Рамнило (соѕвездие)
Рамнило — мало прикриено соѕвездие на јужната полутопка меѓу Скорпија и Кентаур. Името потекнува од латинскиот збор norma што значи нормала, и се однесува на правиот агол, а се смета дека претставува линијар, столарски аголник, збир од аголници или рамнило.
лат. Norma | |
Кратенка | Nor |
---|---|
Генитивно | Normae |
Симболизам | the carpenter's square |
Ректасцензија | 16,05 ч. |
Деклинација | −52,01° |
Квадрант | SQ3 |
Површина | 165 (°)² (74-то) |
Главни ѕвезди | 2 |
Бајерови/Флемстидови ѕвезди | 13 |
Ѕвезди со планети | 4 |
Ѕвезди посјајни од 3,00m | 0 |
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг) | 0 |
Најсјајна ѕвезда | γ2 Nor (4,01m) |
Најблиска ѕвезда | HD 145417 (44,83 сг, 13,75 пс) |
Месјеови објекти | 0 |
Метеорски дождови | Гама Нормиди |
Соседни соѕвездија | Скорпија Волк Шестар Јужен Триаголник Олтар |
Видливо на ширина од +30° до −90°. Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец јули. |
Историја
уредиРамнило првично именувано на француски јазик како,„l’Equerre et la Regle“, е едно од соѕвездијата осмислени од аботот Никола Луј де Лакај кон средината на 1750-тите, кога мерел над 10.000 ѕвезди додека престојувал на ’Ртот на Добра Надеж.[1] Рамнило го претставува столарскиот аголник, кој се користел во добата на истражувања од страна на столарите на истражувачките бродови.[2]
Забележителности
уредиЅвезди
уредиМлечниот Пат минува низ рамнило.
Рамнило ги нема α и β ѕвездите. Тие се сега дел од соѕвездието Скорпија под имињата - N Sco и H Sco. Најсјајната ѕвезда во Рамнило, γ2 Normae, е со светлинска величина 4. Важни ѕвезди кои се издвојуваат во соѕвездието Рамнило се:
- γ1 Nor и γ2 Nor се оптичка двојна ѕвезда. γ2 Nor и самата е е блиска оптичка ѕвезда со HJ 4841.
- ε Nor: релативно неподвижна двојна ѕвезда (HJ 4853). Светлинските величини на двете ѕвезди се 4,54 и 6,68, на растојание од 22 лаќни секунди една од друга во PA 335°. Потемната ѕвезда е пак спектроскопска двојна ѕвезда со светлински величини 6,68 и 7,12.
- ι1 Nor: многубројна ѕвезда. Парот AB (со светлински величини 5,6 и 5,8) е брзо орбитален пар со период од 26,9 години во 2000 година растојанието меѓу нив било 0,5 лачни секунди во PA 285°. Ѕвездата C, е со светлинска величина 8,75, и на растојание од парот АB од 11" во PA 242°, и не е припадник на системот, бидејќи е на растојание од 55 сг. од Земјата, додека пак парот АВ е на растојание од 140 сг.
- μ Nor се смета дека е променива ѕвезда од типот Алфа Лебед, со промена на светлинската величина од 4,87 до 4,98. Истата е ѕвезда со спектрална класа O9,7 Iab.
- R Рамнило е Мирида. Промената на светлинската величина е од 6,5 до 13,9 во временски период од 507,5 денови.
- S Рамнило е добро позната кефеида со промена на светлинската величина од 6,12 до 6,77 во период од 9,75411 денови.[3] Сместена е во центарот на расеаното јато NGC 6087.
Далечни објекти
уредиПоради својата местоположба во Млечниот Пат, ова соѕвездие содржи многу далечни објекти, од кои најзабележително е NGC 6087.
- NGC 6067 е расеано ѕвездено јато, кое се наоѓа на 1° северно од Капа Рамнило. Содржи околу 100 ѕвезди со светлинска величина 10 и има вкупна светлинска величина 5,6.
- NGC 6087 е најсјајното расеано ѕвездено јато во Рамнило, се наоѓа ма југоисточниот агол од соѕвездието меѓу α Centauri и ζ Arae. На растојание од 3.500 сг. од Земјата и содржи 40 ѕвезди со светлинска величина од 7 до 11. Најсјаен член е кефеидата S Рамнило. Со светлинска величина 5.4.
- Sp 1 (или PK 329+02.1) е планетарна маглина позната и како маглината Тенок Прстен. И е на 5 степени западно-северозападно од γ1 Nor, растојанието на истата е пресметано и добиени се вредности кои се движат од 1.000 до 4.700 сг. Вкупната светлинска величина изнесува 13,6 а површинската сјајност 13,9. Централната ѕвезда е бело џуџе со светлинска величина 14,03.
- Ејбел 3627, наречено и Рамнилско Јато, е галактичко јато на растојание од 200 милиони сг. од Земјата со црвено поместување од 0,016. Станува збор за едно од најмасивните галактички јата од оние за кои се знае дека постојат, со маса 10 пати поголема од просечната маса на јатата, и се смета дека станува збор за т.н. Голем Привлекувач, масивен објект кој ги привлекува Месната Група, суперјатото Девица и суперјатото Водна Змија- кентаур кон себе со брзина од 600 до 1000 км/с.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Ridpath, Ian. „Norma“. Star Tales. Посетено на 9 July 2012.
- ↑ Staal 1988, стр. 254.
- ↑ Watson, Christopher (4 January 2010). „S Normae“. AAVSO Website. American Association of Variable Star Observers. Посетено на 12 March 2014.
- ↑ Wilkins & Dunn 2006.
Надворешни врски
уреди„Norma (constellation)“ на Ризницата ? |