Ловечки Кучиња (соѕвездие)
Ловечки Кучиња — едно од 88-те современи соѕвездија. Станува збор за мало северно соѕвездие кое било осмислено од Јан Хевелиј во XVII век. Името е на латински и значи „ловечки кучиња“, и соѕвездието честопати е прикажано како Воловар од соседното соѕвездие да ги држи кучињата.
лат. Canes Venatici | |
Кратенка | CVn |
---|---|
Генитивно | Canum Venaticorum |
Симболизам | Ловечки кучиња |
Ректасцензија | 12ч 06.2м - 14ч 07.3м ч. |
Деклинација | +27,84° - +52,36°[1]° |
Квадрант | NQ3 |
Површина | 465 (°)² (38-мо) |
Главни ѕвезди | 2 |
Бајерови/Флемстидови ѕвезди | 21 |
Ѕвезди со планети | 4 |
Ѕвезди посјајни од 3,00m | 1 |
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг) | 2 |
Најсјајна ѕвезда | Карлово Срце (Астерион) (α CVn) (2.90m) |
Најблиска ѕвезда | DG CVn (25.89 сг, 7,94 пс) |
Месјеови објекти | 5 |
Метеорски дождови | канес венатикиди |
Соседни соѕвездија | Голема Мечка Воловар Береникина Коса |
Видливо на ширина од +90° до −40°. Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец мај. |
Историја
уредиЅвездите во Ловечки Кучиња не се многу сјајни. Во калсичниот период, од страна на Птоломеј биле придодадени на соѕвездието Голема Мечка во неговиот ѕвезден каталог. α CVn била 28-та ѕвезда од Голема Мечка, а β CVn била 29-та ѕвезда од Голема Мечка.
Во средниот век, поистоветувањето на овие ѕвезди со кучињата на Воловар било поради грешка во преводот. Некои од ѕвездите во Воловар обичајно се опишувале како палка која ја држи Воловар. Кога делото на грчкиот астроном Птоломеј Алмагест (Almagest) било преведено од грчки на арапски јазик, преведувачот Јоханитиј не го знаел значењето на грчкиот збор и го заменил со најблискиот арапски збор, запишувајќи العصى ذات الكلاب „al-`aşā dhāt al-kullāb“, што значи „навртката на копјето има кука“. Кога арапскиот текст бил преведен на латински, преведувачот Герард Кремонски го погрешил арапскиот збор كلاب for kilāb (множина كلب kalb), што знали „кучиња“, запишувајќи hastile habens canes.[2][3][4][5] Во 1533 година, германскиот астроном Питер Апијан го опишал Воловар како да држи две кучиња со него.[6][7]
Овие лажни кучиња кружеле во астрономската литература сè до оној момент кога Хевелиј одлучил да го одреди нивното присуство на небото, прикажувајчи ги како посебно соѕвездие во 1867 година.[8][9] Хевелиј го избрал името Астерион (од грчкото 'αστέριον, што значи „мала ѕвезда“,[10] како деминутив од αστηρ „ѕвезда“, или придавката која означува „ѕвездено“[11]) за северното куче и Чара (од грчкото χαρά, што значи „радост“) за јужното куче познато како Ловечки Кучиња, во неговиот ѕвезден атлас.[9][12] Во неговиот ѕвезден каталог, Чешкиот астроном Бечвар го придодал Астерион ма β CVn и Чара на α CVn.[13]
Особености
уредиЛовечки Кучиња се граничи со Голема Мечка на север и запад, Берненикина Коса на југ, и Воловар на исток. Кратенката за соѕвездието од три букви е 'CVn' како што била прифатена од Меѓународниот астрономски сојуз во 1922 година.[14] Официјалните граници на соѕвездието се поставени во 1930 г. од страна на Ежен Делпорт и претставуваат многуаголник со 14 страни. Во екваторскиот координатен систем, координатите на ректасцензијата на овие граници е меѓу 12ч 06.2м и 14ч 07.3м, додека пак координатите на деклинацијата се меѓу +27.84° и +52.36°.[1] Зафаќајќи површина од 465 квадратни степени, соѕвездието е на 38 место по големина меѓу 88-те соѕвездија.
Забележителности
уредиЅвезди
уредиСоѕвездието Ловечки Кучиња не содржи сјајни ѕвезди, α и β CVn се единствените ѕвезди со светлинска величина 3 и 4. Фламстид каталогизирал 25 ѕвезди во соѕвездието, означувајќи ги од 1 до 25 CVn, но подоцна се увидело дека 1 припаѓа на Голема Мечка, 13 била во Береникина Коса и 22 не посоела.[15]
- α CVn (Карлово Срце) е најсјаната ѕвезда во соѕвездието, именувана од Чарлс Скарборо во чест на Кралот Чарлс I, симнатиот крал на Британија.[9][16] Legend has it that α CVn was brighter than usual during the Restoration, as Чарлс II се вратил во Англија да го заземе престолот. КАрлово Срце е широка двојна ѕвезда, со првична ѕвезда со светлинска величина од 2,9, а втората е со светлинска величина 5,6, на растојание од 110 сг. од Земјата. Првичната ѕвезда исто така има неверојатно силно магнетно поле.[9]
- β CVn (Чара) е жолта ѕвезда на главната низа со светлинска величина 4,2, на 27 сг од Земјата. Името потекнува од зборот кој означува „радост“.[9]
- Y CVn (Ла Суперба) е полупроменива ѕвезда која има променлива светлинска величина меѓу 5 и 6,5 во период од околу 158 денови. Станува збор за јаглеродна ѕвезда која е позната по својата длавоко црвена боја.[9]
- AM CVn, мошне сина ѕвезда со светлинска величина 14, е прототип за специјална класа на ѕвезди наречени катаклизмични променливи ѕвезди, во кој придружната ѕвезда е бело џуџе, наместо ѕвезда од главната низа.
- RS CVn е прототип за специјална класа на променливи ѕвезди[17] со хромосферно активни и оптички променливи делови.
Големата празнина
уредиГолемата празнина, е празнина во близина на ова соѕвездие. Можно е да станува збор за најголемата празнина која некогаш е откриена, со споредлива големина на празнината во Еридан. Откриена е во 1983 година.
Далечни објекти
уредиВо соѕвездието Ловечки Кучиња постојат 5 Месјеови објекти, вклучувајќи и четири галаксии. Една од најзначајните галаксии во Ловечки Кучиња е галаксијата Вител (M51, NGC 5194) и NGC 5195, мала пречкеста спирална галаксија која се гледа во чело. Ова е првата галаксија која била категоризирана како галаксија која поседува спирални краци, од страна на Лордот Рос во 1845 г.[9] Станува збор за челна спирална галаксија на растојание од 37 милиони сг. од Земјата. И се смета за една од најубаво видливи галаксии, M51 многу области во кои се создаваат ѕвезди, а поседува и доста маглини во краците, кои се обоени со розово и сино и се во спротивност со жолтеникавото јадро. M51 има и помал придружник, NGC 5195, која има помалку области во кои се создаваат ѕвезди и поради тоа е изразито жолтеникава. Поминува зад M51 и е една од причините за поголемото ѕвездено создавање во М51.[18]
Друга значајна галаксија во соѕвездието е глаксијата Сончоглед (M63, NGC 5055), M94 и M106. M63, или галаксијата Сончоглед е именувана според изгледот кој го има во аматерските телескопи. Станува збор за спирална галаксија со светлинска величина 9. M94 е мала челно свртена спирална галаксија со светлинска величина 8, и на 15 милиони сг. од Земјата.[9] NGC 4631 пречкеста спирална галаксија, и е една од најголемите и најсјаните странични галаксии.[19]
M3 е збиено јато на растојание од 32.000 сг. од Земјата. Со пречник од 18 лачни минути и светлинска величина од 6,3 доволно е светло за да може да се види со двоглед. Може да се види и со голо око при особено темни ноќи.[9]
M94, или NGC 4736, е челна спирална галаксија на растојание од 15 милиони сг. од Земјата. Станува збор за многу тесно крак спирална галаксија со изразито сјајно јадро. Надворешноста на глаксијата е неверојатно светла во ултравиолетова светлина поради прстенот во кој се создаваат нови ѕвезди околу јадрото, и е со пречник од 7.000 сг. Иако астрономите не се сигурни за причината за појавата на прстенот, постојат замисли дека тоа се должи на ударните бранови предизвикани од пречката која е скоро невидлива.[18]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Canes Venatici, Constellation Boundary“. The Constellations. International Astronomical Union. Посетено на 15 February 2014.
- ↑ Allen 1963, стр. 105
- ↑ Kunitzsch 1959, стр. 123–124
- ↑ Kunitzsch 1974, стр. 227–228
- ↑ Kunitzsch 1990, стр. 48–49
- ↑ Apianus 1533
- ↑ Allen 1963, стр. 157
- ↑ Ridpath, Ian. „Canes Venatici“. Star Tales. Посетено на 9 June 2012.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 9,6 9,7 9,8 Ridpath 2001, стр. 96–97
- ↑ Kunitzsch & Smart 2006, стр. 22
- ↑ Allen 1963, стр. 115
- ↑ Hevelius 1690
- ↑ Bečvář 1951
- ↑ Russell, Henry Norris (1922). „The New International Symbols for the Constellations“. Popular Astronomy. 30: 469–71. Bibcode:1922PA.....30..469R.
- ↑ Wagman 2003, стр. 366.
- ↑ Според Р. Х. Ален, ѕвездата била именувана од Халеј во чест на Чарлс II „под влијание на дворскиот лекар Сер Чарлс Скарборо, кој рекол дека свети со одредена сјајност во приквечерието кога кралот се вратил во Лондон, на 29 мај 1660 година“.
- ↑ „RS CVn -- Variable of RS CVn type“. SIMBAD. Посетено на 9 June 2012.[мртва врска]
- ↑ 18,0 18,1 Wilkins & Dunn 2006
- ↑ O'Meara, Stephen James: The Caldwell Objects, Sky Publishing Corporation ISBN 0-933346-97-2 page 126