Македонија Прва
(Пренасочено од Македонија Прима)
Македонија Прва (Macedonia Prima) е доцноантичка провинција на Диецеза Македонија со административен центар во Тесалоника. Територијата на Македонија Прва ги опфаќала подрачјата на Долна Македонија, долниот тек на Халијакмон, долниот тек на Аксиј (од Демир Капија до утоката) и Долни Стримон. Јужниот дел ја опфаќал пелагониската висорамнина со градот Хераклеја Линкестид. Поважни градови биле: Филипи, Дион, Едеса, Бероја и Пела. На север провинцијата се протегала до денешните Битола, Ресен, Валандово, Гевгелија и Струмица.[1][2][3]