Жирафа (соѕвездие)
Жирафа — големо, слабосјајно соѕвездие на северната небесна сфера. Соѕвездието било осмислено од страна на Петар Планциј во 1612 или 1613 година. Некои од постарите астрономски книги имаат поинакво латиско име за соѕвездието, Camelopardus наместо денес употребуваното Camelopardalis што во превод значи жирафа.[1]
лат. Camelopardalis | |
Кратенка | Cam[1] |
---|---|
Генитивно | Camelopardalis[1] |
Симболизам | Жирафа[1] |
Ректасцензија | 03ч 15м [2] ч. | 36,2.232с–14ч 27м 07,8.855с
Деклинација | 86,0975418°–52,6655540°[2]° |
Површина | 757 (°)² (18-то) |
Главни ѕвезди | 2, 8 |
Бајерови/Флемстидови ѕвезди | 36 |
Ѕвезди со планети | 4 |
Ѕвезди посјајни од 3,00m | 0 |
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг) | 3 |
Најсјајна ѕвезда | β Cam (4,03m) |
Најблиска ѕвезда | LHS 2459 (17,58 сг, 5,39 пс) |
Месјеови објекти | 0 |
Метеорски дождови | Октомвриски Камелопардалиди |
Соседни соѕвездија | Змеј Мала Мечка Кефеј Касиопеја Персеј Кочијаш Рис Голема Мечка |
Видливо на ширина од +90° до −10°. Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец февруари. |
Потекло на поимот
уредиПрвпат зборот со латинско потекло camelopardalis се сретнува во англискиот јазик во 1785 година,[3] и станува збор за латинизација на грчкиот збор „καμηλοπάρδαλις“ што значи жирафа,[4] од „κάμηλος“ (kamēlos), камила[5] + „πάρδαλις“ (pardalis), леопард,[6] поради тоа што животното имало долг врат како камила а шари на телото како леопард.
Забележителности
уредиStars
уредиИако Жирафа е 18-то по големина соѕвездие, не станува збор за особено сјајно соѕвездие, бидејќи најсјајните ѕвезди имаат светлинска величина 4. Всушностт, содржи само 4 ѕвезди со светлинска величина поголема од 5.[7]
- α Cam е синобел суперџин со светлинска величина 4,3, 5.000 сг. од Земјата. Ова растојание е невообичаено за ѕвезда која може да се набљудува со голо око.[1]
- β Cam е најсјајната ѕвезда во Жирафа со светлинска величина 4,03. Оваа ѕвезда е двојна ѕвезда, чиј ѕвезди имаат светлински величини 4[8] и 8,6. Првичната ѕвезда е жолт суперџин на растојание од 1.000 сг. од Земјата.[1]
- 11 Cam е ѕвезда со светлинска величина 5,2, 650 сг. од Земјата. И е мошне близу до 12 Cam ѕвезда со светлинска величина 6,1 , исто така на растојание од 650 сг. од Земјата, но не станува збор за двојна ѕвезда поради нивното меѓусебно растојание.[1]
- Σ 1694 (Струве 1694, 32 Cam) е двојна ѕвезда на 300 сг. од Земјата. Двете ѕвезди се синобели, првичната е со светлинска величина 5,4 и втората е со светлинска величина 5,9.[1]
- CS Cam е втората по сјајност ѕвезда, но истата нема ни Бајерова ознака ниту пак Фламстидова ознака. Станува збор за ѕвезда со светлинска величина 4,21 и е занемарливо променлива ѕвезда.[8]
Други променливи ѕвезди се: U Жирафа, VZ Жирафа, и Миридите T Жирафа, X Жирафа и R Жирафа.[8] RU Жирафа е една од посјајните кефеиди видливи на ноќното небо.
Во 2011 година беше откриена супернова во ова соѕвездие.[9]
Далечни објекти
уредиЖирафа е во делот на небесната сфера кој гледа спротивно на галактичката рамнина. Според тоа многу од далечните галаксии се видливи во неговите граници. NGC 2403 е галаксија во групата на галаксии M81, на растојание од 12 милиони сг. од Земјата[10][1] со црвено поместување од 0,00043. Глаксијата се класифицира како мешавина од елиптична и спирална галаксија бидејќи истата поседува слабосјајни краци и изразито голема централна испакнатост. NGC 2403 за првпат била забележана од астрономот Вилијам Хершел во XVIII век, кој во тој период работел во Англија.[10] Има вкупна светлинска величина 8 и должина од 0.25°.[1]
NGC 1502 е расејано ѕвездено јато со светлинска величина 6,9 и на растојание од 3.000 сг. од Земјата. Истото има 45 сјајни ѕвезди, како и двојна ѕвезда во центарот со светлинска величина 7.[11] NGC 1502 се поврзува и со Кембеловата Каскада, едноставен но убав астеризам кој се појавува на небото како синџир од ѕвезди со должина од 2,5° напоредно со Млечниот Пат и насочен кон Касиопеја (соѕвездие)Касиопеја.[1] NGC 1501е планетарна маглина јужно на растојание од 1,4° од NGC 1502.
NGC 2655 е мала галаксија. IC 342 е една од двете посветли галаксии во IC 342/Мафејовата група на галаксии. Џуџестата неправилна галаксија NGC 1569 Ѕвездородна галаксија е со светлинска величина 11,9 и на растојание од 11 милиони сг.
MS0735.6+7421 е галактичко јато со црвено поместување од 0,216, на растојание од 2.6 милијарди сг. од Земјата. Интересно е поради својата невообичаена меѓујатна средина, која оддава рендгенски зраци со голема честота. Галактичкото јато има и две празнини со прелник од 600.000 сг., предизвикани од централната супермасивна црна дупка, која оддава млазови материја. MS0735.6+7421 е едно од најголемите и најоддалечените примери за оваа појава.[10]
Томбаух 5 е слабосјано расеано ѕвездено јато во Жирафа. Со вкупна светлинска величина 8,4 и на растојание од 5.800 сг. од Земјата. Станува збор за класа Шепли c и Трумплерова класа III 1 r, што значи дека е неправилно обликувано и слабо поврзано. Иако не е поврзано со ѕвезденото поле, нема никаква концентрација на ѕвезди во центарот. Поседува повеќе од 100 ѕвезди кои не се разликуваат по својата сјајност[12] повеќето се со светлинска величина 15 и 16.[13]
NGC 2146 пречкеста спирална ѕвездородна галаксија со светлинска величина 11 и завртена поради заемодејството со соседната галаксија.
MACS0647-JD, еден од кандидатите за можна најоддалечена галаксија во универзумот (z= 10,7), која се наоѓа во соѕвездието Жирафа.
Метеорски дождови
уредиГодишниот метеорски дожд Камелопардалиди потекнува од кометата 209P/LINEAR како радијант во Жирафа.
Вселенско истражување
уредиВселенската сонда Војаџер 1 се движи во насока на ова соѕвездие но нема да се приближи до ниту една ѕвезда од ова соѕвездие во наредните илијадници години, период во кој изворот на енергија на сондата ќе биде целосо исцрпен.
Историја
уредиЖирафа како соѕвездие била создадено од Петар Планциј во 1613 година и го претставувало животното кое Ребека го јавала за време на свадбата со Исак во Библијата.[1] Една година подоцна, Јакоб Барч го претставил во својот атлас. Јохан Хевелиј му го дал официјалното име „Camelopardus“ или „Camelopardalis“ бидејќи многу од несјајните ѕвезди му наликувале на шарите на жирафа.[7]
Претстава
уредиХанс Августо Реј има посочено друг начин на кој можат да се поврзат ѕвездите во Жирафа за да се добие обликот на жирафата.
Телото на жирафата е претставено како четриаголник од ѕвездите α Cam, β Cam, BE Cam и γ Cam: α Cam и β Cam се со светлинска величина 4. Ѕвездите HD 42818 (HR 2209) и M Cam ја образуваат главата на жирафата, додека ѕвездите M Cam и α Cam го образуваат долгиот врат. Ѕвездите β Cam и 7 Cam ја образуваат предната нога на жирафата и променливите ѕвезди BE Cam и CS Cam ја образуваат задната нога на жирафата.
Источна астрономија
уредиВо кинеската астрономија, ѕвездите во Жирафа се сместени во цикумполарна група од ѕвези наречена Виолетова Забранета Градба (紫微垣 Ѕе веј јуен).
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 Ridpath 2001, стр. 92-93.
- ↑ 2,0 2,1 „Camelopardalis, constellation boundary“. The Constellations. International Astronomical Union. Посетено на 14 February 2014.
- ↑ Lewis, Charlton T.; Short, Charles. „camelopardalis“. A Latin Dictionary. Perseus Digital Library. Посетено на 8 June 2012.
- ↑ Liddell, Henry George; Scott, Robert. „καμηλοπάρδαλις“. A Greek-English Lexicon. Perseus Digital Library. Посетено на 8 June 2012.
- ↑ Liddell, Henry George; Scott, Robert. „κάμηλος“. A Greek-English Lexicon. Perseus Digital Library. Посетено на 8 June 2012.
- ↑ Liddell, Henry George; Scott, Robert. „πάρδαλις“. A Greek-English Lexicon. Perseus Digital Library. Посетено на 8 June 2012.
- ↑ 7,0 7,1 Staal 1988, стр. 241.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 Norton 1973, стр. 118=119.
- ↑ Boyle, Rebecca (3 January 2011). „10-Year-Old Canadian Girl Is The Youngest Person Ever to Discover a Supernova“. Popular Science. Посетено на 8 June 2012.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 Wilkins & Dunn 2006.
- ↑ Revised NGC/IC Data 2013. Dr. Wolfgang Steinicke.
- ↑ Levy 2005, стр. 89.
- ↑ Levy 2005, стр. 91.
Надворешни врски
уреди„Жирафа (соѕвездие)“ на Ризницата ? |