Знаме на Перу
Знамето на Перу (шпански: Bandera del Perú) е националното знаме на Перу. Знамето е усвоено во 1824 година од страна на владата на Перу. Перуанското знаме е составено од три вертикални ленти во црвена, бела и црвена боја. Во зависност од употребата знамето може да има приказ и на националниот грб на Перу. Денот на знамето на Перу е 7 јуни, во чест на Битката на Арика.
Називи | El Pendón Bicolor (Двобоен банер), La Enseña Nacional (Национално обележје) |
---|---|
Употреба | државно, управно пловно и морнаричко знаме |
Сразмер | 2:3 |
Усвоено | 1950 |
Опис | Вертикално знаме составено од три ленти, во црвена, бела и црвена боја со националниот грб во средина |
Варијанта на знамето на Перу | |
Назив | Национално обележје на Перу |
Употреба | граѓанско и пловно знаме |
Сразмер | 2:3 |
Усвоено | 25 февруари 1825 (сегашната верзија). |
Опис | Вертикално знаме составено од три ленти, во црвена, бела и црвена боја |
Варијанта на знамето на Перу | |
Назив | Воено знаме на Перу |
Употреба | воено знаме |
Сразмер | 2:3 |
Опис | Вертикално знаме составено од три ленти, во црвена, бела и црвена боја |
Варијанта на знамето на Перу | |
Назив | Знаме на перуанската морнарица. |
Сразмер | 1:1 |
Опис | Цело знаме со црвени рабови со националниот грб во средина. |
Симболика
уреди- Дизајн
Знамето на Перу е составено од три еднакви вертикални ленти. Бојата на лентите се во црвена, бела и црвена боја. Во зависност од тоа дали верзијата е граѓанска или владина, во средината на белата лента се поставува државниот грб на Перу.
- Значење
Црвената боја на знамето на Перу ја симболизира крвта која била пролеана за време на војната за независност. Белата боја на знамето симболизира мир и чистота. За значењето на грбот, видете ја соодветната статија.
- Шема на бои
црвена | бела | |
---|---|---|
RGB | 217-16-35 | 255-255-255 |
хексидецимално | #D91023 | #FFFFFF |
CMYK | 0, 93, 84, 15 | 0, 0, 1, 0 |
Pantone | 485 C | бела |
Верзии
уреди- Национално знаме
Националното знаме на Перу се користи од државните институции. Тоа е составено од три вертикални ленти во црвена, бела и црвена боја, но во средината на белата лента се наоѓа државниот грб. Ова знаме се користи за време на церемонии и владини настани.
- Граѓанско знаме
Граѓанското знаме на Перу се користи од граѓаните на државата. Денес ова граѓанско знаме, за разлика од националното, нема грб. Оваа промена била направена од генерал Мануел А. Одрија кога ги создал граѓанското и военото знаме. Пред да се направат тие измени, граѓанското и државното знаме биле исти.
- Воено знаме
Военото знаме на Перу е слично со националното, само недостасуваат некои елементи од државниот грб. Најчесто на знамето се испишани имињата на државните служби кои го веат, како и бројот.[1]
- Знаме на морнарицата
Знамето на морнарицата не е исто по дизајн со останатите. Тоа е состабено од бел квадрат со црвени работи. Во средината се наоѓа државниот грб.
-
Државното знаме на Перу.
-
Граѓанското знаме на Перу
-
Воено знаме на Перу
-
Знаме на морнарицата.
Историја
уредиЗа време на Вицекралството Перу, знамето на Шпанската Империја се веело низ територијата на Перу. Во 1820 година, за време на војната за независност британскиот генерал Вилијам Милер подигнал знаме во Такна што би требало да го означува независно Перу. Знамето било сино, а во средината имало сонце Инти. Оригиналното знаме денес е изгубено.
Првото знаме на независно Перу било направено од Хосе де Сан Мартин и официјално било усвоено на 21 октомври 1820 година. Знамето било составено од четири триаголници, по еден горе и долу во бела боја и по еден од лево и десно во црвена боја. Триаголниците се спојувале во средината и врз нив се наоѓал тогашниот грб на Перу. Симболиката на боите денес не е јасна, но според перуанскиот автор Абрахам Валделомар, Сан Мартин бил инспириран од боите на црвено-белото фламенго, кое живеело во регинот каде се воделе битките за независнот. Другите раноперуански историчари[2] објасниле дека црвената боја Сан Мартин ја зел од знамето на Чиле, а белата од знамето на Перу (бидејќи армијата која се борела во Перу била составена од Чилеанци и Аргентинци). Според историчарот Хорхе Фернандес Стол Сан Мартин ги избрал овие бои поради тоа што бил настроен кон монархијата, и овие бои се наоѓале низ кралската хералдика на Шпанија..[3] За ова знаме во тоа време се сметало дека било тешко за цртање и создавање.
Во март 1822 година Хосе Бернардно де Тагле наредил да се редизајнира знамето. Тој сметал дека претходното знаме било тешко за правење. Така, новото знаме било составено од три хоризонтални ленти во црвена бела и црвена боја. Во средината на белата боја имало златно сонце Инти. Сепак и за ова знаме се правело проблеми бидејќи наликувало на шпанското, особоено од далеку Повторно се барало промена на знамето.
На 31 мај 1822 година Тагле повторно го сменил знамето. Новото знаме било составено од три вертикални ленти во црвена, бела и црвена боја со златно сонце Инти во средината.
Во 1825 година за време на администрацијата на Симон Боливар, сонцето Инти било сменето со националниот грб. Ова знаме се користело до 1950 година.
Последната измена на знамето била направена од Мануел А. Одрија кога направил државно, граѓанско и воено знаме. Промената била во тоа што граѓанското знаме немало веќе грб во средината.[4]
-
Знамето истакнато од генерал Милер во 1820.
-
Првото знаме на независно Перу од 1820 создадено од Сан Мартин.
-
Второт знаме на Перу пд 1822 година создадено од Тагле.
-
Третото знаме на Перу создадено од Тагле.
-
Четврто знаме на Перу од 1825 до 1950 година.
Во 1836 Перу се поделило на Северно Перу и Јужно Перу. Северно Перу го задржало старото знаме, а Јужно Перу усвоило ново знаме. Двете држави набрзо се споиле со Боливија и ја направиле Перуанско-боливиската Конфедерација. Државата опстоила од 1836 до 1839. По распадот на конфедерацијата, Јужно Перу и Северно Перу се обединиле и повторно се веело старото знаме. Знамето на конфедерацјијата било црвено со државниот грб во средина.
-
Знаме на Перуанско-боливиската конфедерација, 1836-1839.
-
Знаме на Република Јужно Перу 1836-1839.
Наводи
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-09-12. Посетено на 2018-11-30.
- ↑ Mariano Felipe Paz Soldán (1868). Historia del Perú independiente. стр. 75–. Посетено на 19 March 2013.
- ↑ Jorge Fernández Stoll. "Los orígenes de la bandera", Lima, Sociedad Bolivariana de Lima, 1953
- ↑ „Decreto Ley Nº 11323“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-08-04.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Знаме на Перу“ на Ризницата ? |
- Перу — „Знамиња на светот“
- Историја на знамето на Перу
- Знамето на Перу Архивирано на 30 ноември 2018 г.