Покраина

административно-територијална единица во некои земји
(Пренасочено од Провинција)

Покраина територијална и административна единица во рамките на некоја суверена држава.

Во многу земји оваа целина се нарекува „провинција“,[1] што потекнува од латинските поими pro- („во име на“) и vincere („победува, запоседнува“). Така, провинцијата претставувала територија под власта на римски магистрат кој ја управувале во име на неговата држава. Во тој облик, првите провинции се јавуваат во републиканскиот период и се однесуваат на поголеми подрачја под римско владение (на пр. провинцијата Македонија).

Во многу федеративни и конфедеративни држави, покраината не е јасно потчинета на централната власт, туку се смета за суверена во однос на разни уставни функции. Класичен случај од оваа категорија се Косово и Метохија и Војводина во СФРЈ.

Улоги

уреди

Како засебни управни единици се јавуваат покраините на Филипините, Холандија, Белгија, Шпанија и Италија; и големи автономни области како оние во Канада, Конго и Аргентина.

Во Италија и Чиле, покраината е второстепена административна единица во состав на регионот, кој е првостепена (најкрупна) единица во земјата. Во тие случаи, покраините понатаму се делат на општини, окрузи и сл.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „провинција“ - Дигитален речник на македонскиот јазик