Крма (соѕвездие)
Крма (лат. Puppis, Pup) — соѕвездие на јужното небо. Неговото латинско име означува „крма на брод“, и првобитно било дел од поголемото соѕвездие, Брод Арго (Argo Navis), кое подоцна е поделено на три дела. Останатите соѕвездија се: Кобилица и Едро. Соѕвездието Крма е најголемото од трите.
лат. Puppis | |
Кратенка | Pup |
---|---|
Генитивно | Puppis |
Ректасцензија | 7.5 ч. |
Деклинација | −30° |
Површина | 673 (°)² (20th) |
Главни ѕвезди | 9 |
Бајерови/Флемстидови ѕвезди | 76 |
Ѕвезди со планети | 6 |
Ѕвезди посјајни од 3,00m | 1 |
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг) | 2 |
Најсјајна ѕвезда | ζ Pup (Наос) (2.25m) |
Најблиска ѕвезда | HD 69830 ( сг, пс) |
Месјеови објекти | 3 |
Метеорски дождови | Пи Крма Зета Крма пупид-велиди |
Соседни соѕвездија | Еднорог Компас Едро Кобилица Сликар Гулаб Големо Куче Водна Змија |
Видливо на ширина од +40° до −90°. Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец февруари. |
Особености
уредиЅвезди со имиња
уредиБајерово означување | Име | Потекло | Значење |
---|---|---|---|
ζ | Наос | грчки | брод |
ξ | Асмидиске | грчки | највисокиот дел од бродскиот труп |
Планетарни системи
уредиПронајдени се неколку системи со вонсончеви планети околу ѕвездите во ова соѕвездие, меѓу кои:
- На 1 јули 2003 година, пронајдена е планета која кружи околу ѕвездата HD 70642. Овој планетарен систем е налик на Јупитер со широка орбита и долг период на орбитирање.
- На 17 мај 2006 година, откриено е дека HD 69830 (најблиската ѕвезда од ова соѕвездие) има три планети со големина на Нептун, што претставува првиот повеќеѕвезден систем во кој нема планета налик на Јупитер или на Сатурн. Таа ѕвезда исто така има и астероиден појас во реонот меѓу средната и надворешната.
- На 21 јуни 2007 година, пронајдена е првата планета во ѕвезденото јато NGC 2423, околу ѕвездата која е црвен џин - NGC 2423-3. Планетата е најмалку 10,6 пати поголема од Јупитер и орбитира на растојание од 2,1 ае.
- На 22 септември 2008 година, пронајдени се две планети налик на Јупитер околу HD 60532. HD 60532 b има минимална маса од 1,03 MJ, орбитира на 0,759 ае, а ѝ требаат 201,3 дена за да ја помине целата орбита. HD 60532 c има минимална маса од 2,46 MJ, орбитира на растојание од 1,58 ае, а ѝ требаат 604 дена за да ја помине целата орбита.
Наводи
уреди- Ian Ridpath and Wil Tirion (2007). Stars and Planets Guide, Collins, London. ISBN 978-0007251209. Princeton University Press, Princeton. ISBN 978-0691135564.
- Richard Hinckley Allen, Star Names, Their Lore and Legend, New York , Dover.
Надворешни врски
уреди- Крма (соѕвездие) на Ризницата ?
- Фотографски водич низ соѕвездието: Крма