Гавран (соѕвездие)
Гавран — мало соѕвездие на јужното небо. Името потекнува од латинскиот збор corvus што означува гавран или чавка. Вклучува само 11 ѕвезди видливи со голо око. Станува збор за едно од 48-те соѕвездија забележани од Птоломеј кој изброил само 7 ѕвезди во II век,[1] и истото останало едно од 88-те современи соѕвездија.
лат. Corvus | |
Кратенка | Crv |
---|---|
Генитивно | Corvi |
Симболизам | Чавка/Гавран |
Ректасцензија | 12 ч. |
Деклинација | −20° |
Квадрант | SQ3 |
Површина | 184 (°)² (70-то) |
Главни ѕвезди | 4 |
Бајерови/Флемстидови ѕвезди | 10 |
Ѕвезди со планети | 1 |
Ѕвезди посјајни од 3,00m | 3 |
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг) | 1 |
Најсјајна ѕвезда | γ Crv (Гиена) (2,59m) |
Најблиска ѕвезда | Рос 695 (28,99 сг, 8,89 пс) |
Месјеови објекти | нема |
Метеорски дождови | Корвиди (26 јуни) |
Соседни соѕвездија | Девица Пехар Водна Змија |
Видливо на ширина од +60° до −90°. Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец мај. |
Забележителности
уредиЅвезди
уредиЧетрите основни ѕвезди, δ, γ, ε, и β Crv, создаваат астеризам познат како „Спиковбезан“[2] or "the Sail".[3][4] γ и δ се користат како посочувачи кон Спика.
Четрите ѕвезди во Гавран се мошне незначајни. Алфа Гавран, наречена и Алхиба, е бела ѕвезда со светлинска величина 4, 40 сг. од Земјата. Бета Гавран е жолта џиновска ѕвезда со светлинска величина 2,7, 140 сг. од Земјата Гама Гавран, наречена и Гиена, е најсјаната ѕвезда во Гавран со светлинска величина 2,6. 165 сг. од Земјата, станува збор за сино-бек џин. Традиционалното име означува „крило“. Делта Гавран, наречена и Алгораб, е двојна ѕвезда која може да се набљудува одделно со мал аматерски телескоп. Првичната е синобела ѕвезда со светлинска величина 2,9, 88 сг. од Земјата. Втората е виолетова ѕвезда со светлинска величина 9. Традиционалното име означува „гавран“.[5]
Струве 1669 е двојна ѕвезда која може да се набљудува одделно со мал аматерски телескоп, 280 сг. од Земјата. Парот се состои од две бели ѕвезди, и може да се види со голо око при светлинска величина 5,2. Првичната ѕвезда има светлинска величина 5,9 а втората 6.[5]
31 Пехар (ѕвезда првично сместена во Пехар) е со светлинска величина 5,2 која еднен период по грешно се сметала за месечина на Меркур.
TT Гавран е полупроменлива ѕвезда црвен џин со спектрална класа M3IIIи светлинска величина 6,48 ана растојание од 923 сг. од Земјата.[6]
Далечни објекти
уредиГавран не содржи Месјеови објекти.
Пипки се невообичаени галаксии, со ознаки NGC 4038 и NGC 4039, кои всушност се заемоделувачки галаксии кои како да имаат облик на срце гледани од Земјата. Името „Пипки“ потекнува од долгите плини опашки кои произлегуваат од краевите на двете галаксии, создадени од првичниот вртеж на галаксиите. Двете галаксии првично биле спирални галаксии кои во моментот поминуваат низ силно создавање на ѕвезди поради заемодејството на облаците од гас. Галаксиите се на растојание од 45 милиони сг. од Земјата и секоја од нив поседува силни извори на рендгенски зраци, чие потекло е непознато. Астрономите претпоставуваат дека станува збор за ретките рендгенскооддавни двојни ѕвезди или средноголеми црни дупки.[7] Во телескопите, Пипките сјааат со светлинска величина 10.[5]
Во центарот на Гавран е сместена планетарната маглина NGC 4361. Самата маглина наликува на њлиптична галаксија, но ѕвездата со светлинска величина 13 ја разоткрива вистинската природа на објектот.
Историја и митологија
уредиГрчкото гледиште за Гавран е првземено од Вавилонскиот Гавран (MUL.UGA.MUSHEN), кој бил со иста местоположба сместен на опашката од Змијата. Вавилонското соѕвездие било свето за Адад, богот на дождот и бурите, во вториот милениум п.н.е. ќе се појавело на хоризонтот пред појавата на есенската дождлива сезона.[8]
Еден мит поврзан со Гавран е дека Аполон и Коронида. Коронида му била неверна на својот љубовник, кој кога дознал за ова од една бела чавка. Аполон и ги поцрнел пердувите од бес.[5]
Друг мит кој се поврзува со Гавран е дека една чавка застанала на патот и наместо да донесе вода за Аполон, таа се најала смокви. И наместо да му ја каже вистината на Аполон, му кажала дека змија, Водна Змија, ја попречила да дојде до водата, држејки змија во своите канџи како доказ. Аполон видел дека се работи за лага, и, со едно замавнување ги поставил Гавран, (Пехар), и змијата (Водна Змија) на небото. И се погрижил лажливата птица секогаш да биде жедна, и во вистинскиот и во животот на небото, каде пехарот е секогаш вон дофат.[5]
Источна астрономија
уредиВо кинеската астрономија, ѕвездите од Гавран се сместени во Прекрасна Птица на југ (南方朱雀, Нан фанг џу ќуе).[9]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Оваа статија користи содржина од Циклопедија 1728, дело во јавна сопственост.
- ↑ Nickel, J., (1999): Lift Up Your Eyes on High: Understanding the Stars, Christian Liberty Press, p. 53.
- ↑ Bakich, M. E., (1995): The Cambridge Guide to the Constellations, Cambridge, Cambridge University Press, pp. 21,22.
- ↑ Mullaney, J., (2007): The Herschel objects and how to observe them <Astronomers' Observing Guides>, Springer, p. 39.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Ridpath & Tirion 2001, стр. 128-130.
- ↑ Tabur & Bedding 2009.
- ↑ Wilkins, Jamie; Dunn, Robert (2006). 300 Astronomical Objects: A Visual Reference to the Universe. Buffalo, New York: Firefly Books. ISBN 978-1-55407-175-3.
- ↑ Babylonian Star-lore by Gavin White, Solaria Pubs, 2008, page 166ff
- ↑ AEEA (Activities of Exhibition and Education in Astronomy) 天文教育資訊網 2006 年 7 月 22 日 Архивирано на 25 февруари 2021 г.
Надворешни врски
уреди„Гавран (соѕвездие)“ на Ризницата ? |