Гулаб (соѕвездие)
Гулаб — мало, слабосјајно соѕвездие создадено во доцниот XVI век. Името потекнува од латинскиот збор columba што означува гулаб. Се наоѓа јужно од Големо Куче и Зајак.
лат. Columba | |
Кратенка | Col |
---|---|
Генитивно | Columbae |
Симболизам | Гулаб |
Ректасцензија | 05ч 03м [1] ч. | 53,8.665с–06ч 39м 36,9.263с
Деклинација | −27,0772038°–−43,1116486°[1]° |
Површина | 270 (°)² (54-то) |
Главни ѕвезди | 5 |
Бајерови/Флемстидови ѕвезди | 18 |
Ѕвезди со планети | 1 |
Ѕвезди посјајни од 3,00m | 1 |
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг) | 0 |
Најсјајна ѕвезда | α Col (Факт) (2,65m) |
Најблиска ѕвезда | Глизе 218 (48,89 сг, 14,99 пс) |
Месјеови објекти | 0 |
Метеорски дождови | нема |
Соседни соѕвездија | Зајак Длето Сликар Крма Големо Куче |
Видливо на ширина од +45° до −90°. Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец февруари. |
Историја
уредиСоѕвездието Гулаб било осмислено од страна на холандскиот астроном Петар Планциј во 1592 година, за да ги оддели недефинираните ѕвезди во поголемото соѕвездие Големо Куче.[2] Планциј првично Гулаб го претставил на малите ѕвездени карти на неговата поголема ѕидна карта од 1592 година. Исто така е прикажано на помалата светска карта од 1594 година и на другите небесни глобуси.
Планциј првично соѕвездието го нарекол Гулабот на Ное („Columba Noachi“), во чест на гулабот кој му укажал на Ное дека завршила големата поплава. Ова име се сретнува на небесните глобуси и ѕвездени атласи во раниот XVII век (како Бајеровата Уранометрија од 1603 година.[3]). Гулаб исто така можно е да го претставувал и гулабот кој бил пуштен од Јасон и Аргонаутите на протокот на Црното Море, и им помогнал безбедно да ги поминат опасните Симплегади.[2]
Иако Планциј се смета за создавач на ова соѕвездие, постоењето на соѕвездието Гулаб може да му се додаде Климент Александриски, но не се знае дали се земени ѕвездите од ситата група.[4] Во продолжени ако се земе предвид и митолошката поврзаност на Гулаб со Јасон и Аргонаутите, и небесната положба на Гулаб над Крма, дел од соѕвездието кое некогаш се нарекувало Брод Арго, наведува дека ова соѕвездие можеби има антички корени, и покрај пропустот од страна на Птоломеј.[5][6]
На Друштвените острови, ѕвездата Алфа Гулаб (Факт) се нарекувала Ana-iva.[7]
Забележителности
уредиЅвезди
уредиГулаб е неприметливо соѕвездие, најсјајната ѕвезда е Алфа Гулаб, со светлинска величина 2,7. Алфа Гулаб, е синобела ѕвезда која се нарекува и Факт, што значи „прстенест гулаб“. Алфа Гулаб е на растојание од 268 сг. од Земјата. Друга именувана ѕвезда во гулаб е Бета Гулаб, кој се нарекува и Вазн. Станува збор за портокалова џиновска ѕвезда со светлинска величина 3,1, на 86 сг. од Земјата.[2]
Гулаб е соѕвездие кое е во сончевиот апекс, Земјата и Сонцето се оддалечуваат од него како што системот се движи низ вселената.
Соѕвездието содржи и пребегната ѕвезда μ Columbae, која најверојатно била исфрлена од системот ι Orionis.
Далечни објекти
уредиВо Гулаб постои едно збиено ѕвездено јато, NGC 1851, со светлинска величина 7 и на растојание од 35.000 сг од Земјата и истото може да се набљудува од среден аматерски телескоп.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Columba, constellation boundary“. The Constellations. International Astronomical Union. Посетено на 27 February 2014.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Ridpath & Tirion 2001, стр. 120-121.
- ↑ „Canis Maior and Columba in Bayers Uranometria 1603 (Linda Hall Library)“. Архивирано од изворникот на 2012-04-18. Посетено на 2014-09-12.
- ↑ Richard H. Allen (1899) Star Names: Their Lore and Meaning, pp. 166-168 <http://penelope.uchicago.edu/Thayer/E/Gazetteer/Topics/astronomy/_Texts/secondary/ALLSTA/Columba_Noae*.html>.
- ↑ P.K. Chen (2007) A Constellation Album: Stars and Mythology of the Night Sky, p. 126 (ISBN 978-1-931559-38-6).
- ↑ Chen, p. 126.
- ↑ Makemson 1941, стр. 281.
Надворешни врски
уреди„Гулаб (соѕвездие)“ на Ризницата ? |