Гоце Ристовски
Гоце Ристовски (роден е на 8 април 1958 година во Осиче, Крива Паланка) — македонски прозаист, драмски автор, литературен и театарски критичар, есеист, колумнист, аналитичар, литературен преведувач, универзитетски професор.
Гоце Ристовски | |
---|---|
Занимање | поет |
Државјанство | македонско |
Биографија
уредиГоце Ристовски живее и работи во Скопје. Работел како новинар во Нова Македонија. Декан на Факултетот за театарски уметности на Меѓународниот универзитет Еуропа прима[1]. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, Сојузот на литературни преведувачи на Македонија, на Балканската мрежа за култура и културолошки студии, на Здружението на новинарите на Македонија, на Светската асоцијација на театарски критичари.
Негови текстови, литературни и театарски прилози и критики и научни студии се објавувани во „Слободна Далмација”- Сплит, „Поља”- Загреб, „Спизалит”, „Разгледи”, „Магазин 21”,„Млад Борец” „Сцена”, „Театарски гласник” и на повеќе портaли во земјата и странство, а негови книги се продаваат на значајни интернет продавници и библиотеки во САД и Европа и се чуваат во еминетни светски библиотеки - Библиотеката во Стејт Департментот во САД, Националната библиотека на [[Франција, Националната библиотека на Полска,, Националната библиотека на Австралија, библиотеката на Универзитетот во Стенфорд и др. За него постојат бројни референци на Интернет, а негови текстови се пренесувани на многу портали и веб страници, преведувани и на англиски. Бил аналитичар во рамките на проектот на УСАИД за зајакнуивање на медиумите во Македонија, подготвувајќи критички анализи на дискурсот.
Неговата драма „9” е праизведена во 2016 г. на Големата сцена во Културниот центар во Нови Сад[2] а преведена е на е на јазици на поранешните југословенски републики, на бугарски и на руски јазик. Македонската премиера беше на крајот на 2021 година.
Дела
уредиАвтор е на книгите:
„Око, раска и видело” (1993 г.) - дел од мултимедијалниот проект “Траги” , придружена со документарен филм во продукција на МТВ и изложба на уметничка фотографија;
„Шишков” (1999 г.) – монографија за еден од најзначајните современи македонски актери Ристо Шишков;
„Мојот автор, мојата книга” (2000 г.) - збирка есеи и литературни критики;
„Гола вода” (2007 г.) – современи приказни;
„Ветер и магла” (2010 г.) – современи приказни;
„Преглед на современата македонска драма” (2001) – антологија;
„Младата македонска драматургија кон крајот на 20 век”, (антологија објавена на Бугарски јазик, во Софија, 2002);
„Се е гола вода, мој Ѓорѓија”- роман (2010 г.);
„Поетската престолнина на светот”- монографија по повод 50 години на Струшките вечери на поезија (2011 г.);
„Врамување во пустелија” (2012) – роман;
„Балканот низ театарска игра” – монографија за меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски” (2014);
„9 “ – драма (2014);
Поезијата од постколонијалните земји на СВП” научна студија (2014);
Претстава – роман (2016);
Охридска академија на хуманизмот – монографија на македонски и англиски јазик (2016 и 2018),
Бугарската драма и театар во Република Македонија – зборник (2017);
Германската драма и театар во Република Македонија – зборник (2017);
Српската драма и театар во Република Македонија – зборник (2018);
Италијанската драма и театар во Република Македонија – зборник (2018);
Албанската драма и театар во Република Македонија – зборник (2019);
Дарежливоста на Божјата рака (2018)- есеи,
Сегде е Божева хубавина (2020)- есеи. 4 х 9 , драма на четири јазици и др.
Пeчатот на вистината – театролошки студии,
„Аспекти на камерниот театар” (коаавтор) – театролошка студија (2023), [3]
9 Ilahi Tragedya (2023) - драма објавена во Истамбул на турски јазик и др.
Автор е на сценаријата за документарните филмови:
„Петре М. Андреевски”; „Изблик на надеж”;
„Проста и строга македонска песна”; „Мисирков”;
„Димитрија Чуповски”.
Автор е на преводите:
„Пред создавањето”, роман од Христо Славов (2007) од бугарски јазик.
„Македонското прашање и балканскиот сојуз” од Алексадар Цанков, (од старобугарски) (2008 г.);
„Вируси за поматени мозоци”- есеи од Стефaн Влахов Мицов (2009 г.) од бугарски јазик;
„Историја на Македонија - апологија на македонството” од Герги Радулов- Радуле, (2009) од бугарски јазик;
„Тесла портрет меѓу маски”- роман од Владимир Пиштало, од српски јазик (2011 г.), Исиот-поезија од Симон Грабовац, од српски јазик (2017) и др.
Награди
уредиВо 1999 година ја добил Единствената државна награда за новинарство и публицистика што ја доделува Собранието на Република Македонија, за монографијата „Шишков”, добитник е на втора награда на конкурсот на „Студентски збор” за краток расказ, на наградата „Прозни мајстори” за романот „Врамување во пустелија” на книгоиздателството „Феникс”, на меѓународната награда Ergo sum[4] за афирмација и популаризација на театарската уметност, на наградата „Свети Јоаким Осоговски” за особен придонес за македонската култура и театар, на наградата Скриптфест за филмско сценарио наградата „Клучевите на Преспа”, наградата награда за најдобар драмски писател од Европа во 2022 и 2023 година на Здружението на драмски автори, режисери и продуценти ОЈЧЕД, Турција, награда за најдобар драмски текст на Меѓународниот театарски фестивал Актерот на Европа[5]
и други признанија.
Наводи
уреди- ↑ https://www.europaprima.com/
- ↑ https://kanal5.com.mk/premiera-na-dramata-9-od-goce-ristovski-vo-novi-sad/a275335
- ↑ Ваљакова, Гордана Милошевска (2023-04-20). „„Аспекти на камерниот театар" од Тодор Кузманов и Гоце Ристовски | NetPress“. Посетено на 2024-07-17.
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2021-12-26. Посетено на 2021-12-26.
- ↑ Nena (2023-04-26). „Меѓународна награда за драмски автор за особен придонес во современиот театар во светот за Гоце Ристовски“. Република. Посетено на 2024-07-17.