Часовник (соѕвездие)
Часовник — мало и слабосјајно соѕвездие на јужното небо ( со деклинација од оклолу −60 степени). Името е латински презапис на грчкиот[1] збор за часовник (Horo [ὥρο]- што значи час и logium [λέγειν] што значи покажувач [horologium= покажувач на часови]).
лат. Horologium | |
Кратенка | Hor |
---|---|
Генитивно | Horologii |
Симболизам | Часовник со клатно |
Ректасцензија | 3 ч. |
Деклинација | −60° |
Квадрант | SQ1 |
Површина | 249 (°)² (58-мо) |
Главни ѕвезди | 6 |
Бајерови/Флемстидови ѕвезди | 10 |
Ѕвезди со планети | 2 |
Ѕвезди посјајни од 3,00m | 0 |
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг) | 1 |
Најсјајна ѕвезда | α Hor (3,85m) |
Најблиска ѕвезда | GJ 1061 (11,99 сг, 3,66 пс) |
Месјеови објекти | нема |
Метеорски дождови | непознато |
Соседни соѕвездија | Еридан Мала Водна Змија Мрежичка Златна Рипка Длето |
Видливо на ширина од +30° до −90°. Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец декември. |
Историја
уредиЧасовник за првпат како соѕвездие е исцтрано во XVIII век од страна на аботот Никола Луј де Лакај.[2] Првичното име на соѕвездието било Часовник со Клатно (Horologium Oscillitorium), во чест на пронаоѓачот на истиот Кристијан Хајгенс и неговата книга Часовник со клатно (Horologium Oscillatorium).
Забележителности
уредиЅвезди
уредиЧасовник како соѕвездие не се одликува со сјајни ѕвезди. Алфа Часовник, најсјаната ѕвезда, е портокалов џин со светлинска величина 3,9, на растојание од 117 сг. од Земјата. Бета Часовник е бел џин со светлинска величина 5, и на растојание од 314 сг. од Земјата. Но, сепак соѕвездието содржи неколку променливи ѕвезди. R Часовник е црвен џин Мирида со доста променлив распон на светлинската величина, на растојание од 1000 сг. од Земјата. Минималната светлинска величина изнесува 14,3 додека пак максималната 4,7, во временски период од 13 месеци.[2]
Далечни објекти
уредиЧасовник е соѕвездие во кое има голем број на далечни објекти, т.е. во истото има неколку збиени јата. NGC 1261 е збиено ѕвездено јато со вкупна светлинска величина 8, и на растојание од 44.000 сг, од Земјата.[2] Збиено ѕвездено јато Арп-Мадоре 1 кое се гледа во соѕвездието, и е најоддалеченото збиено јато во Млечниот Пат на растојание од 398.000 сг. од Земјата.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Smith, William (1875). A Dictionary of Greek and Roman Antiquities. London: John Murray. стр. 615‑617.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Ridpath & Tirion 2001, стр. 156-157.
Надворешни врски
уреди„Часовник (соѕвездие)“ на Ризницата ? |