Сиваспор е турски фудбалски клуб од градот Сивас. Во моментов се натпреварува во Суперлигата на Турција, највисокото фудбалско ниво во оваа земја.

Сиваспор
Целосно имеСиваспор Кулубу
ДржаваТурција Турција
ПрекарYiğidolar (Храбрите)
Основан9 мај 1967; пред 56 години (1967-05-09)
Бои          црвена и бела
СтадионНов стадион 4 септември
Сивас, Турција
Капацитет27,532
ПретседателТурција Меџнун Отјакмаз[1]
МенаџерТурција Булен Ујгун
Лига Суперлига на Турција
2023–24Суперлига, 14. место
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Клубот е основан во 1967 година, а за првпат промоција во најсилната фудбалска лига во Турција избориле во сезоната 2005-2006. Набргу потоа, дошле и најуспешните години во историјата на клубот, кога тие се бореле за титулата во Суперлигата во две последователни сезони (2007–2008 и 2008–2009), на крајот завршувајќи четврти и втори соодветно. Тие, исто така, го освоиле четвртото место и на крајот од сезоната 2019–2020; во сите овие сезони првата половина од лигата ја завршиле на врвот на табелата. Сепак, за најголем успех во историјата на Сиваспор досега се смета освојувањето на Купот на Турција во сезоната 2021-2022, што е и единствената поважна титула на клубот.

Својте домашни натпревари Сиваспор ги игра на Новиот стадион 4 септември во Сивас. Традиционалната опрема на клубот се дресовите во црвено-бели пруги и црвени шорцеви.

Играчи уреди

Моментален состав уреди

[2]

Бр. Позиција Играч
3   ОД Угур Чифтчи
4   ОД Арон Апиндангоје
7   НП Ахмед Муса
8   СР Карис Карисис
9   НП Реј Манај
10   НП Клинтон Н'Жие
12   СР Ибрахим Акдаг
13   ГМ Ѓорѓе Николиќ
14   ОД Самба Камара
16   СР Бурак Капаџак
17   СР Емрах Башсан
19   СР Роман Квет
20   СР Керем Атакан Кесгин
21   СР Емре Ѓекај
23   ОД Аладин Окумуш
Бр. Позиција Играч
30   СР Мијо Цакташ
33   СР Бартг Елмаз
35   ГМ Али Шашал Вурал
37   СР Хакан Арслан
44   ОД Ахилеас Пунгурас
55   НП Бенгали-Фоде Коита
58   ОД Зија Ердал  
69   ОД Мехмет Албарјак
77   СР Моду Бароу
88   ОД Џанер Османпаша
90   СР Азизбек Тургунбоев
91   ГМ Хусејин Арслан
95   НП Квинси Мениг
99   ОД Мурат Палули

Титули уреди

2004–2005, 2016–2017
2021-2022

Наводи уреди

  1. „SİVAS 4 EYLÜL“. Turkish Football Federation. Посетено на 2008-07-09.
  2. „Futbolcular“. Посетено на 24 December 2020.

Надворешни врски уреди