Кобилица (соѕвездие)

Кобилицасоѕвездие на јужното небо. Името потекнува од латинскиот збор Carina што значи кобилица дел од брод, и едно време било дел од поголемото соѕвездие Брод Арго (Argo Navis), соѕвездие кое беше поделено на три делови, останатите две се Крма, и Едро.

Кобилица
лат. Carina
КратенкаCar
ГенитивноCarinae
СимболизамКобилица
Ректасцензија06ч 02м &1000000000059736500000059,7365с–11ч 20м &1000000000037421100000037,4211с[1] ч.
Деклинација−50.7545471°–−75.6840134°[1]°
Површина494 (°)² (34-то)
Главни ѕвезди9
Бајерови/Флемстидови
ѕвезди
52
Ѕвезди со планети11
Ѕвезди посјајни од 3,00m6
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг)1
Најсјајна ѕвездаКанопус (α Car) (−0.72m)
Најблиска ѕвездаLHS 288
(14,64 сг, 4,49 пс)
Месјеови објекти0
Метеорски дождови
Соседни
соѕвездија
Видливо на ширина од +20° до −90°.
Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец Март.

Историја и митологија

уреди

Кобилица едно време била дел од соѕвездието Брод Арго, познатиот брод на Јасон и Аргонаутите кои биле во потрага по Златното руно. Соѕвездието било осмислено во Стара Грција. Но, Никола Луј де Лакај го поделил Арго на три соѕвездија во 1763 година.[2]

И покрај поделбата Лакај ги задржал Бајеровите ознаки за Арго. Па затоа Кобилица ги има α, β и ε, Едро ги има γ и δ, Крма ζитн.

Забележителности

уреди
 
Соѕвездието Кобилица гледано со голо око.

Ѕвезди

уреди

Кобилица ја содржи ѕвездата Канопус, бел суперџин која е втората најсјајна ѕвезда на ноќното небо со светлинска величина −0,72, на растојание од 313 сг. од Земјата. Алфа Кобилица, порано означена како Канопус, е променлива ѕвезда која има промена на светллинската величина од 0,1. Името Канопус потекнува од митологијата Канопус, кој бил навигатор на кралот на Спарта Менелај.[2]

Постојат и други ѕвезди во Кобилица со светлински величини поголеми од 3. Бета Кобилица, традиционално позната под името Миаплацидус, е сино бела ѕвезда со светлинска величина 1,7 и на растојание од 111 светлосни години од Земјата. Епсилон Кобилица е портокалова џиновска ѕвезда со сличен сјај како Миаплацидус со светлинска величина од 1,9 и е на растојание од 630 сг. од Земјата. Друга силносјајна ѕвезда е синобелата Тета Кобилица, со светлинска величина 2,7 и на растојание од 440 сг. од Земјата. Тета Кобилица е и најизразениот член на ѕвезденото јато IC 2602. Јота Кобилица е бел суперџин со светлинска величина од 2,2 и на растојание од 690 светлосни години од Земјата.[2]

Ета Кобилица е најистакнатата променлива ѕвезда во Кобилица, со маса од околу 100 сончеви маси и сјајност поголема за 4 милиони пати од онаа на Сонцето.[2] Првично било откриено дека станува збор за крајно невообичаена ѕвезда во 1677 година, кога нејзината светлинска величина наеднаш пораснала на 4, привлекувајќи го вниманието на Едмонд Халеј.[3] Ета Кобилица е сместена во NGC 3372, или т.н. маглина Кобилица.[2] Имала невообичаен изблик на сјајност во 1827 година, кога сјајноста достигнала светлинска величина 1, за да се намали на 1,5 во 1828 година. Најсилниот изблик на сјајност Ета Кобилица ја изедначил по сјајност со Сириус, со светлинска величина од −1.5 во 1843 година. Но, од 1843, Ета Кобилица мирува и има сјајност со светлинска величина од 6,5 до 7,9.[3] Во 1998 година таа засјајува повторно но само до светлинска величина 5, доста послаб изблик на сјајност. Ета Кобилица е двојна ѕвезда, со придружник чиј орбитален период е 5,5 години, двете ѕвезди се обвиени со Хомункулова маглина, која се состои од гас кој бил исфрлен во 1843 година.[2]

Постојат и неколку помалку интересни променливи ѕвезди. l Кобилица е кефеида забележителен по својата сјајност, станува збор за најсјајната кефеида чија променливост може да се набљудува и со голо око. Ѕвездата е жолт суперџин со минимална светлинска величина од 4,2 до максимална светлинска величина од 3,3, и со временски период од 36,5 денови.[2]

Во Кобилица има и две светли Мириди: R Кобилица и S Кобилица, се црвени џинови. R Кобилица има минимална светлинска величина 10 и максимална 4. Периодот изнесува 309 денови и е на растојание од 416 сг. од Земјата. S Кобилица е слична ѕвезда,со минимална светлинска величина 10 и максимална 5. Но, S Кобилица има покус период  од 150 денови, и е на растојание од 1300 сг. од Земјата.[2]

Кобилица е дом на неколку двојни ѕвезди. Ипсилон Кобилица е двојна ѕвезда од два бело-сини џинови, на растојание од 1600 сг. од Земјата. Првичната има светлинска величина 3 додека пак втората е со светлинска величина 6,0, двете можат да се забележат одделени со употреба на мал аматерски телескоп.[2]

Два астеризми се издвојуваат во Кобилица. Еден од нив е познат како 'Дијамантски Крст', кој е поголем од Јужниот Крст, и, од гледиште на набљудувач од јужната полутопка, превртен наопаку, при што долгите оски на двата крста се напоредни. Другиот астеризам во соѕвездието е Лажен Крст, кој често се помешува со Јужниот Крст, кој е пак астеризам за Крст. Лажниот Крст се состои од две ѕвезди во Кобилица, Јота Кобилица и Епсилон Кобилица, и две ѕвезди од соѕвездието Едро, Капа Едро и Делта Едро.[2]

Далечни објекти

уреди

Кобилица е позната по истоимената маглина, NGC 3372,[4] првпат забележана од францускиот астроном Никола Луј де Лакај во 1751 година, која пак содржи неколку помали маглини. Маглината Кобилица е пред сè огромна оддавна маглина на приближно растојание од 8.000 сг. од Земјата и со широчина од 300 светлосни годинии истата поседува огромни области каде се создаваат нови ѕвезди, и има вкупна светлинска величина 8.[3] Исто така има и огромен привиден пречник, со големина од 2 степени.[2] Централната област се нарекува Клучалка, именувана како таква во 1847 година од страна на Џон Хершел. Клучалка е со широчина од 7 сг. и е составена од јонизиран водород, и има две области во кои се создаваат ѕвезди. Хомункуловата маглина е планетарна маглина видлива со голо око и истата е создадена од светлата сина променлива ѕвезда Ета Кобилица, најмасивната позната променлива ѕвезда. Ета Карина е толку масивна што ја постигнала теоретската горна граница за маса на една ѕвезда и поради тоа истата е мошне нестабилна. Позната е по својте изблици на сјајност, во 1840 година станала една од најсјајните ѕвезди на небото, сето ова поради исфрлањето на огромно количество на гас, со што се создала и Хомункуловата маглина. Поради својата нестабилност и историја на изблици, Ета Карина се смета за кандидат за супернова експлозија која би требала да се случи во наредните неколку стотина илијади години бидејќи ена крајот од својот животен пат проценет на 1 милион години.

Бидејќи Млечниот Пат минува низ Кобилица, во истото соѕвездие има голем број на расеани ѕвездени јата, кои се сместени во области богати со ѕвезди. NGC 2516 е расеано јато кое е доста големо со површина од половина степен квадратен и може да се види со голо око. Се наоѓа на растојание од 1.100 сг. од Земјатаи има околу 80 ѕвезди, од кои најсветлата е ѕвезда црвен џин со светлинска величина 5,2. NGC 3114 е друго расеано ѕвездено јато со иста големина и е на растојание од 3.000 сг. од Земјата. Истото е порасеано и потемно од NGC 2516, и најсветлите ѕвезди се со светлинска величина 6. Најизразеното расеано ѕвездено јато во кобилица е IC 2602, наречено и „Јужни Плејади“. Во себе ја содржи Тета Кобилица, заедно со уште неколку ѕвезди кои можат да се набљудуваат со голо око, во целина јатото брои 60 ѕвезди. Јужните Плејади е изразито големо по површина јато, со пречник од 1 степен. Како и IC 2602, NGC 3532е видливо со голо око и е со слична големина. Се состои од 150 ѕвезди кои се наредени во необичен облик, кој наликува на елипса со темна централна област. Неколку изразити портокалови џинови се најсветлите ѕвезди во јатото, и имаат светлинска величина 7. Позади јатото се наоѓа Хи Кобилица, жолтобела ѕвезда со светлинска величина 3,9 и на растојание поголемо од растојанието до NGC 3532.[2]

Кобилица го содржи и видливото со голо око збиено ѕвездено јато NGC 2808. Епсилон Кобилица и Ипсилон Кобилица се двојни ѕвезди видливи со мали телескопи.

Забележано е и едно галактичко јато со ознака 1E 0657-56, или пак Куршум. На растојание од 4 милијарди сг. (црвено поместување 0,296), ова галактичко јато е именувано според ударниот бран кој може да се види во меѓуѕвездената средина, која наликува на ударен бран од надзвучен куршум. Се смета дека оваа појава се должи на фактот што помало галактичко јато се движи низ меѓуѕвездената средина со брзина од 3.000–4.000 км/с кон поголемото галактичко јато. Бидејќи ова гравитациско заемодејство траe веќе со стотици милиони години, помалото јато е уништено и целосно ќе се припои кон поголемото јато.

Метеори

уреди

Кобилица го содржи радијантото од метеорскиот дожд Ета Кариниди, чиј максимум е на 21 јануари секоја година.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Carina, constellation boundary“. The Constellations. International Astronomical Union. Посетено на 15 February 2014.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 Ridpath & Tirion 2001, стр. 104–106.
  3. 3,0 3,1 3,2 Levy 2005, стр. 101.
  4. Levy 2005, стр. 100.

Надворешни врски

уреди