Загорка Присаѓанец-Тодоровска

Загорка Присаѓанец-Тодоровска — македонски поет, детски писател, раскажувач и преведувач, родена е 14 август 1930 во Прилеп, почина на 17 февруари 2013 во Скопје.

Животопис

уреди

Загорка Присаѓанец-Тодоровска основното образование го стекнала во родниот Прилеп. Завршила Филолошки факултет на група книжевност и романска филологија во Скопје. Работела како професор по литература, како новинар во Радио Скопје и била уредник во образовната редакција во Македонската РТВ. Во МАНУ работела како виш стручен соработник за македонската литература. Член на Друштво на писатели на Македонија од 1992 година[1]. Загорка Присаѓанец-Тодоровска била сопруга на македонскиот книжевник Гане Тодоровски.

Дела

уреди

- Преобразби, поезија, 1987;

- Штокче на рокче, поезија, 1990;

- поезија, Протокот на животот, 1992;

- Светот на дланка, поезија 1992;

- Нишан за Деспина, поезија, 2005.

Објавувала раскази, записи и јнижевни осврти во периодиката.

Наводи

уреди
  1. Македонски писатели, ДПМ, Скопје, 2004.