Римската култура еволуирала во текот на речиси 1200 годишната историја на таа цивилизација. Терминот се однесува на културата на Римската Република, а подоцна и на Римското Царство која ја опфаќала територијата на Мароко и долината на реката Еуфрат. Животот во Стариот Рим се развивал околку самиот град, неговите познати седум ридови, монументални градби како на пример Колосеумот, Форумот на Трајан и Пантенон. Градот исто така располага и со голем број театри, училишта, таверни, ресторани, бањи и слично. На целата територија која била под римска контрола, станбената архитектура се движела од скромни куќи до огромни вили, во самиот град постоеле и царски резиденции како на пример Домот Палатин од каде што потекнува и зборот палата. Мнозинството население живее во центарот на градот, во одредени станбени блокови.

Градот Рим бил најголем во тоа време со население кое достигнувало и повеќе од еден милион, со проценки од 3,5 милиони до 450.000 жители. На улиците во Рим имало таква врева од коњски копита и железните тркала на кочиите што дури и Јулиј Цезар предложил забрана на сообраќајот во текот на ноќта. Историските проценки покажуваат дека околу 30% од населението под јурисдикција на Стариот Рим живеело во урабните градски центри, како и во некои воени населени места, што претставува висока стапка на урбанизација во тој период. Поглемиот дел од урбанизираната територија била Италија, со стапка на урбанизација од 32%, истатата стапка на урбанизација која ја имала Англија во 1800. година. Повеќето градови во Рим имале слична архиткетура исти храмови и згради од ист тип, со помала и пониска градба. Многубројното урбано население во Рим имало и висока побарувачка на храна, што претставувало и логична задача која вклучувала транспорт, чување и дистрибуција на храната како за Рим така и за другите урбани центри. Италијанските фарми ги снабдувале со зеленчук, овошје, риба, месо и слично. Посебни системи за водоснабдување биле изградени, додека вино и масло најчесто увезувале од Шпанија, Галија и Африка.

Трговијата во Римските провинции заедно со транспортот биле доста развиени во тој период. Просечните трошоци за транспорт и технологија може да се споредат со европските во 18. век.

80% од населението на Рим живееле на села и населени место со помалку од 10.000 жители. Земјопоседниците обично живееле во градовите, додека нивните фарми биле раководени од нивните работници. Меѓутоа состојбата на руралните робови била значително полоша за разлика од оние кои работеле за богатите аристократски семејства. Со цел да постигнат подобра работна продуктивност, земјопоседниците ги ослободувале своите робови и тие продолжувале да работат за плата. Таквата рурална средина продолжува да предизвикува миграција на луѓето во урбаните центри но сè до почетокот на 2. век п.н.е., кога високата стапка на урбаното население започнала да се намалува. Почнувајќи од средината на 2. век п.н.е. во секој аспект на културата на повисоките класи, грчката култура имала сè поголема моќ и без разлика на ефектите на културата на конзервативните моралисти. За време на владеењето на Октавијан Август, робовите во културните грчки домаќинства ги подучувале младите римјани, а некогаш и девојките, голем број на готвачи, фризери, секретари и лекари мигрирале од Источна Грција. Римската кујна која е зачувана во книгите се смета дека е грчка, додека римските писатели го прифатиле латинскиот за образовен грчки стил. Меѓутоа во законите и во владеењето, Рим не претрпел никакви измени.

Против човековата позадина и урбаните и руралните области заземале облик на највлијателни историски цивилизации, оставајќи зад себе култруно наследство кое живее и денес.

Историски и културен контекст

уреди

Многу аспекти на Римската култура биле преземени од древните грци. Во архитектурата и скулптурата, разликите помеѓу грчите модели и римските слики се очигледни. Иако многу римски скулптури се изведени од грчките, сепак длабоко се разликуваат од грчките техники, римскиот карактер на скулптурите ја отсликува најоргиналната римска култура.

Рим исто така имал и огромно влијание и врз западната култура следејќи ја. Неговото значење можеби најдобро се одразува во неговата истрајност и влијание, како што се гледа во долговечноста и важноста на делата на Вергилиј и Овид. Покрај ова постојат и многу аспекти во класичната култура кои исто така биле под влијание на Рим.

Социјална структура

уреди

Центарот на раната социјална култура, кој датира уште од времето на земјоделските градови, претставувало семејството во крвно сродство. Најстариот маж во семејството претставувал апсолутен владетел во семејството, владетел на својата жена, неговите деца, сопругите на неговите деца, внуците, робовите (како и ослободените робови кои работеле за плата) целосно располагал со нивната слобода и волја дури во некои случаи одлучувал и за нивната смрт. Законите во Рим ги признавале само патријахалните семејства и правните субјекти. Ропството и робовите претставувале дел од општествениот поредок. Робовите најчесто биле затвореници од војните. Постоел пазар на робови каде што нивните стопани ги продавале и купувале. Римските закони не биле целосно усогласени во врска со статусот на робовите, освен тоа дека тие се сметале како и секој друг подвижен имот. Многу робови биле ослободувани од своите стопани заради добро завршената работа, а некои пак од нив ако заштеделе одредена сума на пари би можеле сами да ја откупат својата слобода. Генерално малтертирањето и убивањето на рабовите било забрането со закон, но сепак суровоста на газдите и натаму продолжувала.

Освен овие семејства и ваквиот тип на робови (легални предмети под раководство на своите господари) постоеле и Плебејци кои се сметале за непостоечки од правна гледна точка. Тие немале правна способност, и не биле во можност да склучуваат договори, ниту пак имале статус на робови. За решавање на овој проблем групата на Плебејци се приклучила кон таканаречените Патријци (во правна смисла) и биле во можност за скулучување договри но само со посредство на главниот член на нивното семејство. Па така сè што тие ќе заработеле или поседувале припаѓало на нивните семејства.

Во патријахалните семејства, правата на главата на семејството биле неограничени, како граѓанските така и кривичните права. Царската должност се однесувала на војската, се занимавала со надворешна политика како и решавање на споровите помеѓу домашните семејства. Додека Плебејците во тоа време биле поделени во три племиња.

За време на Римската република (основана во 509 п.н.е.) на римските граѓани им било дозволено да гласаат, овој закон ги вклучувал и Патријците и Плебејците, додека на жените, децата и робовите не им било дозволено правото на глас.

Постоеле две собранија, Вековното Собрание (commitia centuriata) и Племенското Собрание (commitia tributa) кои биле создадени од страна на сите римски граѓани. Во Вековното Собрание, Римјаните биле поделени според возраста, здравјето, богатството и местото на живеење. Граѓаните во секое племе биле поделени во пет класи во зависност од имотот со кој располагале, а потоа секоја група била поделена на две подгрупи во зависност од годините. Вкупно постоеле 373 групи кои како и Племенското Собрание секој имал право на глас. Но Вековното Собрание ги избирало членовите на Советот (судски магистри), конзули и други водачи.

Племенското Собрание било составено од 35 племиња како од Рим така и од земјата. Секое племе имало право на глас. Племенското Собрание ги избирало Финансиските судии и Министрите за култура.

Со текот на времето, Римските закони еволуирале во поглед на социјаните гледишта и еманципирањето на семејствата на повисоко ниво.

Обичаи и секојдневен живот

уреди

Животот во античките римски градови пред сè сè одвивал во центарот на Рим, во централните бизнис области, каде што поголемиот дел Римјани оделе за продажба, купување, трговија, банкарство како и за учество и посетување на свечености и церемонии. Ова било место каде што говорниците најчесто јавно го искажувале своето мислење и давале поддршка за секое посебно прашање за нивни или нечиј друг интерес. Пред изгрејсонце децата оделе на училиште или пак туторите доаѓале во нивите домови. Постарите лица станувале рано се облекувале, поjадувале околу 11 часот и преспивале попладне, а приквечер оделе до центарот на прошетка. Одењето во јавна бања барем еднаш неделно било навика кај поголемиот дел на населението. Постоеле поделени бањи за мажи и жени. Главната разлика било тоа што машките бањи биле поголеми од женските и имале ладна соба како и место за вежбање.

Постоеле најразлични видови на отворени и затворени забави за Римјаните кои биле бесплатни низ целиот Рим. Во зависнот од природата на настаните тие биле одржувани преку ден, попладне или доцна навечер. Огромна толпа на луѓе се собирле во Колесеумот да ги гледаат борбите со гладијатори, борби помеѓу мажите или пак борби помеѓу луѓе и диви животни.

Животот во селата бил поразличен, но сепак доста интересен, со голем број на локални фестивали и друштвени настани. Фармите биле раководени од менаџерите, но сопствениците на фармите и на недвижниот имот одреден дел во годинита доаѓале на својот имот за одмор и рекреација, уживајќи во раскошот на природата и сонцето, ловот риболовот и јавањето. Од друга страна пак работата на робовите сè повеќе се зголемувала, со подолги работни часови, седум дена во неделата со цел остварување на комфорот и богатство на нивните господари. Состојбата на земјопоседниците сè повеќе се подобрувала со трошење на своите пари на економски и социјални интеракции на селските пазари. Додека денот на робовите завршувал со оброк или остатоци од храна од попладнето или претходниот ден.

Облека

уреди

Во Стариот Рим облеката на луѓето се разликувала од една до друга класа. Плебејците или обичниот народ како овчари, риболовци и слично најчесто носеле туники кои биле изработени од груби и темни материјали, а со оглед на тоа дека вакви туники носеле и Патријците тие најчесто биле изработувани од волна и лен. Судиите носеле бели долги туники изработени од убави материјали, Сенаторите носеле широки блузи со широки ленти, а пак војниците носеле туники, но малку покуси од оние на обичните граѓани.

Постоеле и носии кој ги нарекувале „тоги”. Најчесто младите момци носеле тоги со црвена пурпурна боја, а исто така и судиите носеле слични во своите судници. „Тога вирилис” најчесто носеле момчињата на возраст од 16 години, што всушност го означувало нивното државјанство во Рим. „Тога пикта” најчесто носеле воените генерали и тие најчесто биле ишарани со везози од нивните успеси на бојното поле. „Тога пуле” носеле кога биле во жалост.

Дури и обувките го изразувале социјалниот статус на граѓаните. Патријците носеле сандали со црвена и портокалова боја, сенаторите носеле обувки со кафеава боја, конзулите со бела боја, а војниците носеле тешки и големи чизми. Жените носеле затворени сандали во бела, зелена или жолта боја.

Децата носеле амајлии за среќа, кои жените пред нивната венчавка ги оставале кај своите домашни богови, заедно со нивните играчки како знак на нивната зрелост и женственост.

Облеката на жените била значително различна од на мажите и најчесто била во посветли бои. Жените носеле накит како украс на своите тело и најразлични шалови како прекривка.

Јадење

уреди

Уште од самиот почеток на Римската република во 200 година п.н.е. старите римјани имале многу едноставни навики во поглед на храната. Поjадокот најчесто се конзумира околу 11 часот наутро и се состоел од леб, салата, маслинки, сирење, овошје, ореви и преостанато ладно месо од претходниот ден. Поjадокот бил наречен „иентацулум”, ручекот бил наречен „прандиум”, а вечерата „цена”. Апетисаните ги нарекувале „густатио”, а десертот „сегунда менса” или второ јадење.

Семејствата ручале заедно седнати на столици на тркалезна маса. Подоцна имале и посебни соби во кои се служела вечерата, со посебни столови и кревети за јадење. Римјаните најчесто јаделе со прсти, за храна која била наменета за јадење со раце, а користеле лажици за супи и течни храни.

Виното се сметало како главен пијалак, и се конзумирало со сите оброци и на сите слави и било прилично евтино, но најчесто го пиеле помешано со вода. Исто така имале и „Судија за алкохол” кој бил избран од страна на повисоките класи и одлучувал за соодносот и за мешањето на виното и водата. Многу видови на пијалаци кои вклучувале грозје и мед биле конзумирани, како на пример медено вино, медена вода, сок од грозје и слично. Потрошувачката на вино за еден ден, за едно лице во Рим изнесувала од 0,8 до 1,1 литри за мажи и 0,5 литри за жени. Дури и најстариот старешина Като предложил да им се даде и на робовите кои работат на фармите вино за пиење, но со помал квалитет.

Пиењето на чисто вино на гладен стомак се смета како сигурен знак за алкохолизам, чии ослабувачки, физички и психолошки ефекти веќе биле добро познати во Стариот Рим. Обвинувањата за алкохолизам бил најлесниот и најоштетувачкиот начин за дискредитација на политичките соперници вработени од страна на Цицерон или Јулиј Цезар. Алкохолизмот бил сериозен проблем во тој период во Рим, дури и градот се одликувал и со познати алкохоличари како на пример Марк Антониј, Нерон како и Като Помладиод којшто многу често бил наоѓан во дезориентирана положба во раните утрински часови.

За време на Империјата главната храна на посиромашните римјани се состоела од овесна каша, зеленчук, леб, повремено риба, многу ретко месо, маслинки и плодови. Понекогаш во градовите делеле и бесплатна храна за сиромашните. Патријците иако скромни сепак биле познати по забавите во ноќта со вино и девојки кои ги забавувале. Жените и децата јаделе посебно, но подоцна во Империјата со посебни дозволи, на некои од жените им било дозволено да присуствуваат на ваквите вечери.

Римјаните сè уште не знаеле за некои производи кој во современиот живот се користат во изобилство како: пиперката, компирот, пченката и доматот.

Образование

уреди

Образовнаието во поформална смисла започнало некаде околу 200 година п.н.е. Образованието за децата започнувало на шестгодишна возраст и во периодот од шест до седум години од децата се очекувало да ги научат основите на читањето, пишувањето и броењето. На возраст од 12 години тие учеле Латински и Грчки, граматика и литература како и подготовки за ораторство. Ораторството го сметале за практика која треба да се научи и добрите оратори заслужувале почит, а станување на еден делотворен оратор била една од главните цели на образованието и учењето. Сиромашните деца не можеле да одат на училиште. Во некои случаи услугите на талентираните робови биле користени за спроведување на образованието.

Јазик

уреди

Древниот јазик во Стариот Рим бил латинскиот. Латинскиот јазик како синтетички јазик се потпира на зборовниот ред, што значи пренесување преку систем на прилози од кои произлегуваат зборовите. Латинското писмо е изведено од старото италијанско писмо, кое пак е изведено од грчкото писмо.

Преживеаната латинска книжевност се состои од класични латински елементи, високо стилизиран и полиран јазик од 1. век п.н.е., но јазикот кој всушност се користел како говорен јазик во Римското Царство бил „народниот латински” кој значително се разликувал од класичниот во граматиката, лексиката и евентуално во изговорот. Исто така иако латинскиот јазик се сметал како пишан јазик во Рим, грчкиот јазик се зборувал од високо образованата елита, бидејќи поголемиот дел на литературата која ја изучувале Римјаните била напишана на грчки јазик. Во источната половина на Римското Царство кое подоцна прераснало во Византија, грчкиот јазик бил главен јазик останат уште од времето на Александар Македонски, додека латинскиот го зборувале само римските адмнистратори и војниците. А подоцна грчкиот јазик во целост го заменил латинскиот во Источното Римско Царство.

Проширувањето на Римското Царство го ширела и латинскиот јазик низ Европа и со тек на времето вулгарниот јазик и неговите дијалекти прераснале на многу различни локации во почетокот на 9 век. Голем број на јазици како на пример Шпански, Португалски, Француски и Италијански започнале да се појавуваат, а разликите помеѓу нив биле огромни. Иако англискиот јазик е со германско потекло (Велика Британија била романска провинција, но романското влијание во англискиот јазик исчезнало со инвазијата на Англосаксонците) има голем број на латински елементи и латински зборови, а исто така и адаптација на зборови од класични латински автори.

Иако латинскиот јазик е изумрен јазик со многу малку говорници сепак тој се употребува на многу начини. Латинскиот јазик особено живее во црквите како традиционален јазик на Римско Католичката црква и како еден од службените јазици во Ватикан. Иако постоеле разлики помеѓу вулгарниот и класичниот латински јазик сепак тој останал стабилен задржувајѓи ги своите елементи. Поради ширењето на христијанството и долгорочното влијание на римската цивилизација, латинскиот јазик го среќаваме и во Западна Европа како јазик кој се користи за премин на меѓународните граници или пак за академска и дипломатска употреба. Иако бил заменет со францускиот во 19 век, потоа со англискиот во 20 век, латинскиот јазик ја задршува својата употреба во религиската, правната и научната терминологија и во академијата во целина.

Литература

уреди

Римската литература била под силно влијание на грчките автори. Некој од најстарите дела во сопственост на Рим се историски епови кои раскажуваат за раната воена римска историја. Но со ширењето на републиката започнале да се создаваат и нови дела од типот на поезија, комедија, историја и трагедија.

За време на раната империја постоела златна доба за историската литература. Во овој период се појавуваат и делата „Историја” од Такит, „Галските Војни” од Цезар и „Историјата на Рим" од Ливиј. Но за несреќа поголемиот дел од делата на Ливи биле изгубени во текот на војните и останале само: „Раѓањето на градот”, „Војната со Ханибал” и слично.

Вергилиј го претставува врвот на римската епска поезија. Неговите дела ги раскажуваат борбите во Троја и неговото населување во градот кој ќе стане Рим. Лукретис во неговите дело „По природа на нештата” се обидел да ја прикаже науката во епските поеми. Некои негови сцени се неверојатно модерни, но некои од неговите идеи, а особено неговата теорија за светлина не се прифатени. Подоцна се појавува Овид кој пишувал стихови и со неговата поезија се обидувал целосно да ја опише митологијата од создавањето на земјата, па сè до неговото време. Тој ги обединува неговите цели со темите на метаморфозата. Во класиката пак се вели дека во делата на Овид недостигала гравитацијата на традиционалната епска поезија.

Катул и придружената група на модерни поети пишувале поезија по моделот на Александар, со експериментирање на поетски форми кои ја предизвикуваат традицијата. Исто така Катул бил првиот римски поет којшто пишувал љубовна поезија, навидум автобиогравски, која отсликува афера со жена наречена Лесбиа. Под владеењето на царот Октавијан Август, Хорас ја продолжил традицијата на пократки песни со неговите дела „Одес” и „Еподес”. Борбен, според пишувањето на царот Домицијан, познат автор на епиграми, песни кои често биле нагрдувани и цензурирани од јавни личности.

Жанрот на сатирата се смета за римска иновација која меѓу другото била напишана од Јувенал. Некои од најраните одиграни драми во раната империја биле комедиите најчесто од Терциј, за заробените римски робови заробени за време на Првата Пунска Војна. Голем дел од книжевните дела, напишани од страна на римските автори во почетокот на Републиката биле со политчка или сатирична природа. Реторичките дела на Цицерон биле особено популарни. Покрај тоа личните писма на Цицерон се сметаат како најдобар на начин за пишана комуникација во тоа време.

Визуелна уметност

уреди

Најраните романско сликарски стилови покажуваат етрурски влијанија, особено во практиката на политичкото сликарство. Во 3 век п.н.е. грчката уметност била многу популарна и многу римски домови биле украсени со пејзажи насликани од грчки уметници. Доказите пронајдени во остатоците во Помпеја укажуваат на влијанија од најразлични култури кои биле распространети во Рим.

Најраниот римски стил бил застапен во домовите, на внатрешните ѕидови на куќите, насликани на обоениот мермер. Овој стил се состоел од сликарски ентериери, како отворени пејзажи, со високо детални сцени на растенија, животни и објекти.

Во овој период се појавуваат и портрет скулптурите којшто користат младешки и класични размери, а подоцна прераснуваат во мешавина на реализмот и идеализмот. За време на „Антонине и Северан” биле направени значителни достигнувања во нивните скулптури чија тематика биле пред сè римските освојувања и победи.

Музика

уреди

Музиката претставувала значаен дел во секојдневниот живот на луѓето во Рим. Многу приватни и јавни настани биле придружувани од музика почнувајќи од ноќните забави па сè до воените паради и маневри. Во расправите за старата античка музика, многу музичари, па дури и обичните граѓани мора да признаат дека денешната модерна музика се темели всушност врз развојот на музиката во последните 1000 години, па така нашите идеи за мелодија, хармонија па дури и употреба на инструменти потекнуваат од Рим и многу други земји кои правеле и слушале музика многу векови порано.

Архитектура

уреди

Во почетните фази, античката римска архитектура одразува елементи на архитектонски стилови на Етрурците и на Грците. Со текот на времето, стилот станал се помидифициран и ускладен со урбаните барања, а градежното инженерство и градежништво сè повеќе се развивале и урабанизирале. Римските градби остануваат загатка за модерниот свет, дури и по повеќе од 2000 години некои од античките римски структури остануваат непроменети, како "Пантенон" која се наоѓа во деловната област на денешен Рим.

Архитектонскиот стил на главниот град во Стариот Рим бил емулиран од другите урбани центри кои биле под римска контрола и влијание, како на пример Верона, Италија, Атина, Грција, Турција, Франција како и многу други локации сместени во Либија. Римските градови биле добро испланирани, како и ефикасно и уредно одржувани. Палатите, приватните станови и куќи биле елаборирано дизајнирани, а додека градското планирање ги опфаќало различните активности на урбаното население, како и големиот број на миграции, трговци и посетители кои поминувале низ нивните градови.

Во првиот век п.н.е. Марко Витривуј Полио го напишал првиот класичен текст кој останал сè до ренесансата „Де Архитектура” со најразлични секции кои се занимаваат со урбанистичко планирање, градежни материјали, конструкција на храмови, јавни и приватни згради и хидраулика.

Спорт и забава

уреди

Во Стариот Рим постоело место наречено „Кампус”, еден вид на место каде што римските војници вежбале и се подготвувале за воени походи, а било сместено во близина на реката Тибар. Но подоцна овој Кампус прераснал во атлетско игралиште кое било посетувано дури и од Цезединственнавијан Август. Како пример од кампусот во Рим, слични вакви игралишта биле отворени и во другите урбани центри и воени населби. Во Кампусот младите се собирале за спорт и рекреација, за скокање, борење и трки. Јавањето и пливањето исто така биле во склоп на овие физички активности. Во селата најчесто ги практикувале ловот и риболовот. Жените не учестувале во овие активности. Игрите со топка биле најзастапени и античките римјани имале неколку такви игри, како на пример ракомет, хокеј на трева и некој вид на фудбал.

Римјаните исто така играле и многу друштвени игри, како на пример шах, табла, карти и многу други забавни игри. Имало и многу други активности предодредени за забава на луѓето, како на пример трки со кочии, музички и театарски претстави, јавни погубувања и гладијаторски борби. Во Колосеумот во Рим собирало дури 50.000 луѓе кои доаѓале да ги гледаат натпреварите и да уживаат.

Религија

уреди

Религиските римски верувања датираат уште од основањето на Рим во 800. година п.н.е., но римската религија тесно поврзана со римската република и империја не била развиена сè до 500. година п.н.е додека не дошла во контакт со грчката култура и прифатила голем дел од грчките верски убедувања вклучувајќи го и претставувањето на грчките богови во форма на луѓе.

Приватните и лични обожувања претставувале важен аспект на религиозните практики на Стариот Рим. Во секое домаќинство во Стариот Рим имало мал храм на нивните богови. Имале свој олтар каде што членовите на семејството ги кажавуле своите молитви, вршеле обреди или едноставно разговарале со совите богови.

Од наједноставна форма на приватно обожување и религиозни практики религијата во Стариот Рим прераснала во еден сложен систем на храмови, жртви, церемонии, ритуали, свештенство, верување во традиционалното паганство и култот на римските цареви. Но моќта на Стариот Рим заземала се пошироко географско подрачје па така започнала да се среќава и со други типови на религија.

Со ширењето на своето културно влијание над поголемиот дел од Медитеранот, Римјаните започнале да ги прифаќаат и странските божества како и голем број на други филозовски традиции. Постоеле дури и обиди од многу Римски и Грчки филозофи за прифаќање на други богови кои биле во спротивност со нивната религија како на пример еврејскиот Бог Јахве (како единстве врховен Бог на Израелците) со напомена дека евриите го обожувале Јупитер но само под различно име и требало да бидат прифатени во Римската религија.

Голем дел од римската религиска пракса започнала да се развива по 312 година кога царот Галериј го легализирал христијанството. Христијанството првично се појавува во римската провинција Јудеја, каде што растело зедно со јудизмот и подигнувањето на влијанијата од грчката филозофија која што се ширела во Римското Царство.

Наводи

уреди
  • Edward Gibbon, The Decline and Fall of the Roman Empire
  • Tom Holland, The Last Years of the Roman Republic ISBN 0-385-50313-X
  • Ramsay MacMullen, 2000. Romanization in the Time of Augustus (Yale University Press)
  • Paul Veyne, editor, 1992. A History of Private Life: I From Pagan Rome to Byzantium (Belknap Press of Harvard University Press)
  • Karl Wilhelm Weeber, 2004. Nachtleben im Alten Rom (Primusverlag)
  • Karl Wilhelm Weeber, 2005. Die Weinkultur der Römer
  • J.H. D'Arms, 1995. Heavy drinking and drunkenness in the Roman world, in O.Murray In Vino Veritas

Поврзано

уреди