Астрономски каталог
Астрономски каталог — список или табела на астрономски објекти, групирани по ист тип, морфологија, потекло, средство на пронаоѓање или начин на откривање. Се изработуваат со извидување и попишување на објектите на небото.
Каталози од историска важност
уреди- „Книга на неподвижните ѕвезди“ (арап. كتاب سور الكواكب) од персискиот научник Абдурахман ел-Суфи (Азофи), објавен во 964 г. - дава подробен опис на над илјада ѕвезди и првиот опис на галаксијата Андромеда[1] (Гумно) и Големиот Магеланов Облак.[2][3]
- „Уранометрија“ (лат. Uranometria) од германскиот астроном Јохан Бајер - објавена во 1603. Содржи 1200 ѕвезди заведени по т.н. Бајерово означување: грчки букви со генитивниот назив на матичното соѕвездие, како на пример α Centauri (Алфа Кентаур(и)).
- „Историја на британското небо“ (лат. Historia coelestis Britannica) од англискиот астроном Џон Флемстид - објавено во 1725, ги наведува ѕвездите по т.н. Флемстидово означување: двоцифрени број и генитивниот назив на матичното соѕвездие, како на пр. 61 Cygni (61 Лебед).
- Шарл Месје Месјеов каталог - „Маглини и ѕвездени јата“ - објавен во 1781, со објекти M1 – M110.
- „Нов општ каталог“ (англ. New General Catalogue) - составен во 1880-тите, содржи објекти NGC 0001 – NGC 7840.
- каталог „Хенри Дрејпер“ (англ. Henry Draper Catalog) од американскиот астроном Хенри Дрејпер (обј. 1918-1924) - содржи над 225.000 најсјајни ѕвезди, именувани со ознаката HD и шестцифрен број.
- Колдвелов каталог (англ. Caldwell catalogue) - составен од англискиот астроном Патрик Мур во 1995 како дополнување на Месјеовиот каталог. Наведените се 109 сјајни ѕвездени јата, маглини и галаксии. Ознаките се движат од C1 до C109. Ова не е вистински астрономски каталог во потесна смисла на зборот, туку збирка од интересни објекти наменета за аматерите.
- 2MASS - најамбициозниот потфат за заведување на објектите на небото. Меѓу целите на проектот се вбројуваат кафеави џуџиња, опсежно попишување на нискомасивни ѕвезди и сите откриени ѕвезди и галаксии. Заведени се над 300 милиони точкести и 1 милион просторни извори.
Често користени каталози
уреди- Хипаркосов каталог (англ. Hipparcos Catalogue) - содржи податоци за околу 118.000 ѕвезди.
- „Тихо-2“ (Tycho-2) - содржи податоци за околу 2.500.000 ѕвезди. Именуван во чест на данскиот астроном Тихо Брахе.
- USNO B1.0 (1.042.618.261 ѕвезди/галаксии)[4]
- „6-та орбита“ (англ. 6th Orbit Catalog) - каталог на орбитални елементи во двојните и повеќекратните ѕвездени системи
- „Вашингтонски каталог на двоѕвезди“ (анг. Washington Double Star Catalog)
- „Каталог на сјајни ѕвезди“ (анг. Bright Star Catalogue)
- NOMAD[5] и придружните каталози[6]
Поврзано
уреди- Список на астрономски каталози
- Ѕвезден каталог
- Астрограф - инструмент за изработка на астрономски каталози
Наводи
уреди- ↑ Kepple, George Robert; Glen W. Sanner (1998). The Night Sky Observer's Guide, Том 1. Willmann-Bell, Inc. стр. 18. ISBN 0-943396-58-1.
- ↑ „Observatoire de Paris (Abd-al-Rahman Al Sufi)“. Посетено на 19 април 2007.
- ↑ „Observatoire de Paris (LMC)“. Посетено на 19 април 200. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-09-22. Посетено на 2011-04-08.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-09-05. Посетено на 2011-04-08.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-09-07. Посетено на 2011-04-08.
Надворешни врски
уреди- Пребарување на највеќето астрономски каталози Архивирано на 23 јуни 2007 г. (англиски)