Индекс-каталог

Индекс-каталог (англ. Index Catalogue, IC) или Индекс-каталог на маглини (Index Catalogue of Nebulae), Индекс-каталог на маглини и ѕвездени јата (Index Catalogue of Nebulae and Clusters of Stars), IC I и IC IIкаталог на галаксии, маглини и ѕвездени јата кој оди во прилог на Новиот општ каталог (New General Catalogue). За првпат е објавен во 1895 г., а денес има преку 5.387 објекти, наречени IC објекти.

Составувач на каталогот е Јохан Лудвиг Емил Дрејер во 1880-тите, кој го објавил во два прилога (IC I[1]& IC II[2]) кон Новиот општ каталог. Во него се попишани галаксиите, јатата и маглините откриени во периодот од 1888 до 1907 г.

БелешкиУреди

  1. Index Catalogue of Nebulae found in the years 1888 to 1894, with Notes and Corrections to the New General Catalogue, Dreyer J. L. E., 1895, Mem. R. Astron. Soc., 51, 185-228
  2. Index Catalogue of Nebulae and Clusters of Stars,containing objects found in the years 1895 to 1907; with Notes and Corrections to the New General Catalogue and to the Index Catalogue for 1888-94, Dreyer J. L. E., 1908, Mem. R. Astron. Soc., 59, 105-198

ПоврзаноУреди

Надворешни врскиУреди