Основан во 1882 година, Тотенхем го освоил ФА Купот за првпат во 1901 година, што го прави единствениот Нон-Лигашки клуб од самото формирање на фудбалската лига, кој успеал да го стори тоа. Тотенхем бил првиот клуб во 20-от век кој успеал да постигне Дабл Кап (Double Cup) откако во сезоната 1960-1961 тимот ги освоил ФА и Лига купот. По успешната одбрана на ФА Купот во 1962 година, во 1963 година станал првиот британски клуб кој успеал да освои европски трофеј во клупска конкуренција организирана од УЕФА - освојувајќи го Купот на победниците на куповите.[1] Во 1967 година го освоиле ФА Купот по третпат во 60-тите. Во 1970-тите Тотенхем го освои Лига купот во два наврати и бил прв победник на Купот на УЕФА во 1972 година, со што станал првиот британски клуб кој успеал да освои два различни големи европски трофеи. Во 1980-тите Спарс освоиле неколку трофеи: ФА Купот двапати, ФА Комјунити Шилд и Купот на УЕФА. Во 1990-тите клубот го освоил ФА и Лига Купот. Кога тимот го освоил својот последен трофеј, Лига купот во 2008 година, тоа значело дека тие освоиле некој трофеј во секоја една од последните шест децении - достигнување изедначено само со Манчестер Јунајтед.
Латинското мото на клубот е Audere EST Facere (превод: "Да се осмели е да се направи"), а нивниот амблем е петелот кој стои врз фудбалска топка. Клубот има долгогодишно соперништво со блиските соседи Арсенал. Натпреварите меѓу двете екипи се познати како Северно Лондонско дерби.