Портал:Перу
Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија
Перу
Perú • Piruw
Перу (шпански: Perú, кечуански: Piruw, ајмарски: Piruw), официјално Република Перу ( República del Perú, Piruw Suyu, Piruw Republika) е независна држава која се наоѓа во во западниот дел на Јужна Америка. Перу се граничи со Еквадор и Колумбија на север, со Бразил на исток, со Боливија на југоисток, со Чиле на југ и на запад излегува на Тихи Океан.
Територијата на Перу била татковина на цивилизацијата Норте Чико, една од најстарите во светот и на Имепријата на Инките, најголемата држава на територијата на Јужна Америка пред колонизацијата. Шпанското царство ја освоила територијата во 16 век и го основале Вицекралството Перу во кое влегле поголемиот број земји колонизирани од Шпанија во тој дел од Јужна Америка. По независноста на Перу, државата подлегнала на поголем број нестабилности и економски кризи, но исто така имала и стабилни и просперитетни периоди.
Перу е демократска република поделена на 25 региони. Географијата на Перу варира од рамнини во близина на крајбрежјето до високи планини и врвови на исток и тропски шуми во Амазонскиот басен. Државата е во развој со среден индекс на развој и ниво на циромаштија од 40%. Главните економски ресурси се земјоделството, рибарството, рударството и производството на текстил и други суровини.
Избрана статија: Насканска култура
Насканаската култура била развиена култура на тлото на Јужна Америка, поточно на територијата на денешно Перу. Таа напредувала од 1 век до 8 век покрај сушниот јужен брег на Перу во речната долина од пресушената Рио Гранде де Наска и во долината Ика. Поради влијанието од претходната Паракаска култура која била позната по сложените ткаенини, во Насканската култура била создадена палета прекрасни уметнички дела и техники како керамика, текстил и геоглифи (најчесто познати како Наскански линии). Тие исто така изградиле и величествен систем на подводни аквадукти, познати како пукиоси, кои и денес се функционални.
Општеството на раната Насканска култура била составена од локални поглаварства и регионални центри на моќ кои биле центрирани околу Кахуачи, што претставувало неурбано церемонијално место на ридчиња и брегови. Теориите кои потекнуваат од различни ископувања на Кахуачи се претпоставува дека местото било дом на ритуали и гозби кои биле поврзани со земјоделството, водата и плодноста. (Повеќе...)
Избрана слика: Мачу Пикчу
Избрана биографија: Пачакути
Пачакути Инка Јупанки, Куси Јупанки, Пачакути или Пачакутек (кечуански: Pachakutiq, 1438-1471/1472) бил деветтиот Сапа Инка на Кралството Куско, кое го трансформирал во Тавантинсују или Империја на Инките. Голем дел од археолозите веруваат дека најпознатиот симбол на Инките, Мачу Пикчу, кој бил изграден како негова резиденција.
На кечуански јазик името му значи „оној кој тресе земјата“. За време на неговот владеење, Куско прераснало во Империја, така од мало кралство се преобразило во Империја која се протегала низ скоро цела должина на Јужна Америка. Пачакути е син на Виракоча и четврт владетел од династијата Ханан. Името на неговата жена било Мама Анаварки или Која Анахурке. Тој имал два сина: Амару Јупанки и Тупак Инка Јупанки. Амару, постариот син, требало да биде наследник на Пачакути, но тој го избрал Тупак бидејќи Амару не бил војник. (Повеќе...)
Дали сте знаеле дека...
Категории
Поврзани портали
ВикиПроекти
Работи кои можеш да ги направиш
- Проширување на постоечките статии поврзани со Перу.
- Одржување на постоечките статии
- Создавање на нови статии поврзани со Перу
- за повеќе информации обратете се кај заинтересираните администратори, уредници или ВикиПроект Перу.
Теми за Перу
Историја | Хронологија | Војна за независност | Симон Боливар | Војни | Тавантинсују | Инки |
---|---|
Географија | Градови | Планини | Езера | Национални паркови | Реки |
Влада | Устав | Административна поделба | Региони | Покраини | Окрузи | Војска | Претседател |
Политики | Политички партии | Избори |
Економија | Земјоделство | Комуникации | Транспорт | Перуно |
Култура | Уметност | Кино | Кујна | Образование | Литература | Музика | Државни празници | Медиуми | Спорт |
Друго | Список на Перуанци |