Мирјана Стојановска

македонски поетеса

Мирјана Стојановска (Битола, 1971) — поетеса, професор по македонски јазик, книжевен критичар, новинар и есеист.[1]

Биографија уреди

Родена е во Битола, во 1971 година. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на групата јужнословенски книжевности и македонски јазик. Магистрира на Педагошкиот Факултет во Битола. Седум години работеше како новинар дописник на „Нова Македонија“, дописник на дневниот весник „Вест“, дописник за Македонското радио во Австралија. Понатаму, работниот стаж го продолжи како професор по македонски јазик во ООУ „Св.Климент Охридски“ во Битола. Таа е член на Друштвото на писателите на Македонија од 2007 година. Беше прв претседател на Клубот на писателки на Р Македонија „Даница Ручигај“ при ДПМ во периодот од 2014 до 2018 година. Во три мандати, беше член на претседателството на Друштвото на писателите на Македонија.

Книжевен опус уреди

Автор е на 9 книги поезија, приредувач на 7 книги и автор на книга од областа на теоријата на литературата и методиката во наставата по македонски јазик и литература. Нејзината поезија е објавена на англиски, германски, хрватски, српски, бугарски, влашки и албански јазик. Застапена е во македонски и меѓународни списанија: „Стожер“, Раст“, „Современост“, „Книжевни дијлози“, „Синтези“ и „Сум“, како и на меѓународни списанија: босански „Ријеч“, романското списание „Хелис“, хрватско „Књижевно перо“, на порталите „MKD“ и „Hiperboreja“ , во едицијата „Современа македонска поезија“(2018, книга бр.92) и др. Учествувала на книжевни манифестации и саеми на книгата во земјата и странство, на: меѓународниот фестивал „Струшки вечери на поезијата“ во Струга, „Празникот на липите“ во Скопје, „Битолски книжевни паметења“ и фестивалот „Поетски синтези“во Битола“. Неколкупати е член и претседател на комисиите за доделување книжевни годишни награди на ДПМ. Во 2017 година нејзината книга „Бегалци од својот дом“ беше промовирана на Саемот на книгата во Белград, а во 2018 и 2019 година гостуваше на Меѓународниот саем на книгата во Франкфурт, Германија каде беа промовирани на германски јазик нејзините поеми „Бегалци од својот дом“ и „Утро во Франкфурт“. Во 2019 година учествуваше на книжена манифестација на Корчула, Хрватска, а во 2022 година на поетскиот фестивал во Саранда, Албанија и на „Денови на македонската култура“ во Риека, Хрватска. Стојановска е претседател е на Здружението за наука и култура „НОВА“ од Битола кое 11 години го организира меѓународниот поетски фестивал „Поетски синтези“; Преку Здружението, таа работи на преводи и објавување на книги, организира промоции со што придонесува за афирмација на македонскиот јазик и македонската поезија.

Награди уреди

Втора награда на “Поткозјачки поетски средби“ во 1994 год; Прва награда за циклус песни на меѓународната книжевна манифестација „Ацо Караманов“ во Радовиш, во 1995 год. Наградата „Медијала“ во Битола во 2014 год. Наградата „Поетски бранови“ во Струга, во 2014 год.. Наградата „Книжевно перо“, Риека, Хрватска, 2022 год.

Објавени дела уреди

Книги поезија:

„Хроносот на зборот“ (1995);

„Двобој со тишината“ (2000);ж

„Заѕидана врата“ (2017);

„Крст, триаголник и круг“(2013);

„Оксиморонот на мојата пеперутка“(2014);

„Џез во двокреветна соба“(2015);

„Бегалци од својот дом“(2017);

„Судбината на буквите“(2018);

“Утро во Франкфурт“ (2019).

Приредени дела:

„Поетиката во македонската женска поезија“(2014);

Двојазичниот зборник „Битолска поетска разгледница“(2015);

„Поетски пораки за мир“(2017);

„Мојата татковина-мој дом“(2016);

„Битола во стиховите на младите автори“(2019);

„Поетски паралели“ (2020);

Поетскиот зборник „Еднакви“ (2021).

Теорија на литература и методика :

Книгата „Стилските фигури во наставата по македонски јазик“(2021) која е одобрена од Министерствот за образование и наука како стручна литература во наставата по македонски јазик за основно и средно образование.

Наводи уреди

  1. Современа македонска поезија. НИД „Микена“ - Битола. 2008. стр. 589. ISBN 978-9989-55-155-0. Укажано повеќе од еден |pages= и |page= (help)