Перу
Перу (шпански: Perú, кечуански: Piruw, ајмарски: Piruw), официјално Република Перу ( República del Perú, Piruw Suyu, Piruw Republika) е независна држава која се наоѓа во западниот дел на Јужна Америка. Перу се граничи со Еквадор и Колумбија на север, со Бразил на исток, со Боливија на југоисток, со Чиле на југ и на запад излегува на Тихи Океан.
Република Перу República del Perú (шпански) Piruw Republika (кечуански) Piruw Suyu (ајмарски) |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: "Himno Nacional del Perú" |
||||||
Печат: „Голем печат на државата“ (Gran Sello del Estado) |
||||||
Главен град | Лима 12°2.6′S 77°1.7′W / 12.0433° ЈГШ; 77.0283° ЗГД | |||||
Најголем град | главниот град | |||||
Службен јазик | шпански1 | |||||
Народности | 45% староседелци, 37% мешани, 15% белци, 3% црнци, Азијци | |||||
Демоним | Перуанци
(Перуанец/Перуанка) |
|||||
Уредување | претседателска република | |||||
• | Претседател | Дина Болуарте | ||||
• | Заменик претседател | — | ||||
• | Премиер | непополнето | ||||
Независност | од Шпанија | |||||
• | Објавена | 28 јули 1821 | ||||
• | Консолидирана | 9 декември 1824 | ||||
• | Призната | 14 август 1879 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 1,285,216 км2 (20-та) | ||||
• | Вода (%) | 8.8 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 30 јуни 2009 г. | 29.132.013[1] | ||||
• | Попис 2007 | 28.220.764 | ||||
• | Густина | 22 жит/км2 (193-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2010 г. | |||||
• | Вкупен | $272.560 милијарди[2] | ||||
• | По жител | $9.223[2] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2010 г. | |||||
• | Вкупно | $139.502 милијарди[2] | ||||
• | По жител | $4.720[2] | ||||
Џиниев коеф. (2012) | 45.3[3] среден · 35та |
|||||
ИЧР (2013) | ▬ 0.737[4] висок · 82ра |
|||||
Валута | Нов сол (PEN ) |
|||||
Часовен појас | ПВ (UTC-5) | |||||
• | (ЛСВ) | н/п (UTC) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .pe | |||||
Повик. бр. | +51 | |||||
1. | во пределите каде се доминантни староседелски јазици и тие се официјални, како на пример кечуански, ајмарски и други. |
Територијата на Перу била татковина на цивилизацијата Норте Чико, една од најстарите во светот и на Имепријата на Инките, најголемата држава на територијата на Јужна Америка пред колонизацијата. Шпанското царство ја освоила територијата во 16 век и го основале Вицекралството Перу во чиј склоп влегле поголемиот број земји колонизирани од Шпанија во тој дел од Јужна Америка. По независноста на Перу, државата подлегнала на поголем број нестабилности и економски кризи, но исто така имала и стабилни и просперитетни периоди.
Перу е демократска република поделена на 25 региони. Географијата на Перу варира од рамнини во близина на крајбрежјето до високи планини и врвови на исток и тропски шуми во Амазонскиот басен. Државата е во развој со среден индекс на развој и ниво на циромаштија од 40%. Главните економски ресурси се земјоделството, рибарството, рударството и производството на текстил и други суровини.
Населението на Перу брои 28 милиони луѓе и е мултиетничко општество, со значаен број на староседелско население, европски доселеници, африканско население и Азијци. Доминантниот јазик во државата е шпанскиот јазик, иако има голема застапеност на кечуански, ајмарски и останати староседелски јазици.
Потекло на поимот
уредиИмето „Перу“ (Peru) потекнува од зборот „Биру“ (Birú), име на локален владетел кој живеел во близина на Заливот Сан Мигел во Панама во раниот 16 век[5]. Кога тој бил посетен од шпанските истражувачи во 1552, тие биле на најјужниот дел познат за Европејците[6]. Кога Франсиско Писаро започнал да ги истражува регионите уште појужно, тие го создале регионот Биру или Перу. Шпанија му дала на регионот и името Правен статус во 1529 и со тоа Империјата на Инките потпаднала под власта на покраината[7]. По независноста, Биру или Перу го задржал своето име.
Историја
уредиНајраните докази за човековото постење на територијата на Перу датираат од пред 11.000 година п.н.е. Најстариот комплексен систем на живеење во Перу е цивилизацијата Норте Чико, која се протегала покрај Тихиот Океан и опстојувала помеѓу 3000 и 1800 година п.н.е. Овие докази се пронајдени во археолошките наоѓалишта Чавин, Паракас, Мочика, Наска, Вари и Чиму. Во 15 век, Инките се воздигнале и станале најсилна империја во регионот и најголемата империја на Јужна Америка пред доаѓањето на Европејците. Андските општества биле засновани врз земјоделието, користејќи системи на наоводнување современи за тој период.
Во 1532, група конкистадори предводени од Франсиско Писаро ги поразил Инките и воспоставил шпанска контрола. Десет години подоцна, шпанската круна ја основала „Вицекралството Перу“ во чии рамки влегле поголем дел јужноамерикански територии. Перу бил значајна територија на Шпанија поради производството и трговијата со сребро и поради добрата трговска мрежа.
Во раниот 19 век, додека останатите јужноамерикански држави се бореле за независност, Перу останал лојален кон кралот. Независноста на Перу била стекната со воените походи предводени од Симон Боливар и Хосе де Сан Мартин. За време на раните години на републиката, воени водачи создале политичка нестабилност во Перу. Подоцна се формирала Конфедерацијата на Перу и Боливија. За време на Конфедерацијата, учествувал во повеќе битки и воени походи со околните јужноамерикански држави. По распадот на конфедрацијата, Перу објавил војна на Боливија во која и загубил.
Географија и клима
уредиПеру има површина од околу 1.285.220 км2. На север од Перу се Еквадор и Колумбија, Бразил е на исток, Боливија на југоисток, Чиле на југ и Тихи Океан на запад.
Андите се протегаат паралелно со Тихиот Океан, поделувајќи ја државата на три географски региони. Брегот е на запад и е тесна долинска површина. Планините се регионот на Андите, во него се наоѓаат висорамнини и високи врвови како на пример највисокиот врв во Перу Уаскаран со 6.768 метри. Третиот географски регион на Перу е џунглата, рамница покриена со амазонските прашуми. Околу 60% од територијата на Перу се наоѓа во овој регион.
За разлика од околните тропски држави, Перу нема исклучиво тропска клима, присуството на Андите даваат различни климатски типови. Брегот има топла клима, пониска влажност и топли денови. Планините имаат повлажна клима, почести се дождови за време на летниот период и има ладна клима на високите врвови на Андите. Џунглата е карактеризирана со својата голема влажност и високи температури, освен во јужниот дел каде температурата е пониска.
Административна поделба
уредиПеру е поделен на 25 региони и провинцијата Лима. Секој регион има избрана влада составена од претседател и совет, кои имаат мандат од четири години.[8] Овие влади планираат регионален развој и економски напредок.[9] Покраината Лима е раководена од градскиот совет.[10]
Региони:
Покраина:
Политички систем
уредиПеру е претседателска република со повеќепартиски систем. Според моменталниот устав, претседателот е на чело на државата и владата, тој или таа е избран за мандат од пет години и не може веднаш да бара реизбор. Пред да се кандидира за реизбор мора да чека најмалку еден претседателски мандат. Тој/ таа го одбира премиерот и владата, заедно со совети од премиерот. Во Перу има Конгрес со околу 120 членови избрани за мандат од околу пет години. Законите важат откако ќе поминат низ Конгресот и потпишани од претседателот. Судската власт е законски независна, иако политичките партии имаат влијание врз работењето на судот и неговата независност.
Стопанство
уредиПеру е земја во развој со индекс од 0.773 во 2005. Во 2006 година, приходот по глава на жител бил 3.374 и околу 39.3% од населението се сиромашни вклучувајќи ги и 13.7 % екстремно сиромашни. Историски, економскиот перформанс на земјата бил врзан со извозот.
Услугите во Перу сочинуваат 53% од вкупниот приход, слудува производството, индистријата и даноците. Во скорешно време има странски инвестиции во земјата, макроекономска стабилност и подобрени услови за трговија. Главните суровини на Перу се бакар, злато, цинк, текстил и риба, а додека главни трговски партнери се САД, Кина, Бразил и Чиле.
Население, јазик и религија
уредиНаселение
уредиСо своите 28 милиони жители, Перу е четвртата најнаселена држава во Јужна Америка според податоците од 2007 година. Демографскиот развој се намалил од 2.6% на 1.6% помеѓу 1950 и 2000 година. Според истите податоци од 2007 година, 75% од населението живее во урбаните области, а само 25% живее во руралните области.
Перу е милтиетничка држава. Староседелците го населувале Перу низ неколку милениуми. Со доаѓањето на шпанците на тлото на Перу, староседелкото население броело 9 милиони жители и се намалило до 600.000 жители во 1950-те, воглавно поради болести. Шпанците и Африканците дошле во Перу во поголем број за време на колонизаторскиот период. По незавосноста имало слаба миграција од Англија, Франција, Германија и Италија. Во 1850-те значителен број на кинези се населиле во Перу. Покрај овие, во Перу живеат јапонци, арапи и други.
Јазици
уредиШпанскиот јазик е прв јазик на околу 83.9% од населението во Перу и прв јазик во земјата. Покрај него има и неколку староседелски јазици, од кои најпознат е кечуанскиот, зборуван од околу 13.2% од населението. Останатиот процент припаѓа на други помали староседелски јазици и други странски јазици.
Религија
уредиСпоред податоците од 2007, 81.3% од населението во Перу се изјаснило како католици, 12.5% се изјасниле како евангелисти, 3.3% со други религии и 2.9% како атеисти. Писменоста во Перу е околу 92.9% но оваа бројка е помала во руралните предели. Основното образование е задолжително и бесплатно.
- Христијани - 26,753,600
- Без Релегија - 1,890,200
- Будисти - 58,160
- Народна Релегија - 290,800
- Други - 87,240
Култура
уредиКултурата на Перу е воглавно под влијание на староседелската и европската култура. Традицијата и културата на Перу, како на пример литература и археолошки пронајдоци датираат уште од пред колонизаторската ера и пред периодот на Инките. Инките ја збогатиле културата на Перу преку архитектонските подвизи како на пример Мачу Пикчу. Колонијалната барок архитектура е доста застапена во Перу но со примеси на локланата традиција и култура. Повеќето уметнички дела се со религиозна тематика, како на пример големиот број цркви и ликовни дела. Уметноста стагнирала од независноста на Перу да сè до XX век.
Поврзано
уредиНаводи
уреди{{|2}}
Додатни информации
уреди- Етимологија
- (шпански) Porras Barrenechea, Raúl. El nombre del Perú. Lima: Talleres Gráficos P.L. Villanueva, 1968.
- Историја
- Andrien, Kenneth. Crisis and decline: the Viceroyalty of Peru in the seventeenth century. Albuquerque: University of New Mexico Press, 1985.
- Anna, Timothy. The fall of the royal government in Peru. Lincoln: University of Nebraska Press, 1979.
- Bakewell, Peter. Miners of the Red Mountain: Indian labor in Potosi 1545–1650. Albuquerque: University of New Mexico, 1984.
- BBC News. Fujimori: Decline and fall. 20 ноември 2000.
- Burkholder, Mark. From impotence to authority: the Spanish Crown and the American audiencias, 1687–1808. Columbia: University of Missouri Press, 1977.
- D'Altroy, Terence. The Incas. Malden: Blackwell, 2002.
- Dillehay, Tom, Duccio Bonavia and Peter Kaulicke. "The first settlers". In Helaine Silverman (ed.), Andean archaeology. Malden: Blackwell, 2004, pp. 16–34.
- Gootenberg, Paul. Between silver and guano: commercial policy and the state in postindependence Peru. Princeton: Princeton University Press, 1991.
- Gootenberg, Paul. Imagining development: economic ideas in Peru's "fictitious prosperity" of Guano, 1840–1880. Berkeley: University of California Press, 1993.
- Haas, Jonathan, Winifred Creamer and Alvaro Ruiz. "Dating the Late Archaic occupation of the Norte Chico region in Peru". Nature 432: 1020–1023 (23 декември 2004).
- Klarén, Peter. Peru: society and nationhood in the Andes. New York: Oxford University Press, 2000.
- Mayer, Enrique. The articulated peasant: household economies in the Andes. Boulder: Westview, 2002
- Mücke, Ulrich. Political culture in nineteenth-century Peru. Pittsburgh: University of Pittsburgh Press, 2004.
- O'Phelan, Scarlett. Rebellions and revolts in eighteenth century Peru and Upper Peru. Cologne: Böhlau, 1985.
- Palmer, David. Peru: the authoritarian tradition. New York: Praeger, 1980.
- Philip, George. The rise and fall of the Peruvian military radicals. London: University of London, 1978.
- (шпански) Recopilación de leyes de los Reynos de las Indias. Madrid: Cultura Hispánica, 1973
- Schydlowsky, Daniel and Juan Julio Wicht. "Anatomy of an economic failure". In Cynthia McClintock and Abraham Lowenthal (ed.), The Peruvian experiment reconsidered. Princeton: Princeton University Press, 1983, pp. 94–143.
- (шпански) Suárez, Margarita. Desafíos transatlánticos. Lima: FCE/IFEA/PUCP, 2001.
- The Economist. Peru. 12 јуни 2007.
- Walker, Charles. Smoldering ashes: Cuzco and the creation of Republican Peru, 1780–1840. Durham: Duke University Press, 1999.
- Влада
- BBC News. Peru–Chile border row escalates. 4 ноември 2005.
- Clark, Jeffrey. Building on quicksand: the collapse of the World Bank's judicial reform project in Peru. New York: Lawyers Committee for Human Rights, 2000.
- (шпански) Congreso de la República del Perú. Grupos Parlamentarios Архивирано на 4 октомври 2019 г..
- (шпански) Constitución Política del Perú Архивирано на 24 март 2007 г.. 29 декември 1993.
- (шпански) Ley N° 27178, Ley del Servicio Militar DOC. 28 септември 1999.
- (шпански) Ministerio de Defensa. Libro Blanco de la Defensa Nacional. Lima: Ministerio de Defensa, 2005
- (шпански) Oficina Nacional de Procesos Electorales. Elecciones 2006.
- St John, Ronald Bruce. The foreign policy of Peru. Boulder: Lynne Rienner, 1992.
- Региони
- (шпански) Ley N° 27867, Ley Orgánica de Gobiernos Regionales PDF (305 KB). 16 ноември 2002.
- Географија
- AndesHandbook. Huascarán Архивирано на 8 октомври 2016 г.. 2 јуни 2002.
- (шпански) Instituto de Estudios Histórico–Marítimos del Perú. El Perú y sus recursos: Atlas geográfico y económico. Lima: Auge, 1996.
- (шпански) Instituto Nacional de Estadística e Informática. Perú: Compendio Estadístico 2005 PDF (8.31 MB). Lima: INEI, 2005.
- Економија
- (шпански) Banco Central de Reserva. Cuadros Anuales Históricos.
- (шпански) Banco Central de Reserva. Memoria 2006. Lima: BCR, 2007.
- (шпански) Instituto Nacional de Estadística e Informática. La pobreza en el Perú en el año 2007 PDF (424 KB). Lima: INEI, 2007.
- International Monetary Fund. Countries. April 2007.
- Office of the U.S. Trade Representative. United States and Peru Sign Trade Promotion Agreement Архивирано на 6 мај 2009 г.. 4 април 2006.
- Sheahan, John. Searching for a better society: the Peruvian economy from 1950. University Park, Pennsylvania: The Pennsylvania State University Press, 1999.
- Thorp, Rosemary and Geoffrey Bertram. Peru 1890–1977: growth and policy in an open economy. New York: Columbia University Press, 1978.
- United Nations Development Programme, Human Development Report 2007/2008. New York: Palgrave Macmillan, 2007.
- Демографија
- Cook, Noble David. Demographic collapse: Indian Peru, 1520–1620. Cambridge: Cambridge University Press, 1981.
- (шпански) Instituto Nacional de Estadística e Informática. Perú: Estimaciones y Proyecciones de Población, 1950–2050. Lima: INEI, 2001.
- (шпански) Instituto Nacional de Estadística e Informática. Perfil sociodemográfico del Perú. Lima: INEI, 2008.
- Mörner, Magnus. Race mixture in the history of Latin America. Boston: Little, Brown and Co., 1967.
- United Nations. World Population Prospects: The 2006 Revision. Highlights PDF (2.74 MB). New York: United Nations, 2007.
- Vázquez, Mario. "Immigration and mestizaje in nineteenth-century Peru". In: Magnus Mörner, Race and class in Latin America. New York: Columbia University Press, 1970, pp. 73–95.
- Култура
- Bailey, Gauvin Alexander. Art of colonial Latin America. London: Phaidon, 2005.
- Bayón, Damián. "Art, c. 1920–c. 1980". In: Leslie Bethell (ed.), A cultural history of Latin America. Cambridge: University of Cambridge, 1998, pp. 393–454.
- (шпански) Belaunde, Víctor Andrés. Peruanidad. Lima: BCR, 1983.
- Concha, Jaime. "Poetry, c. 1920–1950". In: Leslie Bethell (ed.), A cultural history of Latin America. Cambridge: University of Cambridge, 1998, pp. 227–260.
- Custer, Tony. The Art of Peruvian Cuisine. Lima: Ediciones Ganesha, 2003.
- Embassy of Peru in the United States. The Peruvian Gastronomy.
- Lucie-Smith, Edward. Latin American art of the 20th century. London: Thames and Hudson, 1993.
- Martin, Gerald. "Literature, music and the visual arts, c. 1820–1870". In: Leslie Bethell (ed.), A cultural history of Latin America. Cambridge: University of Cambridge, 1998, pp. 3–45.
- Martin, Gerald. "Narrative since c. 1920". In: Leslie Bethell (ed.), A cultural history of Latin America. Cambridge: University of Cambridge, 1998, pp. 133–225.
- Olsen, Dale. Music of El Dorado: the ethnomusicology of ancient South American cultures. Gainesville: University Press of Florida, 2002.
- (шпански) Romero, Raúl. "La música tradicional y popular". In: Patronato Popular y Porvenir, La música en el Perú. Lima: Industrial Gráfica, 1985, pp. 215–283.
- Romero, Raúl. "Andean Peru". In: John Schechter (ed.), Music in Latin American culture: regional tradition. New York: Schirmer Books, 1999, pp. 383–423.
- Turino, Thomas. "Charango". In: Stanley Sadie (ed.), The New Grove Dictionary of Musical Instruments. New York: MacMillan Press Limited, 1993, vol. I, p. 340.
Надворешни врски
уредиПовеќе за Peru на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
- Влада
- (шпански) Интернет портална Владата на Перу
- (шпански) База на страници за Владата
- Општо
- Профил на Перу од BBC
- Перу на Енциклопедија Британика
- „Светска книга на факти“ на ЦИА — запис за „Peru“ (англиски)
- Перу Архивирано на 7 јуни 2008 г. на UCB Libraries GovPubs
- Перу на Curlie (англиски)
- Врски за Перу Архивирано на 15 октомври 2008 г.
Википатување има туристички водич за Перу. - ↑ "Instituto Nacional de Estadística e Informática (INEI) del Perú Архивирано на 30 декември 2009 г.". INEI. Посетено на 20 јули 2009.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Peru“. International Monetary Fund. Посетено на 2009-10-01.
- ↑ „Gini Index“. World Bank. Посетено на 2 март 2011.
- ↑ „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 July 2014.
- ↑ Raúl Porras Barrenechea, El nombre del Perú, p. 83.
- ↑ Raúl Porras Barrenechea, El nombre del Perú, p. 84.
- ↑ Raúl Porras Barrenechea, El nombre del Perú, p. 87.
- ↑ Ley N° 27867, Ley Orgánica de Gobiernos Regionales, Article N° 11.
- ↑ Ley N° 27867, Ley Orgánica de Gobiernos Regionales, Article N° 10.
- ↑ Ley N° 27867, Ley Orgánica de Gobiernos Regionales, Article N° 66.