Милан Терзовски
Милан Терзовски — македонски поет.
Животопис
уредиМилан Терзовски е роден на 28 април 1930 година, во Куманово, а починал на 11 јуни 2019 година, во Скопје. основно образование го стекнал во родниот град, а Виша педагошка академија завршил во Нови Сад, Србија. Бил еден од првите членови на Друштво на писатели на Македонија.[1]
Својот работен век го поминал во фабриката „Борис Кидрич“ во Велес. За себе често зборуваше како за уметник во индустрија, каде што меѓу вработените неретко создаваше услови за културни настани. Добитник е на повеќе поетски награди.
Дела
уреди- Чекори во себе, поезија, 1961;
- Оморина, поезија, 1968;
- Балади за козјак , поезија, 1973;
- Постапалки, поезија, 1981;
- Галичица, поезија, 1985;
- Црно распаќе на песната, поезија, 1991;
- Сончев часовник, поезија, 2000
Наводи
уреди- ↑ Македонски писатели, ДПМ, Скопје, 2004.