна исправени во подновено издание. Во необичен потег, Мур решил да го именува каталогот по неговото второ презиме, па затоа означувањето ја содржи буквата „C“ пред бројката.[4]

Според гореневеденото, списокот е составен од објекти кои биле веќе откриени од професионалци, а често им служат на аматерите. за разлика од објектите во Месјеовиот каталог, кои се наведени по редослед на откривање, Колдвеловиот каталог е подреден по деклинација - C1 е најсеверно, а C109 е најјужно (со исклучок на NGC 4244 и Хијадите, кои не го следат редоследот).[1] Првичната верзија на каталогот неисправно го смета јатото S Рамнило (NGC 6087) за објект NGC 6067, а јатото Ламбда Кентаур(и) (IC 2944) е погрешно именувано „Гама Кентаур(и)“.[1]

Се смета дека аматерот треба да почне да ги набљудува објектите од Месјеовиот каталог, да продолжи со Колдвеловиот, а потоа Хершеловиот (Herschel 400). Вака љубителот ќе види вкупно 600 објекти. Вкупниот број на објекти во овие каталози заедно впрочем изнесува 618, но некои од нив се повторуваат.

Колдвелова ѕвездена карта

уреди
 
Ѕвездена карта на Колдвеловите објекти

Број на објекти во каталогот по тип

уреди
Темни маглини 1
Галаксии 35
Збиени јата 18
Маглини 9
Ѕвездени јата 25
Ѕвездени јата и маглини 6
Планетарни маглини 13
Остатоци од супернова 2
Вкупно 109

Колдвелови објекти

уреди

Легенда

уреди
Ѕвездено јато
Маглина
Галаксија
Колдвелов број NGC-број Народно име Слика Тип Оддалеченост
(илјади сг)
Соѕвездие Привидна
величина
C1 NGC 188     Расеано јато 4,8 Кефеј 8,1
C2 NGC 40 маглина „Пеперушка“ Планетарна маглина 3,5 Кефеј 11
C3 NGC 4236     Галаксија 7.000 Змеј 9,7
C4 NGC 7023 маглина „Перуника“ Расеано јато и маглина 1,4 Кефеј 7
C5 IC 342     Галаксија 13.000 Жирафа 9
C6 NGC 6543 маглина „Мачкино Око“   Планетарна маглина 3 Змеј 9
C7 NGC 2403     Галаксија 14.000 Жирафа 8,4
C8 NGC 559     Расеано јато 3,7 Касиопеја 9,5
C9 Sh2-155 маглина „Пештера“   Маглина 2,8 Кефеј -
C10 NGC 663     Расеано јато 7,2 Касиопеја 7,1
Колдвелов број NGC-број Народно име Слика Тип Оддалеченост
(илјади сг)
Соѕвездие Привидна
величина
C11 NGC 7635 маглина „Меур“   Маглина 7,1 Касиопеја -
C12 NGC 6946   Галаксија 18.000 Кефеј 8,9
C13 NGC 457 јато „Був“   Расеано јато - Касиопеја 6,4
C14 NGC 869 и NGC 884 Двојно Јато“, „H и χ Персеј“   Расеано јато 7,3 Персеј 4
C15 NGC 6826 „Трепкачка Планетарна Маглина“   Планетарна маглина 2,2 Лебед 10
C16 NGC 7243     Расеано јато 2,5 Гуштер 6,4
C17 NGC 147     Галаксија 2.300 Касиопеја 9,3
C18 NGC 185     Галаксија 2.300 Касиопеја 9,2
C19 IC 5146 маглина „Кожурец“   Расеано јато и маглина 3,3 Лебед 7,2
C20 NGC 7000 јато „Северна Америка“   Маглина 1,8 Лебед -
Колдвелов број NGC-број Народно име Слика Тип Оддалеченост
(илјади сг)
Соѕвездие Привидна
величина
C21 NGC 4449     Галаксија 10.000 Ловечки Кучиња 9,4
C22 NGC 7662 „Сина Снежна Топка“   Планетарна маглина 3,2 Андромеда 9
C23 NGC 891     Галаксија 31.000 Андромеда 10
C24 NGC 1275 Персеј A   Галаксија 230.000 Персеј 11,6
C25 NGC 2419     Збиено јато 275 Рис 10,4
C26 NGC 4244     Галаксија 10.000 Ловечки Кучиња 10,2
C27 NGC 6888 маглина „Полумесечина“   Маглина 4,7 Лебед 7,4
C28 NGC 752     Расеано јато 1,2 Андромеда 5,7
C29 NGC 5005     Галаксија 69.000 Ловечки Кучиња 9,8
C30 NGC 7331     Галаксија 47.000 Пегаз 9,5
Колдвелов број NGC-број Народно име Слика Тип Оддалеченост
(илјади сг)
Соѕвездие Привидна
величина
C31 IC 405 маглина „Распламтена Ѕвезда“   Маглина 1,6 Кочијаш -
C32 NGC 4631 галаксија „Кит“   Галаксија 22.000 Ловечки Кучиња 9,3
C33 NGC 6992 маглина „Превез“ Остаток од супернова 2,5 Лебед -
C34 NGC 6960 маглина „Превез“   Остаток од супернова 2,5 Лебед -
C35 NGC 4889     Галаксија 300.000 Береникина Коса 11,4
C36 NGC 4559     Галаксија 32.000 Береникина Коса 9,9
C37 NGC 6885     Расеано јато 1,95 Лисица 6
C38 NGC 4565 галаксија „Игла“   Галаксија 32.000 Береникина Коса 9,6
C39 NGC 2392 маглина „Еским“/„Кловновско Лице“   Планетарна маглина 4 Близнаци 10
C40 NGC 3626     Галаксија 86.000 Лав 10,9
Колдвелов број NGC-број Народно име Слика Тип Оддалеченост
(илјади сг)
Соѕвездие Привидна
величина
C41 Mel25 Хијади   Расеано јато 0,151 Бик 0,5
C42 NGC 7006     Збиено јато 135 Делфин 10,6
C43 NGC 7814     Галаксија 49.000 Пегаз 10,5
C44 NGC 7479     Галаксија 106.000 Пегаз 11
C45 NGC 5248     Галаксија 74.000 Воловар 10,2
C46 NGC 2261 „Хаблова Променлива Маглина“   Маглина 2,5 Еднорог -
C47 NGC 6934     Збиено јато 57 Делфин 8,9
C48 NGC 2775     Галаксија 55.000 Рак 10,3
C49 NGC 2237 маглина „Розета“   Маглина 4,9 Еднорог 9,0
C50 NGC 2244     Расеано јато 4,9 Еднорог 4,8
Колдвелов број NGC-број Народно име Слика Тип Оддалеченост
(илјади сг)
Соѕвездие Привидна
величина
C51 IC 1613     Галаксија 2.300 Кит 9,3
C52 NGC 4697     Галаксија 76.000 Девица 9,3
C53 NGC 3115 галаксија „Вретено“   Галаксија 22.000 Секстант 9,2
C54 NGC 2506     Расеано јато 10 Еднорог 7,6
C55 NGC 7009 маглина „Сатурн“   Планетарна маглина 1,4 Водолија 8
C56 NGC 246     Планетарна маглина 1,6 Кит 8
C57 NGC 6822 Барнародва галаксија   Галаксија 2.300 Стрелец 9
C58 NGC 2360     Расеано јато 3,7 Големо Куче 7,2
C59 NGC 3242 „Јупитеров Дух“   Планетарна маглина 1,4 Водна Змија 9
C60 NGC 4038 галаксии „Пипки“   Галаксија 83.000 Гавран 10,7
Колдвелов број NGC-број Народно име Слика Тип Оддалеченост
(илјади сг)
Соѕвездие Привидна
величина
C61 NGC 4039 галаксии „Атени“ Галаксија 83.000 Гавран 13
C62 NGC 247   Галаксија 6.800 Кит 8,9
C63 NGC 7293 „Завојна Маглина“/„Полжав“   Планетарна маглина 0,522 Водолија 7,3
C64 NGC 2362     Расеано јато и маглина 5,1 Големо Куче 4,1
C65 NGC 253 галаксија „Вајар“/„Сребреник“   Галаксија 9.800 Вајар 7,1
C66 NGC 5694     Збиено јато 113 Водна Змија 10,2
C67 NGC 1097     Галаксија 47.000 Печка 9,3
C68 NGC 6729     Маглина 0,424 Јужна Круна -
C69 NGC 6302 маглина „Бубачка“   Планетарна маглина 5,2 Скорпија 13
C70 NGC 300     Галаксија 3.900 Вајар 9
Колдвелов број NGC-број Народно име Слика Тип Оддалеченост
(илјади сг)
Соѕвездие Привидна
величина
C71 NGC 2477   Расеано јато 3,7 Крма 5,8
C72 NGC 55     Галаксија 4.200 Вајар 8
C73 NGC 1851     Збиено јато 39,4 Гулаб 7,3
C74 NGC 3132 маглина „Осумка“/„Осум Распрснувања“   Планетарна маглина 2 Едро 8
C75 NGC 6124     Расеано јато 1,5 Скорпија 5,8
C76 NGC 6231   Расеано јато и маглина 6 Скорпија 2,6
C77 NGC 5128 Кентаур A Галаксија 16.000 Кентаур 7
C78 NGC 6541     Збиено јато 22,3 Јужна Круна 6,6
C79 NGC 3201     Збиено јато 17 Едро 6,8
C80 NGC 5139 Омега Кентаур(и)   Збиено јато 17,3 Кентаур 3,7
Колдвелов број NGC-број Народно име Слика Тип Оддалеченост
(илјади сг)
Соѕвездие Привидна
величина
C81 NGC 6352     Збиено јато 18,6 Олтар 8,2
C82 NGC 6193     Расеано јато 4,3 Олтар 5,2
C83 NGC 4945     Галаксија 17.000 Кентаур 9
C84 NGC 5286     Збиено јато 36 Кентаур 7,6
C85 IC 2391 јато „Омикрон во Едро“   Расеано јато 0,5 Едро 2,5
C86 NGC 6397     Збиено јато 7,5 Олтар 5,7
C87 NGC 1261     Збиено јато 55,5 Часовник 8,4
C88 NGC 5823     Расеано јато 3,4 Шестар 7,9
C89 NGC 6087[5] јато „S во Рамнило“   Расеано јато 3,3 Рамнило 5,4
C90 NGC 2867     Планетарна маглина 5,5 Кобилица 10
Колдвелов број NGC-број Народно име Слика Тип Оддалеченост
(илјади сг)
Соѕвездие Привидна
величина
C91 NGC 3532     Расеано јато 1,6 Кобилица 3
C92 NGC 3372 маглина „Ета Кобилица“ Маглина 7,5 Кобилица -
C93 NGC 6752     Збиено јато 13 Паун 5,4
C94 NGC 4755 јато „Ковчеже“ Расеано јато 4,9 Јужен Крст 4,2
C95 NGC 6025     Расеано јато 2,5 Јужен Триаголник 5,1
C96 NGC 2516     Расеано јато 1,3 Кобилица 3,8
C97 NGC 3766     Расеано јато 5,8 Кентаур 5,3
C98 NGC 4609     Расеано јато 4,2 Јужен Крст 6,9
C99 - маглина „Вреќа Јаглен“   Темна маглина 0,61 Јужен Крст -
C100 IC 2944 маглина „Ламбда Кентаур“   Расеано јато и маглина 6 Кентаур 4,5
Колдвелов број NGC-број Народно име Слика Тип Оддалеченост
(илјади сг)
Соѕвездие Привидна
величина
C101 NGC 6744     Галаксија 34.000 Паун 9
C102 IC 2602 јато „Тета Кобилица“   Расеано јато 0,492 Кобилица 1,9
C103 NGC 2070 маглина „Тарантула“   Расеано јато и маглина 170 Златна Рипка 8,2
C104 NGC 362     Збиено јато 27,7 Тукан 6,6
C105 NGC 4833     Збиено јато 19,6 Мува 7,4
C106 NGC 104 47 Тукан   Збиено јато 14,7 Тукан 4
C107 NGC 6101     Збиено јато 49,9 Рајска Птица 9,3
C108 NGC 4372     Збиено јато 18,9 Мува 7,8
C109 NGC 3195     Планетарна маглина 5,4 Камелеон -

Белешки

уреди

^ Во изворниот запис погрешно заведено како NGC 6067 - описот се однесува на NGC 6087.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 O'Meara, Stephen James (2002). The Caldwell Objects. Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-82796-6.
  2. „Caldwell Club Introduction“. Посетено на 8 септември 2006.
  3. Moore, Patrick (декември 1995). „Beyond Messier: The Caldwell Catalog“. Sky & Telescope: 38. Архивирано од изворникот (задолжителна претплата) на 2009-01-16. Посетено на 29 август 2006. Наводот journal бара |journal= (help)
  4. Mobberley, Martin (2009). The Caldwell Objects and How to Observe Them. Springer. ISBN 978-1-4419-0325-9.
  5. Во изворниот запис погрешно заведено како NGC 6067 - описот се однесува на NGC 6087.

Надворешни врски

уреди