Занает
Занает — занимање кое бара конкретни работни вештини. Историски ова би било неиндустриско производство во мал број или количество. Човекот кој се занимава со занает се нарекува занаетчија.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/thumb/1/11/Samarlija.jpg/220px-Samarlija.jpg)
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/thumb/7/75/Kopanicar.jpg/220px-Kopanicar.jpg)
Домаќинствата на занаетчиите не биле толку самоиздржувачки колку оние кои се занимавале со земјоделство и, како такви, директно зависеле од трговска размена.
Занаетчиите особено се концентрирале во урбаните места и формирале еснафи. Бидејќи занаетчиите постојано работеле со размена на добра (покрај нивната изработка), и тоа барало извесно ниво на образованост, во општествената хиерархија тие имале повисоко место од селанството.
Занаетчиството бил главен облик на производство пред индустриската револуција. Исклучок од ова е помасовната организираната поделба на трудот наречена мануфактурно производство, која може да се претстави како преод од поединечниот занаетчија кон индустрискиот период.
Занаетот како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Сè, сè, ама занает“ (српски: Све, све, али занат) — српска народна приказна.[1] [2]
- „Тајите на занаетите“ — песна на руската поетеса Ана Ахматова.[3]
- „Шивачка“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[4]
- „Запис за ковачот“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 112-113.
- ↑ Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 245-247.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 56-59.
- ↑ Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 11.
- ↑ Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 9.