Роберт Хантер (велосипедист)

друмски велосипедист

Роберт Хантер (англиски: Robert Hunter; р. 22 април 1977 во Јоханесбург) — поранешен јужноафрикански професионален друмски велосипедист, кој настапувал професионално од 1999 до 2013 година. Хантер возел за UCI World Tour екипата Гармин-Шарп во неговата последна сезона.[1][2]

Роберт Хантер
Лични податоци
Цело имеРоберт Хантер
ПрекарРоби[1]
Роден22 април 1977(1977-04-22)(47 г.)
Јоханесбург, Јужна Африка
Висина1,78 м
Маса72 кг
Податоци за клубот
Мом. клубЕФ Едукејшн-ИзиПост
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач (повлечен)
Спортски директор
Вид на возачспринтер
Професионални клубови
1999–2001
2002
2003–2004
2005–2006
2007–2009
2010
2011
2012–2013
Лампре-Даикин
Мапеи-Квик Степ
Рабобанк
Фонак
Барловорлд
Гармин-Транзишанс
Тим РадиоШек
Гармин-Баракуда
Менаџер на клубови
2014–Гармин-Шарп
Значајни победи
Гранд Тур
Тур де Франс
1 поединечна етапа (2007)
Џиро д’Италија
1 ТТТ (2012)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2012)
Последна промена
4 јануари 2013

Кариера

уреди

Во 2001 станал првиот Јужноафриканец, кој учествувал на Тур де Франс.[3] Во 2006 возел за екипата Фонак на UCI ProTour, но по нивното распуштање, тој потпишал за континенталната екипа Барловорлд за 2007. Неговите достигнувања вклучуваат етапи на Вуелта а Еспања во 1999 и 2001 и Тур де Франс 2007, генералниот пласман на Трката околу Катар 2004 и спринтерскиот пласман на Тур де Свис 2004.

Петпати му била доделувана наградата „Велосипедист на годината“ во Јужна Африка во периодот 2001 и 2007.

Во 2007 се вратил на Тур де Франс како водач на екипата Барловорлд (кој добил посебна покана за трката). Хантер победил на етапата 11 на Тур де Франс 2007, прва етапна победа за возач од Јужна Африка.

Во 2008, на Хантер му било дозволено од организаторите на Тур де Франс да лета за Швајцарија на 4 јули, ден пред почетокот, за да биде со неговата жена Клаудија на раѓањето на неговата ќерка, Менди Инга Хантер.[4]

По сезоната 2013, Хантер го објавил неговото повлекување од професионалниот велосипедизам.[5][6] Хантер е моментално спортски директор на екипата Гармин-Шарп.

Достигнувања

уреди
1999
1. Етапа 1 Вуелта а Еспања
2000
2. Краен пласман Трка околу Холандија
2001
1. Етапа 17 Вуелта а Еспања
2002
1.   Спринтерски пласман Тур де Лангкави
1. Етапа 1
1. Етапа 4
2004
1.   Спринтерски пласман Тур де Свис
1. Етапа 3
1. Етапа 5
1.   Краен пласман Трка околу Катар
1. Етапа 3
1. Етапа 5
1. Етапа 1 Класик Уника
1. Етапа 3 Класик Уника
1. Етапа 4 Трка околу Саксонија
2005
1. ГП Доха
1. Етапа 5 Средоземна трка
1. Етапа 4 Сетмана Каталана
1. Етапа 1 Трка околу Џорџија
1. (ТТТ) Волта а Каталуња
2006
1. Африканско континентално хронометарско првенство
2007
1. Етапа 11 Тур де Франс
1.   Краен пласман Волта ао Дистрито де Сантарем
1. Етапа 2
1.   Краен пласман Тур де Пикард
1. Етапа 1
1. Етапа 2 Класика Алкобендас
1. Етапа 5 Џиро дел Капо
2008
1. Серија Супер Челинџ
1. Велосипедска трка Кејп Аргус
2009
1. Етапа 4 Средоземна етапа
2010
1. Етапа 1 Трка околу Мурсија
1. Етапа 2 Трка околу Мурсија
2011
1. Трка околу Мумбај
1. Етапа 1 Трка околу Австрија
2012
1.   Национално друмско првенство
1. Етапа 2 (ТТТ) Трка околу Катар
1. Етапа 4 (ТТТ) Џиро д’Италија
4. Национално хронометарско првенство
2013
8. Трофео Платха де Муро

Распоред на резултатите на Гранд Тур

уреди
Гранд Тур 1999 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013
  Џиро 154 СО СО 141
  Тур СО 97 СО СО СО 118 106 СО СО
  Вуелта 72 118 СО

СО = се откажал

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Роберт Хантер во Гармин-Шарп“. Гармин-Шарп. Колорадо: Slipstream Sports LLC. 28 декември 2012. Архивирано од изворникот на 2012-09-20. Посетено на 6 јануари 2013.
  2. „Екипата Гармин-Шарп-Баракуда го објави составот за 2013“. Гармин-Шарп. Колорадо: Slipstream Sports LLC. 28 декември 2012. Архивирано од изворникот на 2013-01-02. Посетено на 6 јануари 2013.
  3. Жан-Франсоа Кене (28 ноември 2003). „Интервју со Роберт Хантер: Дефокусиран по лошата сезона“. Cycling News.
  4. Kevin McCallum (4 јули 2008). „Hunter's baby wins the sprint“. Independent Online.
  5. „Хантер ќе се повлече по 16-годишна кариера“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 16 септември 2013. Посетено на 24 октомври 2013.
  6. Ендру Худ (7 октомври 2013). „Retirements sweeping cycling world“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 24 октомври 2013.

Надворешни врски

уреди