Административна поделба на Перу

Административната поделба на Перу била менувана во различни облици низ историјата, уште од моментот на независноста па сè до 2002. Административните единици се менувале во замиснист од политичките околности, децентрализацијата и зголемувањето на населението. Така, денес Перу е поделен на 25 региони кои се составени од покраини, а покраините се составени од окрузи.

Денес

уреди

Територијата на Перу, според законот за регионализација на државата од 18 ноември 2002, е поделена на 25 региони. Овие региони се поделени на покраини, кои пак се составени од окрузи. Денес во Перу има 25 региони, 195 покраини и 1833 окрузи[1]. Покраината Лима, која се наоѓа во централниот крајбрежен регионм е уникатна и не припаѓа на ниту една од дваесет и петте региони.

Наводи

уреди
  1. (шпански) Sistema Nacional de Estadística Архивирано на 21 март 2007 г.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди